Еден линк од официјалниот веб-сајт на Агенцијата за приватизација на Република Србија почна да кружи по социјалните мрежи на почетокот на декември 2014. Линкот водеше до податотеки со текст големи 19 гигабајти објавени на веб-сајтот на агенцијата, кои откриваа лични податоци за над 5 милиони српски граѓани во 2008 година кои се регистрирале за добивање бесплатни акции во државните фирми. Податотеките содржеа имиња и презимиња на лицата што се регистрирале, нивниот единствен матичен број (ЕМБГ), од кој лесно може да се дознаат и датумот и местото на раѓање, како и други информации.
Линкот беше фатен на Твитер во текот на неделата на 8 декември 2014 година, од страна на правниот тим на „Шер дефенс“ (SHARE Defense) , тинк-тенк во рамки на невладината организација Фондација „Шер“ која спроведува истражувања и нуди правна помош во областа на човекови и граѓански права. Тимот на фондацијата ги анализирал документите и го пријавил случајот до Комесарот за информации од јавен карактер и заштита на приватните податоци на Република Србија. Линковите беа отстранети од веб-сајтот на агенцијата попладнето на 12 декември, петок, но е невозможно да се дознае кој сè ги симнал информациите во меѓувреме.
Граѓаните почнаа да реагираат преку социјалните мрежи, при што многумина сметаат дека овој престап на владината агенција е „непростлив“. Твитот од Владан Јолер пренесува еден општ впечаток:
Najveći bezbednosni propust u sferi zaštite informacionih sistema i privatnosti građana do sada u SR @ShareConference http://t.co/WO96P4IBTU
— Vladan Joler (@TheCreaturesLab) December 15, 2014
Најголем безбедносен пропуст во сферата на заштита на информациски системи и приватноста на граѓните до сега во РС (Република Србија) @ShareConference http://t.co/WO96P4IBTU
— Vladan Joler (@TheCreaturesLab) December 15, 2014
Останува нејасно од која причина документите биле воопшто објавени на веб-сајтот, дали по грешка или намерно. Канцеларијата на Комесарот за информации од јавен карактер и заштита на приватните податоци веднаш го презема случајот и се очекува да следи истрага.
Во меѓувреме, правниот тим на тинк-тенкот на Фондацијата „Шер“ предупреди дека сите кои ги симнале податоците дека било каква употреба на дел или сите тие информаци од податотеките ќе претставува кривично дело и препорача на лицата кои направиле копија од тие документи веднаш трајно да ги избришат.