
Автомати во културно-забавниот кварт Хонмачи во Цуруга, Јапонија. Фотографија на Невин Томпсон.
Јапонските автомати веќе долго време се познати по тоа што нудат необични работи, како цвеќиња, чадори и вратоврски. Но, дури и со еден автомат на 23 жители и годишна продажба која надминува 60 милијарди американски долари, човек сè уште може да се изненади од она што тие го нудат.
На „Навер матоме“ (Naver Matome), корисникот „сенегрл“ (senegirl), раскажува за три уникатни автомати лоцирани во три различни градови, кои го фасцинираа Твитер.
日本初?!らしいけど…
pizzaが焼きたてで買える自動販売機(笑)
中でおじさんが焼いてるわけではなさそうでした。 pic.twitter.com/MnNCiDpDZH— ケロちゃん@グラブル初心者 (@Lee_sakura1210) September 1, 2018
Прв во Јапонија? Така ми изгледа… Автомат кој нуди тазе печена пица! (ха ха) Се кладам дека внатре има стар чичко што ги прави пиците.
Помеѓу жителите на градот Хирошима се зборува за појавувањето на пица автомат во близина на често посетената „Цутаја“ (TSUTAYA), дел од јапонски ланец на книжарници. Автоматот служи два вида пица: маргарита (босилек, моцарела и доматен сос) за околу 10 американски долари, и четири сирења за околу 13 американски долари и време за подготовка само три минути. Матичната компанија на „Цутаја“, која стои зад автоматите, се надева дека ќе постави уште вакви машини во книжарниците низ Јапонија.
Во меѓувреме, локалните жители се пријатно изненадени од одличниот вкус на пицата испечена во автомат.
日本初!話題のピザ自販機!
会社の近くなので行ってみました(^^)
ピザにはレモスコですね?
今日は時間がなく購入はできなかったので、また後日チャレンジします(*'▽'*)#レモスコ #ピザ pic.twitter.com/5RxFNY5ge7— レモスコ(ヤマトフーズ) 公式 (@_lemosco) August 22, 2018
Прво вакно нешто во Јапонија! Автомат што нуди тазе печена пица.
Автоматот ми е во близина на работното место, па си реков да одам и да пробам. Еве го автоматот со моето Лемонско. Немав време за пица, но следниот пат ќе пробам!
Истовремено, во Инашики, град во префектурата Ибараки, североисточно од Токио на еден час оддалеченост со воз, пронајдени се целосно функционални стари автомати од 1960-тите.
国道沿いにたたずむあらいやオートコーナーでは、なつかしのレトロ自販機でお弁当が買えるよ。1個300円のお弁当は近くのお店で作られた手作り。多いときは1日100個も売れる人気商品です?https://t.co/W329qK7ItI pic.twitter.com/E161A1MTXK
— BQ B-spot explore (@B_spot_explore) March 30, 2018
На едно одмаралиште на автопатот има стар автомат каде можете да купите бенто кутии. За 300 јени (3 американски долари) можете да купите бенто подготвено во локална продавница.
За 300 јени, оние што патуваат можат да купат едноставна бенто кутија со месо и ориз и стапчиња за јадење. Може да се бира помеѓу три опции: пржено пилешко, свинска шницла и месо на скара, од кои третата е најпопуларна.
テレビで有名になった弁当自販機の焼肉弁当。
#これを見た人はフォルダの食べ物を晒す pic.twitter.com/Q70VuhAHVY— ちが (@citrus_spp) August 31, 2018
Познатото месо на скара од бенто автомат, за кое се зборува на ТВ.
За крај, во градот Кагошима, на југозападниот дел од островот Кјушу, се наоѓа автомат кој продава свежи палачинки. Лоциран е во шопинг квартот Тенмонкан, скриен близу автобуска станица и наводно, тешко се пронаоѓа.
Оние што се доволно среќни да го најдат овој најнеобичен автомат, можат да си купат вкусни палачинки по цена од 200 јени (околу 2 американски долари).
鹿児島の隠れた名物クレープの自販機! pic.twitter.com/eBocQVwotU
— やきとり弁当 (@kirakira2nd) August 24, 2018
Скриено богатство во Кагошима: автомат за палачинки!
Автоматот нуди палачинки со различни вкусови – крем од чоколадо, карамела, крем од јагода, сирење. Палачинките се продаваат во стаклени шишиња, а купувачите треба да ги вратат шишињата назад откако ќе завршат со јадење.
Бидејќи ова е најголемиот фаворит, некои корисници се прашуваат дали постојат вакви автомати и низ другите градови:
ないです・・・
いいなぁ!!— 林檎ソーダ@†AtRたまアリ2days超余韻† (@apple_soda1810) August 26, 2018
„Овој автомат за палачинки е во Кагошима, но има ли и во некоја друга префектура?“
„Немаме. Вие ептен имате среќа… “