Венецуела: Следење на локалните избори онлајн

На 23 ноември во Венецуела се случија избори за градоначалници и гувернери. Овие избори ја градат политичката мапа помеѓу Владата и Општините, во коалиција со Претседателот Хуго Чавез или не. Овие избори имаат голема зависност од популарноста на Чавез и ќе одлучат дали тој ќе има можност да го промени Уставот уште еднаш со што ќе се овозможат повторни избори  во 2012.

Венецуелските блогери и корисници на Твитер ги покриваат изборите со тагот #23N (23 ноември). Секој може да ги види различните постови кои веќе постојат со овој таг.

Пред неколку недели, беше лансирана кампања за да се поттикнат луѓето да гласаат и да ги користат граѓанските медиуми за да зборуваат за изборите. Ова видео е наречено „Креирај сопствена мрежа“, а подолу следува и превод:

Дали знаеш дека можеш да бидеш набљудувач на изборите на 23 ноември?

Не мора да побараш дозвола од CNE (Националниот избирачки суд) или било која политичка партија.

Не мора да пополниш некоја форма или да носиш некое уверение

Ти треба да се здружиш со својата мрежа од пријатели, соседи, роднини и колеги

Да пренесуваш информации за кои си бил сведок

Да испраќаш пораки од својот мобилен телефон или преку интернет

Да го користиш својот мобилен телефон, својата камера, интернет врска, својот блог, и доколку немаш ова е вистинско време да направиш, свој Фејсбук профил

Креирај сопствена мрежа од граѓани

Гласај и Набљудувај!

За да ги видите сите видеа посетете ги Хектор Палациос  од Rayas y Palabras [шпански],кој беше еден од организаторите на видео-кампањата заедно со Карелија Еспиноза од Explikme [шпански], Луис Карлос Диаз од Periodismo de Paz [шпански], Наку Сото Пара од Zaperoco [шпански], Ирија Пујоса од No Suma Cero [шпански] и Џорџег Хенрикез од Circulemos [шпански].

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.