Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

„Нетизен репорт“: Mексиканските непрофитни организации се борат за независна истрага на малверските напади

Цртеж од Доа Еладл од „Фликр“, „Интернет сакаме“. (CC BY-SA 2.0)

Тимот на „Нетизен репорт“ при „Глобал војсис Адвокс“ нуди интернационална палета на предизвици, победи и нови трендови поврзани со правата на Интернет низ светот

Мексиканската влада не успеа да ги истражи наводите дека владини агенции употребиле софтер за надзор за да заразат паметни телефони на новинари и застапници за човекови права во земјата, се вели во официјалната изјава на групи погодени од софтверот.

Во јуни 2017 година, група експерти откри докази од 76 инциденти на таргетирање новинари и бранители на човековите права со софтер за надзор наречен „Пегасус“, кој го произведува „НСО Груп“, израелска фирма. „Пегасус“ му дава можност на напаѓачот да влезе и да ги набљудува комуникациите и активностите од мобилниот телефон на жртвата. Овие инциденти беа опфатени во член 19, Граѓанската лабораторија во Универзитетот во Торонто и непрофитните организации со седиште во Мексико Сити – „Р3Д“ и „СоушлТИК“.

Откако „Њујорк Тајмс“ даде извештај за наодите, претседателот Енрике Пења Нието побара од Јавнто обвинителство да даде одговор за наводите. Групите тврдат дека од јуни 2017, властите не барале документација во врска со користењето на софтверот, ниту пак ја истражиле неговата техничка употреба ниту интервјуирале некој владин вработен кој е обучен да го користи тој софтвер.

Сега повикуваат на независна истрага за наодите, со аргумент дека Јавното обвинителство не е во можност да го стори тоа, заради докази кои укажуваат дека агенцијата всушност била таа што го купила тој малвер (злонамерен софтвер, н.з.). И додека мексиканската влада сѐ уште не спроведува своја темелна истрага, таа побарала од американската владада помогне во процесот – барање кое американските служби го одбија.

Ова се најсвежите новости во серијалот откритија и истраги за употребата на софтер за надзор во Мексико кој датира од 2013 година. Создавачите на политики, кои се борат за посилни јавни политики за здравје и експертите кои ги истражуваат исчезнувањата на 43 студенти во Ајотцинапа се исто така меѓу метите.

Бахреински лидер за човекови права осуден на пет години затвор заради твитови

Набил Раџаб, критички настроениот лидер на Центарот за човекови права во Бахреин беше осуден на пет години затвор на 21 февруари заради неколку твитови за кои обвинителите тврдат дека се „навреда за националните институции“ и „навреда за соседните земји“. Во твитовите, Раџаб ја критикуваше позицијата на Саудиска Арабија во граѓанската војна во Јемен и посочи кон докази за мачење и лош третман во затворот „Џо“ во Бахреин објавени од „Хјуман рајст воч“.

Малезиски карикатурист се соочува со затворска казна заради слика од премиерот како кловн 

Малезискиот карикатурист Фахми Реза беше судски гонет и обвинет за „прикачување лажна комуникација“ откако на „Фејсбук“ објавил една рачно изработена слика од малезискиот премиер Датук Сери Наџиб Разак со шминка за кловн. Во следната објава за случајот, тој напиша:

„Цртањето на портретот на премиерот со шминка на зол кловн на неговото лице беше акт на протест против оваа корупмирана влада која го користи Законот за противдржавно делување и други драконски закони за да ги замолчи криричките гласови.“

Тој беше осуден на еден месец затвор, и казна од 30.000 рингити според член 233 од Законот за мултимедиа и комуникации од 1998 година. Неговиот адвокат сака да поднесе жалба за случајот.

