Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Костарика: Црвена тревога и вонредна состојба во државата поради силните дождови

Тропската бура Томас ја зафати Костарика, која прогласи вонредна состојба во државата. Силните дождови предизвикаа голема штета низ целата земја: Досега загинаа 22 луѓе како жртви на лизгање на земјиштето западно од главниот град Сан- Хозе, некои сè уште се водат како исчезнати, илјадници беа евакуирани, а најмалку 11 патишта и автопати беа блокирани или затворени.

Ричард Молина на неговиот блог [шпански] накратко ги издвои клучните точки од итните случаи во државата вклучувајќи ги и илјадниците луѓе кои беа оставени без вода. Тој исто така ги посочува слабите капацитети на државата за одговор во случај на елементарни непогоди и катастрофи:

Debido a la gravedad de la situación y a la limitación de recursos, la Cruz Roja Costarricense está enfocando sus esfuerzos a la atención de incidentes donde se registra afectación directa de personas.

Како резултат на сериозноста на ситуацијата и ограничените извори Црвениот крст на Костарика ги насочува своите напори кон вниманието од инциденти каде е забележан најголем удар врз луѓето.

Претседателот Лаура Чинчила исто така побара помош од соседните земји [шпански],конкретно барајќи хеликоптери кои можат да помогнат во напорите за спасување и достигнување на заедниците кои станаа изолирани како резултат на лизгање на земјиштето и уривање на мостовите.

Луѓето веќе почнаа да префрлаат видео записи на Јутуб (Youtube), за тоа како ги преживеале поројните дождови кои ја потопија државата во изминатите неколку дена.

Фабин Серано (FabinSerrano) снимил како неговиот соседен крај беше поплавен од реката во Тејар дел Гуарцо (Tejar del Guarco):

РазгризЦр (RazgrizCr) низ неговата шофершајбна ги снимил поплавените улици во Хередиа северно од Сан Хозе.

Фделгадоз2000 (Fdelgadoz2000) ни покажува како исчезнува мостот над реката Вирила во Турукарес:

ДекорокЦр (DecorockCr) ни покажува поплава во Парита [шпански], каде стотици луѓе беа испратени во привремени засолништа:

Видлива е штетата од поплавите и оштетувањата кои се резултат на дождовите кои веќе се годишен традиционален настан, а владата сè уште не е во можност да предвиди или направи план како да спречи нарушување и загуба на човечки животи. Марко А. Салазар на Твитер (@masala777) изјави:

tantas veces dijeron los expertos que esto podía pasar…. ya van por 20 los muertos… esto quien lo va a explicar?

Експертите постојано наведуваат дека ова може да се случи… бројката на загинати е до 20…. кој ќе го објасни сето ова?

Сè уште постои збунетост за тоа што може да се направи за да се помогне и да се испрати помош на оние на кои им е потребна. Институтот за здравствено осигурување на Костарика одговорен за болниците објави пост на Фејсбук [шпански] во кој објаснува што прават тие за да помогнат и исто така дава идеи за тоа што треба да направат другите:

Como parte de las previsiones que se están tomando, el Banco Nacional de Sangre (BNS), alertó sobre la necesidad de que se done sangre tipo O positivo, toda vez que las reservas son escasas. La doctora Erna Meléndez, directora de esa dependencia, solicitó que vayan a donar al BNS, ubicado al costado sur de la iglesia de Zapote.

Како дел од безбедносните мерки, Државната банка за дарување на крв извести дека резервите со крв од крвната група нулта позитив се многу намалени и имаат потреба од истата. Д-р Ерна Мелендез директор на овој оддел побара да се дадат донации на центарот кој се наоѓа на јужната страна од црквата Запоте.

Новинарката Мариaнела Кордеро [шпански] одговори на барањата од Твитер да даде информации за тоа каде можат да бидат земени донации и напиша дека училиштето Хуан XXIII во Сан Антонио од Есказу прима донации во храна, облека и пари и исто така препорачува земање на вода, откако владата препорача водата да се преврива поради можна контаминација на изворите.

Сепак, официјалните канали за донации сè уште не се санкционирани од страна на владата и преку Твитер проблемот се огласи насекаде[шпански]: Медиумите треба да ја информираат јавноста за тоа како може да помогне, со тоа што ќе им ги пренесат банкарските сметки за донации и информацијата за тоа каде може да се добие стоката.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.