Истакнатиот египетски активист и блогер Ала Абд Ел Фата беше уапсен во својот дом околу 10:00 часот во четвртокот, 28 ноември. Налог за апсење беше издаден за Абд Ел Фата минатиот вторник, по насилната дисперзија на демонстрантите во Каиро. Таткото на блогерот за локалните медиуми изјави дека верувал дека апсењето е спроведено според новиот закон кој забранува улични протести во Египет. Најмалку 50 лицa беa уапсени тој ден, помеѓу кои и неколку познати активисти. Многумина беа физички и сексуално малтретирани. Ала беше земен од страна на полицијата и покрај тоа што изјасни дека доброволно ќе се предаде на полициските сили во сабота, во изјавата која ја даде и која неговата тетка, позната египетска писателка Ахдаф Соуеиф, ја објави на Фејсбук. Според неговата сопруга, Манал, полицијата била насилна за време на апсењето:
Полицијата провали во нашата куќа, го уапси @alaa, а мене ме истепа. Тие ги украдоа двата наши лаптопи и нашите мобилни телефони. — لا لدستور العسكر (@manal) 28ми ноември, 2013
Полицијата провали во нашата куќа, го уапси @alaa, а мене ме истепа. Тие ги украдоа двата наши лаптопи и нашите мобилни телефони. — لا لدستور العسكر (@manal) 28ми ноември, 2013
Дамки од крв во нашата спална соба каде полицијата го тепаше @alaa اثار الدم في غرفة نومنا بعد ان ضربته الداخلية pic.twitter.com/DZZEKQwHz3 — لا لدستور العسكر (@manal) 28ми ноември, 2013
Дамки од крв во нашата спална соба каде полицијата го тепаше @alaa اثار الدم في غرفة نومنا بعد ان ضربته الداخلية pic.twitter.com/DZZEKQwHz3 — لا لدستور العسكر (@manal) 28ми ноември, 2013
Ако полицијата веќе ме тепаше во сопствената куќа, што ќе му направат на @alaa? Се плашам за неговата безбедност. — لا لدستور العسكر (@manal) 28ми ноември, 2013
Ако полицијата веќе ме тепаше во сопствената куќа, што ќе му направат на @alaa? Се плашам за неговата безбедност. — لا لدستور العسكر (@manal) 28ми ноември, 2013
Нема познато објаснување зошто апсењето се случи баш тој ден, кога Ала самиот изјави дека ќе и се предаде на полицијата следната сабота. T Хеба Морајеф, директорот на Human Watch Egypt, ова апсење го поврза со новиот предлог анти-протест закон, кој се појави порано истата недела:
Апсењето на Ала укажува зошто МВР сакаше овој закон да биде нејасно опишан, со член 7 = да им даде дискрецијата за апсење на било кој активист кој ќе посакаат. — hebamorayef (@hebamorayef) 28ми ноември, 2013

Хешам Менсур го понуди и своето иронично образложение:
ما تقولش مصر عملتلنا إيه.. قول مصر قبضت علي علاء عبد الفتاح كام مرة — Hesham Mansour (@Heshoz) 29ти ноември, 2013
Не прашувај што Египет има направено за нас. Прашај колку пати Египет го уапси Ала.
Активистката Мона Сеиф, сестра на Ала, со своите Твитер следбеници ја сподели локацијата на притвор на својот брат:
اتأكدنا إن علاء في معسكر أمن مركزي اللي جنب الإدارة العامة لقوات أمن الجيزة على طريق القاهرة الإسكندرية الصحراوي. يا رب — Mona Seif (@Monasosh) 28ми ноември, 2013
Сега сме сигурни дека Ала го чуваат во касарните бараки во Гиза, на пустинскиот пат Каиро-Александрија.
Aла Абд Ел Фата беше во затвор 45 дена под режимот на Хосни Мубарак и повторно од страна на Врховниот совет на вооружените сили во 2011, кога остана во затвор речиси два месеци. Тој исто така се соочи со обвиненија од владата на Мухамед Морси во 2013, заедно со популарниот сатиричар Басем Јусеф, за што многумина сметаат дека беа политички мотивирани обвиненија користени како тактика за заплашување. Секој пат, хаштагот #FreeAlaa повторно се појавуваше со цел покажување на солидарност. Се чини дека тоа и овој пат се случува.