Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Полска: Нова социјална мрежа за е-членови на парламент

По огромниот успех на Nasza-klasa.pl (Нашиот клас), најпопуларната полска социјална мрежа слична на британската FriendsReunited (Повторно обединување на пријателите), се појави нов проект кој станува доста популарен во Полска:

Nasz-parlament.pl (Нашиот парламент) ги поканува своите корисници да станат е-членови на парламентот и да земат учество во е-гласањето за да и го покажат на владата вистинското мислење на граѓаните.

До сега, Nasz-parlament.pl има 636 корисници и покрај тоа што првиот администратор се има приклучено на сајтот при крајот на април страницата стана популарна минатиот месец, со своите 128 теми и 722 постови.

Покрај простор за дискусија, порталот овозможува информации за закони кои се во фаза на изгласување. Денес, на пример, една од популарните теми (полски) е дискусијата за новиот закон за измачување во посебни ситуации. Според полскиот сајт за вести Dziennik.pl (полски), доколку законот е навистина претставен, Полска нема да има право на мачење во земјата, но ќе има право да извршува вежби за запирање на тероризмот и „да ги пренесува терористите во земји како Египет, каде мачењето е дозволено.“

Оваа информација предизвика груби коментари на форумот на Dziennik.pl. На пример, корисникот Bozena е загрижена (полски):

Мислам дека дојде време кога ќе се одземе хуманоста од основната слобода користејќи нечесен изговор за тероризам. Никогаш не сме имале терористички напад во Полска. Господ да не заштити од лагите кои владеат со Западот, каде луѓето ги губат своите права и слободи после секој таканаречен  терористички напад.

Покрај линкувањето до моменталните написи во медиумите, порталот Nasz-parlament.pl исто така дава и простор на самите политичари да ги искажат своите мислења и на специјалистите да ги споделат своите извештаи кои се однесуваат на моменталните закони. Сите моментални парламентарци имаат свои страници на порталот.

Според блогот internetowo.eu (полски), како и повеќето свежи портали и овој е во потрага по спонзор:

[…]Nasz-Parlament.pl планира да се опстојува од реклами или во иднина да најде спонзор. […]

Како и на секоја друга социјална мрежа, корисниците може да креираат свои профили, користат групи и форуми, да контактираат локални претставници и да се вклучат во онлајн дискусиите.

И да не ја заборавиме најважната улога на е-членовите на парламентот – гласањето! Корисниците на Nasz-Parlament.pl може да гласаат и гласаат и гласаат!

Сајтот Nasz-Parlament.pl е достапен само на полски јазик.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.