Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Настани за колаборација против корупција

"Openness and Collaboration" by PSD under an Attribution Creative Commons License  version 3.0 Unported

„Отворенот и колаборација“ од PSD, користена по Криејтив комонс лиценца Наведи извор 3.0

Вмрежени граѓани од целиот свет денеска имаат уникатна можност да создадат глобален фронт против корупцијата преку прифаќање и адаптирање на независни културни слободи. Примената на слободни културни принципи во борбата против корупцијата ја зголемува нивната ефективност и овозможува поинформирани политики и координиран напор во прекуграничните простори и области на интерес.

Како што скорешната 14 Меѓународна конференција против корупција во Тајланд утврди: за да се засили агендата за транспарентност, потребно е да се врати довербата кај луѓето и да се изгради повторно кредибилитет во институциите. Оние што се борат против корупцијата треба да преминат од изразување на политичка волја на конкретни активности. Исто така е значајно да се вклучат младите, како што беше назначено од Bunga Manggiasih, еден од меѓународните млади новинари кои соработуваа за да го покријат настанот. Еден од најдобрите мостови за да се поврзат и вклучат младите во користењето – и иновирањето- на технологијата за борба против корупцијата е да се организираат напорите да се поврзат различните заедници и да се преземе акција. Неколку од овие настани се случуваат оваа недела:

Отворен владин дата-камп во Лондон

Каталози за отворени владини податоци му се на располагање на секој граѓанин на Велика Британија, во кои се нуди невидена можност да се постигне поотворен, поодговорен и поефективен пристап против корупцијата и културата на тајност која доминираше во минатото. Отворен владин дата камп ќе се одржи на 18-19 ноември, 2010 година, со претставници од различни држави кои ќе присуствуваат и ќе водат дискусии околу клучните легални, технички и правни проблеми поврзани со откривањето на владините информации. Кампот исто така ќе понуди место за програмери и хакери да прават работи, учејќи едни од други и од своите грешки. Ќе бидете во можност да следите на Twitter (#ogdcamp) и преку белешки/дискусии во живо на сајтот OKF Etherpad.

Персонален демократски форум Латинска Америка во Чиле

Како што можете да видите на мапата на мрежата „Технологија за транспарентност“, Латинска Америка е еден од најдинамичните региони во светот, каде што иницијативите за вклучување на граѓаните, промовирањето транспарентност и борба против корупција растат и ги поврзуваат нивните многубројни дигитални жители, креирајќи мост за да разберат подобро како работи нивната влада, зошто транспарентни избори и финансирањата позади политичките партии се значајни и зошто тие треба да се грижат за своите парламенти, меѓу останатите проблеми. Од 18-19 ноември, 2010 година, @PDFLatAm ќе се одржи во Сантијаго, Чиле. Лидерите и активистите на Латинска Америка ќе си споделат новите развои во регионот и ќе учат од своите врсници од проекти базирани во САД, Африка и Европа, вклучувајќи го и претходниот директор на Rising Voices Дејвид Сасаки и кофинансиерот на Ushahidi, Патрик Мајер . Група од автори и преведувачи на Global Voices ќе бидат таму и ќе го споделат својот увид од настанот со вас. Мрежата „Технологија за транспарентност“ во живо ќе твита на шпански за време на настанот на @transparentech.

Камп за транспарентност во Полска

Граѓаните кои „дејствуваат наместо да зборуваат“ се во с'ржта на секоја ефикасна и одржлива иницијатива, која вклучува технологија и акции за борба против корупција. Следејќи ги таквите принципи и вклучувајќи лидери од различни држави да ги споделат своите искуства, 150 луѓе со различно потекло ќе присуствуваат на Кампот за транспарентност во Полска во Варшава, Полска. Граѓаните заедно со различни говорници од различни држави и различни позадини, поврзани преку Интернет, ќе работат заедно за да поврзат различни сектори, да генерираат идеи и да ја дефинираат патеката до потранспарентно и одговорно општество во Полска. Ќе може да го гледате настанот во живо онлајн и да го следите истражувачот на мрежата „Технологија за транспарентност“, Силвија Пресли, на Twitter на @presleysylwia за новости.

Отворен дата ден Hackathon

Глобалниот Отворен дата ден Hackathon нуди уникатна можност за собирање на луѓе од целиот свет да дејствуваат за транспарентност преку развивање на апликации со користење на слободните јавни податоци расположливи во нивните држави. Идејата е да се поканат програмери, дизајнери, библиотекари, статистичари и граѓани од секој вид да поминат еден ден работејќи заедно. Настанот ќе се случи на 4 декември, 2010 година и не е доцна да се приклучите на глобалниот напор во вашата заедница.

Сите овие настани нудат можности на граѓаните да се приклучат во технолошко базирани напори за да промовираат транспарентност и одговорност, охрабрувајќи поактивен, повклучен, ефективен дигитален активизам против корупцијата. Ако сте во можност да се вклучите, ве охрабруваме да го направите тоа- иако мрежата „Технологија за транспарентност“ оперира најчесто онлајн, лице во лице контакти со заедници заинтересирани за поотворен и транспарентен свет е често клучно за да овие напори станат успешни.

2 коментари

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.