Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Колумбија: Бруталното силување и убиство на Роза Елвира Сели

Минатата недела, Колумбија се запозна со случајот на Роса Елвира Сели, 35 годишна жена, која на 24 мај, рано наутро беше пронајдена во далечните делови на Националниот парк во Богота. Таа два пати се јавила на бројот 123 за итни случаи, и тоа беше звук од мал поток којшто ги однесе властите на таа страна, каде таа беше во несвест, се тресеше, со модринки на лицето, прободена во грбот и удирана најверојатно со гранка од дрво. Починала во понеделникот на 28 мај од перитонитист во болницата во Богота.

Оваа сторија првпат се појави во таблоид објавена од најголемиот весник во Колумбија на 29 мај, и за неа полека се известуваше во другите медиуми. Г-ѓа Сели работела како улична продавачка на улицата пред Воената болница, имала 11 годишна ќерка, и ги завршувала нејзините студии сакајќи да стане психолог.

Случајот за бруталното силување и  убиство предизвика нов бран на бес на социјалните медиуми: со хаштагови како #RosaElviraCely и #NiUnaMás („ниту една повеќе“), луѓето на Твитер се приклучија кон протестите и го покажаа нивниот бес. Исто така имаше и жестоки дискусии поврзани за тоа дали смртна казна или доживотен затвор треба да се применуваат на силувачи и злоупотребувачи.

Ова, исто така поттикна протести и во истиот Национален парк во неделата наутро на 3 јуни. Стотици луѓе излегоа на собирот за да го поддржат барањето на правдата. Случувањето започна во 10 часот по локално време, на местото каде таа и многу други жртви на насилство биле нападнати (вклучувајќи ја и жената убиена во Сјудад Хуарес, Мексико ). Околу 45 минути подоцна, луѓето продолжија на местото каде г-ѓа Сели беше пронајдена, каде се молеа, пееја песни, а еден маж плачејќи се извини во име на сите мажи за убиството.

Gathering at the National Park of Bogotá, 3 June 2012

Собир во Националниот парк во Богота, 3 јуни 2012

Gathering at the National Park of Bogotá, 3 June 2012

Собир во Националниот парк во Богота, 3 јуни 2012

Hundreds of people walk to the remote place at the National Park where Ms Cely was found

Стотици луѓе се движат околу местото каде г-ѓа Сели беше пронајдена во Националниот парк

A banner with a photo of Ms Cely hangs at a tree close to the site she was found

Плакат со слика на г-ѓа Сели закачена на дрво блиску до местото каде беше пронајдена

Flowers, banners, and candles lie at the tree marking the site where Ms Cely was found

Слики, плакати и свеќи на дрво кое го означува местото каде г-ѓа Сели беше пронајдена

This banner reads, in Spanish, 'Enough of murders, rapes, acid burn (attacks), we need more severity with crime'

На плакатите пишува на шпански: „Доста со убиства, силувања, напади, треба да постапиме построго со криминалот“

This other banner reads, in Spanish, It wasn't because of the skirt, booze, hour or place: NOTHING is excuse for a sexual aggression. Not one more!

На друг банер пишува, на шпански: Не е поради здолништето, алкохол, место или време: НИШТО не е изговор за сексуална агресија. Ниту една повеќе!

Сите слики се земени од авторот и објавени под Криејтив Комонс – Лиценца за наведување извор [Целосниот сет на Фликр]

Повеќе слики може да се најдат на блогот на Мајк БоготаSoy Periodista, со пребарување на Фликр и на профилот на Фликр на lncognito (од Кали).

На блогосферата, новинарот Глорија Ортега Перез објави напис со изобилие од слики од собирот. Таа исто така обработува неколку неодамнешни случаи поврзани со родово насилство во Колумбија и државите:

Rosa Elvira no murió en vano. Se cercioró, antes de perder la conciencia, de exponer a su asesino, al sistema de “reacción inmediata” que jamás reaccionó, al aparato de salud indecente que estratifica la vida, a la justicia que le garantizó a su asesino la impunidad. Nos expuso a todos como sociedad. A todos, dueños orgullosos de una Constitución magnífica, que solo existe en el papel, pero cuyos fundamentos no son los estándares con los que se legisla, ni los que guían nuestras aspiraciones como sociedad.

Роза Елвира не почина залудно. Таа се осигура пред да ја изгуби свеста, да го изложи нејзиниот убиец, системот на „брза реакција“ кој никогаш не реагира, недостојниот здравствен систем кој го дели животот на социјални класи, правдата која гарантира имунитет на убиецот. Таа не изложи сите нас како општество. Сите, гордите сопственици на инзворедниот Устав кој постои само на хартија, но чиишто основи не се стандардите користени за правда, не се оние кои ги водат нашите стремежи како општество.

Глорија исто така бара „повеќе правда и помалку наслови“, тврдејќи дека е „уморна од војна, од насилство против нашите деца, од одговорот за сите наши проблеми да биде поконкретен, повеќе оружје, повеќе куршуми, повеќе мажи кои пукаат на други мажи кои не се различни, меѓутоа размислуваат различно.“

Додека пак, за Иван Андраде овој случај е уште едно рефлектирање на колумбиските проблеми:

Los infinitos errores de Colombia unidos para recordarnos que el espanto es nuestra realidad, que es difícil luchar contra seres deleznables y viles como el asesino de Rosa Elvira porque el sistema los deja medrar y actuar a sus anchas. Y entonces solo nos queda la rabia.

Бесконечните грешки на Колумбија се собраа за да не потсетат дека стравот е нашата реалност, дека е тешко да се бориш против одвратно и грдо суштество како што е убиецот на Роса Елвира, бидејќи системот дозволува тие да напредуваат и постапуваат како што тие сакаат. И тогаш ние остануваме со бесот во нас.

За крај, Justellie22 ја нагласува улогата на социјалните медиуми, спасувајќи ја Роза Елвира од заборавот и стана гласот кој и „беше украден“.

Во петок, на први јуни, полицијата го фати Хавијер Веласко Валенцуела, 44 годишен, првоосомничениот за злосторот, школски другар на убиената Сели, кој веќе имал криминално досие, (вклучувајќи и затворска казна и обвинувања за злоставување на неговата поќерка). Вториот осомничен, Маурисио Рохас Ариза, се предал во неделата на 3 јуни.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.