Кашмирски фоторепортер одбележа 150 дена во притвор 

Кашмирскиот фоторепортер Камран Јусуф е веќе 150 дена зад решетки, откако беше уапсен во септември 2017 година. Тој „конечно“ беше обвинет на 18 јануари за вмешаност во „финансирање на терор и антидржавни активности во Кашмирската Долина“. Во записот на неговото обвинение стои и дека тој не „ги исполнува моралните обврски на еден новинар“ заради тоа што игнорирал да извести за „општествени/развојни активности на државната влада или владата на Индија.“

Јусуф се прослави лани, откако неговите слики и видео записи од погребни поворки и битки со фрлање камења се проширија преку друштвените мрежи, со десетици илјади редовни прегледи и споделувања. Советот на новинари на Индија изрази загриженост за неговиот притвор. Здружението на уредници на Кашмир и Комисијата за заштита на новинарите побараа негово ослободување.

 

 Македонски граѓанин обвинет за објавување слики од полициски службеници на должност

Македонската полиција поднесе кривична пријава против лице кое фотографираше полициски службеници на должност за време на локалните избори и потоа ги објави на „Фејсбук“. Фотографот објавил 30 слики, како дел од обид да приложи докази за можни нерегуларности во изборниот процес. Основниот суд во Гевгелија го осуди лицето за „злоупотреба на лични податоци“ и му изрече тримесечна условна казна. Лицето со иницијали К.К., ќе се жали за пресудата.

 Турски новинари се осудени на доживотна затворска казна

На шест турски новинари им е изречена доживотна казна затвор за „обид за рушење на уставниот поредок“ во истиот ден кога турско-германскиот новинар Дениз Јуџел беше ослободен откако помина една година зад решетки без обвинение. Јуџел беше уапсен под сомнение за „поттикнување расна омраза и антагонизам кај луѓето“ и „ширење пропаганда на терористичка организација“. Неговото ослободување се случи кратко по посетата на турскиот премиер на Германија. Моментално има 155 новинари кои лежат во затвор во Турција.

 Шпанец се соочува со затвор заради мизогинистички твитови

На 16 фебруари, 22-годишен маж во Шпанија беше осуден на две и пол години затвор од Врховниот Суд на државата за објава на твитови во 2015 година и 2016 година кои „поттикнуваат омраза кон жените“. Еден од твитовите кој властите го издвоија вели „И 2015-та ќе заврши со 56 убиени жени, не е добро но тоа беше сѐ што можеше да се стори, ајде да видиме дали во 2016-та може да се зголеми таа бројка, фала.“ Тој бил претходно осудуван на двегодишен затвор за тие твитови и за други за кои властите велат дека „го величат тероризмот“. При повторното разгледување, Врховниот Суд го ослободи од обвинението поврзано со тероризам, велејќи дека твитовите биле „генерични“ но му ја зголеми казната за пораките против жените.

Венецуела собира повеќе податоци од граѓаните – и ги чува подолго од кога било

Комисијата за национални телекомуникации на Венецуела ја прошири (веќе долгата) листа на потребните лични податоци за пристап до телефонските услуги во државата. Исто така го продолжи периодот на задржување на податоците кај операторите, од три месеци на пет години по истекот на договорот.

Новиот пропис ја направи Венецуела една од државите со најдолг период на задржување на податоците во Латинска Америка покрај Колумбија. Освен документ за лична идентификација, потпис, отисок од прст и целосно име и адреса, корисниците мора исто така да ја наведат и својата и-мејл адреса, да се фотографираат и да им биде земен отисок од прст со биометриски уред. Комисијата вели дека телефонските оператори треба да ги дигитализираат собраните податоци, но не беше поконкретна за тоа како би се заштитиле, само дека операторите и безбедносниот апарат на државата треба да ги дефинира условите за соодветно чување и третман.

 

 Нови истражувања

 

 

Претплатете се на „Нетизен репорт“

 

Афеф Абруги, Елери Робертс Бидл, Мариане Диаз, Л. Финч, Ронит Џјотиш, Резван Ислам, Инџи Пену, Керол Раберсон, Елизабет Ривера, Џук Каролајна Румуа и Сара Маерс Вест помогнаа во создавањето на овој извештај.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.