Гватемала: Силни дождови и поплави ги погодуваат најсиромашните заедници

Фотографија од Месас де Диалого.

Изминатиот месец беше многу тежок за Гватемалците. За време на тропските бури, јаки дождови и поплави, во недостиг од јавни полиси за превенција од трагедии, предизвика уште поголема штета, земјоделските посеви беа уништени, куќите целосно разурнати и луѓето дури беа живи закопани од одроните на земјиштето

Поплавите и бурите погодија многу заедници, но ударот е најголем во заедниците кои се под линијата на сиромаштијата. Овие заедници честопати се изолирани од службите и засолништата, како што се малите села во Петен, Куиче и Закапа. Ел Поптунеко (шпански) извести дека Претседателот Алваро Колом одлета со хеликоптер во Портпун , една од погодените области. Исто така и гувернерот Рудел Алварез на неговиот личен блог извести за ситуацијата и редовно ги ажурира временските услови изјавувајќи дека тоа била најголемата трагедија во последните десет години во Сајаше, друго село во јужен Петен каде што 288 екстремно сиромашни фамилии беа погодени од дождовите и поплавите.

Блогот Месас де Диалого (шпански) ја раскажа вистинската приказна за кризата:

Realizaron un sobrevuelo el día 21-10-08 por el área rural encontrándose una señora la cual desde las alturas pudieron observar que imploraba ayuda entre las inundaciones baja el helicóptero pocos segundos y ella dijo que tenía 4 días de no comer juntamente con sus hijos, perdieron su casa y sus cultivos.

Тие прелетаа над погодената област на 10-21-08 и од далеку забележаа жена, па хеликоптерот слета. Жената рече дека нејзиното семејство било без храна четири дена и дека го изгубиле нивниот дом и нивните приноси .

Заедницата беше непристапна за возило, па единствениот начин за да им се помогне беше преку воздух.

Граѓанскиот новинарски блог ЕлЗ закапанеко (шпански) извести за оштетената инфраструктура во Закапа (Источна Гватемала), велејќи дека селото Ла Унион уште еднаш настрада од лизгање на земјиштето коешто го блокираше главниот автопат.

Но солидарноста е секогаш присутна, како што извести Ел Портал де Петен , Реин форест Алијансата веќе ја покажа својата солидарност. Кубански лекари им помагаат на луѓето од најпогодените области, како што објави блогот Муниципал Тајмс . Каритас де Гватемала има повик за лекови, облека и храна и може да ги контактирате овде.

Тажно е да се прочита дека секоја година се случуваат вакви трагедии и некои региони се секогаш погодени. Во исто време нема стратегија за контрола или мерки кои се превземаат за да се одбегнат штетите. Вредноста на штетата е голема: човечки животи, домови и приноси коишто се уништени со поплавите, како што можете да видите на фотографиите на Артуро Годој.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.