Бугарија: Масовен протест на Анонимус во Софија завршил со апсења (дополнето)

На 5 ноември околу 1.500 луѓе учествуваа во антивладин протест во Софија, организиран од бугарскиот дел на движењето Анонимус. И во други бугарски градови се одржаа помали протести. Собирите беа дел од светскиот Глобален ден на протест прогласен од Анонумус. Резултат од немирите во Софија беше скршена полициска стражарница до Парламентот и апсења (видео, на бугарски).

Дополнето: По 2 дена, Анонимус Бугарија објавија видео-изјава (на бугарски) против насилството на протестите од 5 ноември:

[…] Радикални елементи од толпата имаат една цел – да се наруши нашиот организиран настан и да се оцрни нашето име. […]
[…] Нашите протести се мирни, не бараме конфликт со полицијата, ниту сакаме нашите следбеници да станат жртви на полициско насилство[…].

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.