Овој пост е дел од нашето досие за бунтот во Сирија 2011-2012
На 15 март 2012, сириската револуција ја одбележа својата прва годишнина со истата одлучност што ја придружуваше од самиот почеток. На овој ден, многумина активисти од целиот свет се собраа за Меѓународниот марш против сирискиот диктатор, додека демонстрации беа одржани и во многу градови низ целиот свет за поддршка на сириската кауза.
Либан, соседот на Сирија, заедно со својот главен град Бејрут, не изостанаа од збиднувањата и покрај потешкотиите со слободата на изразување во последно време. Тамошните активистите се соочија со пречките и решија да направат нешто различно. Beirut Walls (Ѕидовите на Бејрут) ја објаснува позицијата на либанските активисти во еден пост со наслов „Сириската револуција, една година подоцна, со љубов од Бејрут“:
منذ عام والشعب السوري يصرخ “الموت ولا المذلة”، “حرية حرية حرية”. قتل منهم ما يفوق الثمانية ألف شهيد واعتقل الآلاف ودمرت البيوت واغتصبت النساء… منذ عام ونحن في بيروت نحترق أمام المشاهد ونتخبط في حيرتنا عمّا بوسعنا ان نفعله. كيف نتضامن مع شعب يقتل لأنه يريد اسقاط نظام قمعه لمدة عقود؟ كيف نعبر عن تأييدنا وبيروت يملؤها شبيحة من الطراز البعثي والقومي والميليشيوي؟
منذ عام وبعضنا من أفراد وناشطين مستقلين نحاول ان نشارك من بيروت في ثورة سوريا. نعتصم هنا، نكتب هناك، نعرض أفلاماً، نيأس ثم نعود نرفض ان يطالنا القمع فنهرع الى جدران المدينة. كانت الجدران الحيز الحر الذي وجدنا فيه مكاننا للتعبير
И покрај ова, интернет корисниците и корисниците на Твитер сепак ја изразуваат нивната поддршка за сириската револуција. @abirsasso [на арапски јазик], од Бејрут, твитна:
Додека пак, @taniaelk вели :
Рано утринава, на годишнината од револуцијата во #Сиријa, активистите од Бејрут испратија порака на солидарност.
@NadineBek исто така ја потврди солидарноста со либиската револуција велејќи:
Активистите во Бејрут најдоа уште еден начин да ја изразат нивната солидарност со сирискиот народ, преку цртање на графити и ставајќи постери на ѕидовите и на мостовите. Тие исто така напишаа и пренесоа слогани во знак на сеќавање на сириската револуција.
Beirut Walls исто така напиша за утрото на револуцијата со приложување на видео со наслов : „Од Бејрут, со љубов“:
Овој пост е дел од нашето досие за бунтот во Сирија 2011-2012