Украина: Нов документарец го свртува вниманието кон животите и кариерата на браќата Кличко

Популарно наречени „Браќата Кличко“, Украинците Витали и Владимир Кличко доминираат во тешката категорија во бокс, откако Ленокс Луис се повлече во 2004 година. Меѓутоа, нивната продукција на автобиографски документарен филм наречен Кличко (трејлерот погледнете го тука), како и политичките амбиции на постариот брат, Витали, демонстрира дека овие мажи се повеќе од спортисти.

На 21 јуни оваа година, блогот Ништо Освен Док објави дека Кличко ќе биде прикажан на Филмскиот фестивал во Трибека. Исто така, алудираше на познатиот боксерски лик во филмската историја, советскиот противник на Роки Балбоа, Иван Драго:

The official Klitschko movie poster

Официјалниот постер за филмот Кличко

[…] Коринт Рилисинг (Corinth Releasing) најави датум за театарска премиера на „Кличко“ на Филмскиот фестивал во Трибека. На 21 октомври ќе се прикаже во Cinema Village во Њујорк, а подоцна во месецот ќе биде прикажан и во Лос Ангелес. Режиран од Себастијан Денхарт, документарецот ја раскажува приказната за украинските боксери Витали и Владимир Кличко, највеќе познати по тоа што се првите браќа кои имаат светски титули во спортот во исто време. Соопштението за печат прави да звучи како овие дечки да се верзија од вистинскиот живот на Долф Лундгреновиот лик во „Роки IV.“  И како Лундгрен, Кличко се попаметни отколку што очекувате, двајцата имаат завршено докторски студии. […]

Блогот Мувифоун го вклучи Кличко во нивниот список на „31 причина зошто во октомври да купите карта за во кино“:

[…] Се сеќавате на спортот бокс тешка категорија? Сеуште постои! Дури има и тековен шампион во бокс — Владимир Кличко. Добро, тој и неговиот брат, Витали (кој е исто така боксер), имаат свој документарец, мудро наречен „Кличко“. Ќе ви помогне повторно да го откриете вашиот внатрешен Роки (или, во тој контекст, внатрешниот Иван Драго).

Иако браќата Кличко речиси никогаш не се борат во САД, тие ги користат американските медиуми за да го промовираат нивниот филм, кој ќе има премиера на 21 октомври, 2011 година во Њујорк. На блогот на Владимир и Витали Кличко беше објавена снимка од браќата како зборуваат за документарецот на Ен-Би-Си:

Шампионите во тешка категорија Владимир и Витали Кличко неодамна беа во Ен-Би-Си за да го промовираат нивниот нов документарец и некои работи за нив како нивното познавање на јазици, политички активизам, итн.

Во интервјуто, кое беше на англиски јазик, се спомена дека Витали и Владимир имаат докторски дипломи во спортски науки и двајцата зборуваат неколку јазици. Покрај политичките амбиции на Витали, дискутираа за нивните родители и како и ветиле на мајка им дека никогаш нема да се борат еден против друг. Без инсистирање, браќата ја поврзаа катастрофата во Чернобил и проблемот со кој моментално се соочува Јапонија борејќи се со радијацијата. Се смета дека во филмот се  прикажува како нуклеарната несреќа во Чернобил во 1986 година го одзеде животот на нивниот татко.

Колин Линвебер, во јули 2011 година на неговиот блог на FanNation.com ја опиша смртта на таткото на Кличко:

Поранешниот полковник на воздушните сили на Советскиот сојуз, Владимир Родионович Кличко, гордиот татко на шампионите во тешка категорија Витали и Владимир, по тешката битка со ракот на лимфните јазли, почина минатата недела на 65 години во Киев, Украина.

Одликуваниот патријарх на кланот Кличко беше стациониран во близина на Чернобил за време на нуклеарната катастрофа во 1986 година и помогна да се расчисти кризата со реакторот. […]

Во мај, 2008 година, на блогот на Владимир и Витали Кличко се дискутираше за неуспешната трка на Витали за градоначалник пред да се потсети публиката дека Витали има намера да остане во фокусот на јавноста преку неговата кариера во боксот:

Со завршните резултати од анкетата, Витали Кличко не победи во трката за градоначалник на Киев во 2008 година. Завршните резултати покажуваат дека тој заврши трет со околу 19 проценти од гласовите. Победник беше Леонид Черноветски со околу 30 проценти од гласовите. Официјалните резултати не се очекуваат пред понеделник.

Ќе беше добро доколку Витали победеше на овие избори. Исто така, ќе беше фино за градоначалник на голем град да се бори за светската титула во бокс. Но, со завршените избори и со малкуте обврски надвор од боксот, можеме да очекуваме да го видиме Витали во најдобро светло кон крајот на годината во борбата за светското првенство во бокс.

Па, сочувство до Витали за неговиот пораз на изборите, но со среќа и однапред честитки до Витали за неговата борба на светското првенство во бокс!

Браќата Кличко, исто така, ги користат Твитер и Фејсбук за да го промовираат филмот.

На нивниот профил на Твитер, наречен Вести за Кличко, тие повторно го споменуваат интервјуто за Ен-Би-Си:

Витали и Владимир зборуваат за филмот „Кличко“ на Ен-Би-Си Калифорнија fb.me/Z7JneiSB

На 7 октомври, Вести за Кличко на Твитер се поврза со нивната официјална страница за фанови на Фејсбук.

Добредојде на сите нови фанови на Кличко на нашата официјална Фејсбук страница за фанови! Неколку страници се обединија. Тука ќе најдете најнови информации за браќата! fb.me/125v0LPjj

Страницата на фановите на Кличко на Фејсбук вклучува дузина коментари кои се однесуваат на документарецот, од кои повеќето се позитивни. Многу се изненадени од хуманоста која ја покажуваат боксерите. Коментарите на Фејсбук исто така го отсликуваат силното чувство на интернационализам кое го испраќа филмот.

Еве некои од нив:

Анјели Јана: Ми се допадна кога го видов ова на локалните вести утрово – само сакав силно да го прегрнам Влад кога го видов неговото лице штом започна да зборува за загубата на неговиот татко

Давид Климов: Го гледав филмов на германски, со полски превод… иако не зборувам германски ниту полски, филмот беше одличен! Кул документарец! Треба да го пуштат овде, во САД! Кога доаѓа продолжението?

Акос Зегеди: Филмот е многу корисен за следната боксерска генерација… исто и за моите мали синови. Ви благодарам за него. Поздрави од Унгарија.

Вилијам Периго: Филмот беше одличен! Но, не може да очекувате да биде како Џејмс Бонд. Документарец е!

Се чини дека објавувањето на Кличко е уште еден пример како браќата тргнаа по различни патишта за да го прошират своето влијание. Како признание за тоа колку далеку стигнаа, коментатор на порталот BoxingScene.com забележа:

Браќата Кличко мора да се двајца од статистички најневеројатните луѓе на планетата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.