Граѓански новинар киднапиран и убиен во Мексико поради известување за организираниот криминал

Фотографија од Гугл плус профилот на Храброст за Тамаулипас. „За тебе ќе останеме силни. Во сеќавање на: Мариа дел Росарио Фуентес Рубио, 15-16 октомври 2014 во Рејноса. Киднапирана на 15ти октомври во областа Рејноса. Росарио беше докторка посветена на информирање на јавноста за опасностите, со срце големо колку нејзината храброст, нашата Miut3.“
Граѓански групи во северната мексиканска држава Тамаулипас објавија вчера дека Твитер корисникот Мариа дел Росарио Фуентес Рубио е киднапирана и потоа убиена. Иако не е познато кој е одговорен за нејзината смрт, фотографии од телото на Фуентес Рубио се појавија на нејзиниот Твитер стрим.
Нејзиниот твитер профил @Miut3 беше суспендиран кратко по настанот. Откако Мариа дел Росарио наводно побарала прошка бидејќи се мешала во работата на нарко босовите, беа објавени фотографии од нејзиното убиство, како и постхумна порака предупредувајќи ги останатите граѓански новинари да останат тивки за насилството во Рејноса бидејќи „нема ништо да добиете од тоа“.
Како доктор од Рејноса, Фуентес Рубио придонесуваше со волонтирање кон Valor por Tamaulipas (Храброст за Тамаулипанците), платформа за граѓански вести која овозможува корисниците анонимно да поднесуваат пријави за насилство, поточно инциденти поврзани со организираниот криминал и трговија со дрога. Таа исто така беше и администратор за Responsabilidad por Tamaulipas (Одговороност за Тамаулипас), сличен проект поврзан со првиот. Последниот напис од „Храброст за Тамаулипас“ ја опиша како „ангел кој даде се, нејзиниот живот, нејзината иднина, нејзината сигурност и мир (…) за доброто на граѓаните од државата“.”
Ова не претставува прв случај на казнување на индивидуи кои известуваат и пишуваат преку овие мрежи. Откако беше започнат во 2012, Храброст за Тамаулипас се соочува со голем број закани и инциденти кои во одредени моменти ги присили администраторите да ги паузираат нивните активности.
Храброст за Тамаулипас ги користи социјалните медиуми за да се снабди со извештаи и новости од граѓаните на Тамаулипас, кој е испреплетен со конфликти поради трговијата со дрога и корупција, уште од 2006. Во февруари 2013, неидентификувана организација за трговија со дрога пушти во оптег памфлет во кој нуди $600.000 мексикански долари (околу $44.000 американски долари) за информации за локацијата на администраторот (администраторите) на профилите на социјалните мрежи на Храброст за Тамаулипас. Кратко потоа, @ValorTamaulipas објави планови за прекинување со активностите. Но, мрежата по некое време продолжи со известување — граѓаните на Тамаулипас се се уште жртви на насилни криминални дејства и продолжуваат да ги пријавуваат.
Конфликтот принуди многу традиционални новинарски организации да ги одбегнат известувањата за насилствата поврзани со трговијата на дрога; Одборот за заштита на новинари проценува дека шестнаесет новинари се убиени во Мексико од 2006, во најголем дел поради нивното известување за корупција и насилство поврзано со трговијата на дрога. Како што изјави Дарио Рамирез, генералниот директор на Член 19 во Мексико и Централна Америка: „Насилствата против новинарите во Тамаулипас и недостатокот на заштита на слободно изразување од мексиканските власти генерираше информациски вакум-простори во однос на прашањето за јавната сигурност, за што социјалните медиуми станаа ефективна граѓанска алатка за слободно информирање за овие настани“.
Со работењето и известувањето на граѓаните и корисниците на социјалните медиуми кон пополнување на оваа тишина и пренесување на тоа што го слушаат и гледаат на улиците, групите како што е VxT и индивидуите како Фуентес Рубио станаа примарни цели за организациите кои тргуваат со дрога.
Овој напис е од Адвокс, проект на Глобал војсис со сопствен сајт за бранење на слободата на говор и против онлајн цензурата. · Сите написи
Категории

Започни ја конверзацијата
Овој напис е од Адвокс, проект на Глобал војсис со сопствен сајт за бранење на слободата на говор и против онлајн цензурата. · Сите написи
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!