Сега е официјално, Обама е 44тиот претседател на САД и египетските блогери со сигурност имаат измешани мислања за новиот претседател на светот … хм…САД.
Ахмед Дорини овде напиша како победата на Обама беше толку очигледна.
معلوماتي تقول أن هناك مرشحان رئيسيان للانتخابات الامريكية:باراك أوباما وجون ماكين،لكن الأمر الواقع،ومن قلب إحدي
اللجان الانتخابية في نيويورك، يجعلني أقول لكم أن أوباما ينافس نفسه تقريبا.
…
كل الشباب في اللجان الانتخابية يقولون: أوباما..السيدات الثلاثينيات والاربعينيات يقلن :أوباما..يرتدون التي شيرتات التي تحمل صورته،يتحدثون عن التصويت له كما لو كان أمرا بديهيا.
…
Младите насекаде го извикуваа неговото име, дамите во нивните триесети и четириесети исто така го извикуваа неговото име и облекуваа маици со неговата слика. Тие сите зборуваа како гласањето за него да е очигледно.
Исто и Сара – Еден Долг Пат – овде напиша за добредојде на Обама:
Се надевам дека е искрен и чесен и вистински.
Да се биде првиот Афро-Американски Претседател, значи дека има многу очи кои го гледаат и многу притисок на којшто мислам дека не треба да се предаде.
Додека Мохали овде напиша:
Јас не сонувам дека претседателот на САД ќе се грижи за нас, бидејќи сето тоа е во полза на политиката. Но, навистина сум среќен што Обама го доби претседателскиот мандат бидејќи тој е симбол на некој кој ги предизвика сите, премина преку табуата и загарантираните работи, и беше доволно упорен да ги испланира и постигне своите цели.
Јас го почитувам Американскиот народ кој имаше храброст да осознае дека грешеше последните 8 години и дека е време да ја поправат грешката (67% од државите гласаа за промена)!
Обама навистина е интернационален претседател, роден на Хаваи, има татко Африканец, своето детство го поминал во Азија и е Американски државјанин … татко црнец, мајка белкиња… татко муслиман, секуларна мајка и дете христијанин … реткост е да ги најдеш сите овие работи во една личност.
И конечно „Египјанец“ има различно мислење овде:
Посакувам Обама да паднеш мртов пред да станеш претседател на САД.