Арапски свет: Оставете ги Иранците да прават што сакаат

Иранските претседателски избори и нивните последици, оваа недела имаа влијание врз блоговите насекаде во арапскиот свет, бидејќи блогерите реагираат на најновите случувања.

Јорданскиот блогер Харега го замолува остатокот од светот да остане на страна, додека Иранците сами ги решат нивните внатрешни прашања.

„Тие имаа избори. Дали изборите се одвиваа фер или не, ние тоа не можеме да го знаеме и не верувам дека некој некогаш ќе може да го каже тоа. Го мразам Ахмадинаџат, но ја сакам демократијата и кога луѓето избираат, треба да се почитува нивното мислење. Го мразам американскиот став кон другите земји каде доколку „нашето момче“ ги добие изборите тогаш тие се фер и луѓето одлучиле, но кога „лошото момче“ ќе победи тогаш изборите не се праведни.

Оставете ги Иранците да гласаат за кого сакаат, и доколку излезат на улиците и сакаат да го симнат од власт Ахмадинаџат, оставете ги тоа да го направат сами. Последниот пат, кога лошото момче беше симнато од власт со криминално воена инвазија, работите не завршија баш најдобро, и тоа беше земја која е прилично блиску до Иран и географски и алфабетски.“

На арапско-американскиот блог КАБОБфест, Калаш ја дискутира улогата која ја игра САД, за време на иранските избори како и ситуацијата на улиците.

Дали на Мосави му беа украдени изборите или не, јасно е дека владеачката класа направи добро осмислен потег. Анти-американското мислење е едно од најсилните карти кои ги држат тие жални свештеници. Едноставно со смирување на тонот кој Техеран го слуша од Вашингтон, Обама значително го намали нивното влијание. Но, повторниот избор на Ахмадинеџат, значи дека арапско-американската размена ќе се одвива по тежок пат. Она што ќе се случи следно е клучно. Доколку Обама заземе непроменлива позиција како резултат на она што се случува, тоа може да значи дека мулите надвладеале.

Тоа би било вистински срам. Владеачкиот систем во Иран е ужасен. Не постои демократија. Народот е управуван од деспотски мажи на „верата” кои не прават ништо за интересот на нивната земја. Освен тоа што направи Иран да се задржи во меѓународните наслови, Ахмадинеџад не направи ништо за да се подобри статусот на неговата земја во рамките на меѓународната заедница. Не е ни чудо, што многу луѓе се против него. Може да се каже дека Америка научила од своите минати грешки, но тие можат да помогнат да се поттикнат протестите сега, како што беше случајот во 1953 година.

Се надеваме дека тоа што сега се случува е домашен феномен. На Иран му е потребна нова револуција, ако навистина сака да се ослободи од оваа заостаната теологија која ги влече конците. Мосави едвај е вистинската личност, за да го започне оваа движење, но она што е важно е дека луѓето се покренаа. Овој процес нема да биде лесен. Можеби сме сведоци на почетокот на нешто огромно… Тоа нема да се случи преку ноќ, но „Исламската Република“ порано или подоцна ќе дојде до својот крај.

Про-палестинскиот Евреи без граници пишува:

Не знам што се случува во Иран. Либералните глупости за наводната победа на наводно про-западниот реформист Мосави над наводно уназадениот Ахмадинеџад, повеќе нема смисла.

За иранскиот народ, блогерот вели:

Овие луѓе покажуваат храброст, соочувајќи се со вооружен и репресивен државен систем кој е подготвен да убие и со тоа тие ја создаваат историјата. Тие се благословени.

Ваел Навара [арапски] од Египет, во Weekite ја коментира реакцијата на Барак Обама, претседателот на САД, во врска со изборите, велејќи:

لابد أن أعترف أن تعليقه متوازن وينطوي على قدر كبير من الاحترام للشعب الإيراني وتجربته الملهمة، وفي نفس الوقت لغة أوباما قوية وواضحة في دعم الحقوق الكونية لكل إنسان وشعب وللإيرانيين في اختيار من يحكمهم، كما يحمل خطابه روح إيجابية وأمل على الرغم من القلق الواضح نتيجة للعنف
Мора да признаеме дека неговиот коментар е избалансиран и содржи почит кон иранскиот народ и нивното инспиративно искуство. Истовремено, јазикот на Обама е силен и јасен при поддржување на човековите права на секое човечко суштество и нација, како и тоа Иранците самите да изберат кој ќе ги раководи. Неговиот говор е исто така во позитивен дух и надеж, и покрај очигледната загриженост за насилството.

И за крај Ирец за Палестина забележува:

Западните медиуми ја поттикнуваат идејата дека немирите во Иран се поради тоа што луѓето сакаат да ја уништат Исламската Република, за што јас сметам дека е опасно нешто да се поттикнува, но еј, медиумите имаат своја агенда. Британскиот новинар Роберт Фиск се согласува, и вели дека не станува збор за уништување на исламската земја, тие само сакаат да се ослободат од Ахмадинеџад и да веруваат во процесот на гласање.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.