Светски ден на СИДА-та: Позитивно блогирање
Оваа година се одбележува 20 годишнината од Светскиот ден на СИДАта, која секоја година се одржува на 1ви декември. Иако влијанието на ХИВ и СИДАта го чувствуваат милиони луѓе глобално секој ден, овој ден особено може да го привлече многу потребното внимание на болеста.
Темата на овогодишниот Светски ден на СИДАта е „Води – Овласти – Достави“, назначувајќи го политичкото лидерство кое е потребно за да може вистински да се бориме со болеста. Додека глобалниот процент на возрасни кои живеат со ХИВ е останат на истото ниво од 2000, 33 милиони луѓе се уште живеат со вирусот и има скоро 7,500 нови заразени секој ден. Бројот на нови ХИВ инфекции исто така се зголемува во многу земји, како Кина, Кенија, Мозамбик, Русија и Виетнам. СИДАта исто така си го наплаќа својот данок – 2 милиони луѓе умреа од болеста минатата година.
Блогерите од целиот свет ги разгледуваат овие статистики, разменувајќи стории за грижата кон оние со ХИВ/СИДА, како болеста има влијание на секојдневните животи на луѓето, и жигот кој ја придружува болеста. Овие записи од прва рака го покажуваат напредокот што е направен во борбата против болеста и уште колку многу работи сè уште треба да се направат.
На Poz For Life 20-годишниот Расел блогира од Австралија и отворено зборува за тоа дека е ХИВ позитивен, со надеж дека тоа ќе ги охрабри другите да се тестираат за сексуално преносливи инфекции и да се практикува безбеден секс. Во неговиот прв пост тој се сеќава на моментот кога тој го направил тестот за ХИВ и за ужасниот период на чекање пред да ги добие резултатите. Еве како тој открил дека е ХИВ позитивен:
Јас стасав таму [ординацијата на докторот] околу 10:30 утрото и влегов право внатре, изгледаше како да ме чекаа подготвени да ми ја земат душата и да ја фрлат од четвртиот кат. Јас влегов во ординацијата и седнав, тогаш слушнав „Расел, жал ми е но морам да ти кажам дека тестот за ХИВ е позитивен.“ Јас се замрзнав за неколку секунди и само гледав збунето. Чувството на доживотна тишина траеше околу 30 секунди. Тогаш реков „Мислев дека може да излезе така.“ Не можам да поверувам дека го реков тоа, навистина првите зборови од мојата уста беа јас мислев дека може да е така.
Блогот AIDS Rights Congo, кој и припаѓа на АЗУР организацијата за развој и е проект на Рајзинг Војсис, ги брани правата на ХИВ-позитивните луѓе. Нивните постови ја прикажуваат дискриминацијата и жигот што го носат оние што живеат со вирусот во Конго. Еден пост зборува за животот на “Бернадет”, една млада жена која е продавачка на алишта на пазарот Тие-Тие во Поинте-Ноар. Нејзиниот живот се менува кога нејзиниот пријател на пазарот го објавува нејзиниот ХИВ-позитивен статус.
На пазарот, нејзините соседи веднаш ги напуштаат тезгите; кое дури го привлекува вниманието на оние кои се одговорни за управување со пазарот, кои, свесни за фактот дека да се има тезга на пазар е тешко, се изненадени што наоѓаат празни тезги околу неа. Ситуацијата ги стави сите на штрек и оние кои поминуваат од далеку можат да го слушнат озборувањето на соседите за фактот дека таа е жената инфицирана со ХИВ. Како и да е, однадвор нема никакви знаци дека Бернадет е болна, тоа не може да се прочита од нејзиното лице. Болеста не е во напредна фаза и таа не е на АРВ (Анти-ретровирусна) терапија. Таа е нормална млада жена.
Со сите пречки, трауматизирана од ситуацијата, таа престанува со работата во нејзината мала продавничка.
Хуан Карлос, 29-годишен од Еквадор, блогира за соочувањето со фактот дека е ХИВ позитивен. Во еден пост тој зборува за важноста на рамнотежата и за користа од тоа да се зборува со некого за она низ кое поминуваш.
Многу ХИВ позитивни луѓе бараат помош од психолози низ целиот свој живот. Лично, ако некој го слуша или чита ова … Јас мислам дека е секогаш добро да се зборува со психолог од време на време, помага најцрните денови да станат посветли и ни помагаат да можеме да продолжиме со нашиот живот со вирусот и останатите наши проблеми.
Пинои Поз, кој живее во Кезон сити на Филипините, блогира за животот со ХИВ и за проблемите со кои се соочува откако го објавил својот ХИВ статус. Тој прво се изјаснил како хомосексуалец на возраст од 21 година, но 9 години подоцна се вратил “назад во шифоњерот” откако открил дека е ХИВ позитивен. Во овој пост тој зборува за тоа како кажувањето на луѓето дека е ХИВ позитивен не било толку лошо како што очекувал и се плашел од тоа, но сепак е тешко.
Искрено, јас бев преголема кукавица самиот да им кажам на моите контакти. И кога велам контакти, јас мислам… во ред, сексуални контакти исто така. Па така го направив второто најдобро нешто. Се повлеков од моите сексуални контакти пред повеќе од една година, и еден пријател ги исконтактира анонимно, да ги посоветува да направат тест за ХИВ. Реакциите беа различни, од прашања кој е испраќачот, одговори на анонимниот број дека тие само што се тестирале, испраќање гнасни пораки до нивниот наводен ловец, или највообичаено, под претпоставка дека ја добиле пораката, не одговараа. Но јас чувствував дека тоа беше најпристојно предупредување што можев да го направам.
Постојат анегдоти слични на овие постови од целиот свет. Оваа мапа на ХИВ-позитивни блогери создадена од Глобал Војсис го свртува вниманието на повеќе гласови на ХИВ позитивни блогери и оние што се грижат за нив, како и на други граѓански медиуми во врска со ХИВ/СИДА. Па погледнете ги и прочитајте ги нивните неверојатни приказни. Мапата може да ја вметнете, па може да ја додадете на вашата веб страница или блог. Иако беше покрената заедно со Светскиот Ден на СИДАта, мапата ќе продолжи да се надополнува во текот на годината.
Категории

Започни ја конверзацијата
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!