Преструктурирањето во Комисијата за радиодифузија на Тонга (TBC) доведе до шпекулации дека владата на Тонга презема поголема контрола врз јавниот радиодифузен сервис. Уредничката на вести Лауману Петело и директорката Виола Улакаи беа ненадејно префрлени во одделот за продажба и маркетинг. Двете дојдоа во судири со премиерот Акилиси Похива, откако тој ја обвини Комисијата за радиодифузија на Тонга дека е непријател на владата.
Премиерот инсистираше дека Комисијата треба да ги поддржува владините програми, а упати и предупредување дека тој би можел да издаде наредба за нејзино приватизирање или целосно затворање на мрежата.
Новоназначениот претседател на одборот на Комисијата, Ту'и Уата, ја издаде наредбата за префрлувањето на двете високи уреднички на мрежата. Но, Уата појасни дека финансиските загуби на Комисијата биле причината поради која тој ги отстранил уредничките. Тој додаде дека Комисијата би можела да се соочи со банкрот за два месеци доколку не се случело преструктурирањето.
Но адвокатот на Петело и Улакаи тврди дека преструктурирањето на редакцијата било дел од владиниот план за преземање контрола врз Комисијата неколку недели пред парламентарните избори закажани за 16 ноември.
Независната медиумска група „Матанги Тонга онлајн“ објави уреднички став кој пренесува слична порака:
It is quite clear with the beheading of the news service that government is taking full control of the public broadcaster in the lead up to the November 16 general election.
Доста е јасно дека со „обезглавувањето“ на новинската редакција владата презема целосна контрола врз јавниот радиодифузер во пресрет на парламентарните избори на 16 ноември.
„Матанги Тонга онлајн“ додава дека новото водство на Комисијата „го уништило нејзиното право да функционира како искрен јавен радиодифузер.“ Тие исто така ги отфрлија аргументите дека Комисијата би требало слепо да ги почитува владините политики:
It is a blatant attempt to turn watchdogs into lap dogs.
The rhetoric by government officials, that because the TBC is a Public Enterprise its news coverage “should be pro-government,” is completely off the mark. No genuinely professional journalists will work under such a politically controlled system.
Ова е очигледен обид да се претворат „кучињата-чувари“ во послушници.
Реториката на владините функционери, дека Комисијата е јавно претпријатие и затоа нејзиното покривање на вестите „треба да биде провладино“, е целосно погрешна. Вистински професионални новинари не би работеле под таков политички контролиран систем.
Тие исто така ја потсетија владата за мисијата на Комисијата како јавен радиодифузер:
Public broadcasters do not rely on advertising to the same degree as commercial broadcasters. This allows public broadcasters to transmit programs that are not commercially viable to the mass market, such as well-balanced public affairs shows, radio and television documentaries, and educational programmes, that otherwise could not be produced.
Јавните радиодифузери не се потпираат на рекламирањето до оној степен како што тоа го прават комерцијалните медиуми. Ова им овозможува на јавните радиодифузери да емитуваат програми кои не се комерцијално исплатливи за широкиот пазар, како што се добро избалансирани емисии од јавен интерес, радио и телевизиски документарци, и едукативни програми, кои инаку не би можеле да бидат продуцирани.
Во меѓувреме, Пацифичкиот форум за слобода (PFF) ја повика владата на Тонга да ги почитува медиумските слободи:
Government needs to stop using so-called losses as an excuse to apply punitive changes aimed at gagging newsroom and management in a leading public broadcaster of the region.
Informing the public about what is happening with their own tax dollars is a key role of state broadcasters, who are not faced by the profit-margin pressures of commercial broadcasters.
Владата треба да престане да ги користи таканаречените загуби како изговор за користење казнени измени насочени кон замолчување на редакциите и менаџментот во водечкиот јавен радиодифузер во регионот.
Информирањето на јавноста за тоа што се прави со средствата од нивните даноци е клучна улога на државните радиодифузери, кои не се соочени со притисоците од профит-маргините на комерцијалните медиуми.
Директорката на PFF, Моника Милер ги опиша двете жени уреднички во Комисијата како „пионерки во новинарството во Пацификот“:
Pacific media colleagues everywhere are dismayed at this treatment of two women in journalism who have done nothing but be journalists.
Laumanu and Viola are leading Pacific trailblazers in journalism that is unafraid to ask the hard questions, and continues to put the public right to know to the fore. They are passionate about what they do and have faced cultural barriers and stereotypes about women in Pacific newsrooms for decades.
Медиумските колеги од ширум Пацификот се обесхрабрени од третманот на овие две жени во новинарството кои не сториле ништо друго освен што се новинарки.
Лауману и Виола се водечки пионерки во новинарството во Пацификот, новинарство кое не се плаши да ги постави тешките прашања, и продолжува да го става во преден план правото на јавноста да знае. Работата ја работат со страст, а се соочуваа и со културолошки бариери и стереотипи за жените во пацифичките редакции со децении наназад.
Регионалната медиумска група забележува дека во Уставот на Тонга има клаузула која ја поддржува слободата на говор. Таа ја повика владата на Тонга на дијалог со медиумите со цел адресирање на проблемите со неетичко известување и цензура наместо користењето казниви дејствија.