Србија: Фејсбук група на српските националисти

Nož, Žica, Srebrenica! (Нож, Жица, Сребреница!) е еден од омилените слогани на српските националисти и алудира на масакрот во Сребреница во 1995 година.

Пред некое време, се појави Фејсбук група (српски) со истото име, која има 1 045 членови – како и против група (српски, англиски), чии 10 584 членови се обраќаат до администраторите на Фејсбук да ја затворат групата Нож, Жица, Сребреница!, бидејќи таа „го величи геноцидот кој се случи во Сребреница, каде 8 000 момчиња и мажи беа убиени“:

[…]Оваа група шири омраза до сите муслимани со својот опис „за сите кои ги мразат муслиманите.“[…]

Српскиот блогер Никола Кнежевиќ беше лут и силно реагираше на неговиот блог, линкувајќи до двете Фејсбук групи. Меѓу другите работи, тој напиша (српски):

[…]Нормален човек се срами од работите кои прават еден будала горд. После се… После одвратната слика од Шкорпионите како ликвидираат муслимани, не ми е јасно како некои млади луѓе може да бидат исполнети со толку омраза спрема други луѓе кои се различни од нив…[…]

Блогерот доби повеќе од 270 коментари на овој пост. Следуваат неколку од нив:

Зазито:

Што се однесува до забраната… хммм, не е лоша идеја, но јас не сакам било каков тип на цензура. .. утре ќе реагирате на ист начин доколку некој креира група за промоција на традиционалните вредности… Јас мислам дека е подобро да се стане член на оваа група и да им се објасни на младите луѓе дека она што тие го прават е погрешно…

Вракарац92:

Расизам, хомофобија и било каков вид на омраза, најчесто произлегуваат од непознавање на фактите, како и од стравот од непознати работи.

Пиро001:

Луѓето се незадоволни поради сиромаштијата и несреќата и несигурната иднина и некои будали го злоупотребуваат тоа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.