Порторико: Подготвени за национален штрајк (најнови вести)

Рано, утрината на 15 октомври, илјадници луѓе ги преплавија главните улици и автопатиштата во околината на Сан Хуан, главниот град на Порторико, посебно финансиската област, како дел од општиот штрајк кој има за цел да ја парализира земјата на еден ден. Штрајкот беше организиран од работничкото движење како протест против одлуката на гувернерот Луис Фортуњо за отпуштање на околу 17.000 јавни службеници (вкупно ќе има околу 25,000 отпуштања) како дел од неговиот економски и финансиски план за земјата. Работници и членови на синдикални организации, жени, студенти, наставници, религиозни групи, политички организации членови на друштва за заштита на околината меѓу другите сектори на граѓанското општество, се одѕваа на повикот и беа на улиците за да протестираат. Универзитетите, училиштата и работните места беа затворени.

Блогерот Педро Велез објави корисна листа на алтернативни и водечки медиумски сајтови кои го покриваат штрајкот во живо: Фејсбук групата Меѓународен Фронт за помош на невработените (штрајк) во Порторико (Frente Internacional en Apoyo al Paro (Huelga) en Puerto Rico); Невработеност (ParoPR), Јасност (Claridad), Радио Исла (Radio Isla) и Радио Унивизија Порторико (Radio Univisión Puerto Rico). Група луѓе го оформија проектот Документарно тело (Cuerpo de Documentación) на Јутјуб каде ќе објавуваат видеа од штрајкот од различни места на островот. Исто така, имаше и видео во живо на Betances TV и покривање во живо на Дијалог (Diálogo). Дневните весници Прв час (Primera Hora), Нов ден (El Nuevo Día) и Гласник (El Vocero) исто така го покриваа штрајкот од минута во минута на нивните сајтови. Порториканската твитерсфера беше екстремно активна во последните денови. Конверзацијата се одвиваше под таговите #paropr и #twittericans. Луѓето на @caribnews, @qiibo и @microjuris меѓу другите и новинарите постојано објавуваа најнови вести за штрајкот и линкови до фотографиите и видеата.

Демонстранти на народниот штрајк. Фотографија пратена до ГВ од учесник.

Демонстранти на народниот штрајк. Фотографија пратена до ГВ од учесник.

Демонстрантите се собраа во блиската област околу Плоштадот Америка, најголемиот трговски центар на Карибите, чијшто сопственици, семејството Фонаљедас, беа значајни донатори во кампањата на гувернерот. Центарот беше затворен за тој ден. Организаторите на настанот и неколку електронски медиуми проценија дека околу 150,000 -200,000 луѓе учествуваа на масовните протести.

Фотографија пратена на ГВ од учесник

Фотографија пратена на ГВ од учесник

Во контекст на општиот штрајк и ситуацијата во Порторико, Ве молиме да ги посетите претходните постови „Криза со многу имиња“, „Животот е таков“, „Битка за јавно земјиште“ и „Поготвени за општонароден штрајк“. Луѓето од непрофитниот центар за Нова Економија имаат и редовно објавуваат подлабоки анализи за економската положба во Порторико.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.