Искусете ја „Улицата на денот“ во Токио заедно со јутјуберката Мимеи

„Кафулето на Такаши Мураками, влог за Токио и за мистериозните гача и Накано“ Слика од „Јутјуб“ каналот на Мимеи.

Со нејзините коментари полни со енергија во спој со динамична музика во заднина, популарната влогерка од Токио, Мимеи, ги прикажува разните улици од најнаселениот град на Јапонија, по една на ден на „Јутјуб“, „Инстаграм“, „Твитер“ и други социјални мрежи.

Мимеи, која е по потекло од Окленд, Нов Зеланд, за прв пат во 2010 година се приклучи на сајтот за споделување видеа по една година живеење во Јапонија, и „Земјата на Мимеи“ е всушност нејзин приказ наменет за јапонската публика.

Таа ја опишува „Земјата на Мимеи“ како место за „споделување на мојот живот, моите авантури, и моите чудни откритија со вас.“ Каналот на Мимеи на „Јутјуб“ моментално има преку 162,000 претплатници и собрал преку 14 милиони прегледи откако беше креиран во август 2011 година.

Фановите на каналот, кои Мимеи од љубов ги нарекува „Ананаси“ добиваат видеа во кои се прикажани многуте страни на Токио, од споредните улички на градот до квартот за шопинг Кагуразака, и светски-познатиот премин Шибуја. Скоро секое видео почнува со „Јапонската улица на денот“, и се прикажуваат преполни улици од разни локации низ Токио. Дознајте повеќе за Мимеи од нејзиниот видео вовед.

Профилот на Мимеи на „Инстаграм“ е исто така популарен, кадешто таа прикачува фотографии од Токио и други места.

Во ред, ќе престанам по оваа последна слика – не можам да дочекам да ги видам цветовите од црешите пак следната година

Освен истражувањето на скриеното богатство на Токио, „Земјата на Мимеи“ има и видеа каде се истражуваат и други корисни места во Јапонија, вклучувајќи ги замокот Химеџи и познатиот елен од Нара.

На овој канал се прикажуваат и видеа за нејзините патувања во други земји, како Јужна Кореја и Германија.

Вчера го поминав денот во Химеџи со мојот најдобар пријател во светот

Личните интереси на Мимеи додаваат шарм во видеата, со теми за места за јадење погодни за вегани во Токио, пробување чудни автомати гашапон (играчка-капсула), и дегустација на најновите пијалоци во „Старбакс“ во Јапонија. Возбудата од снимањето на нејзините авантури во Токио е во баланс со мали видео-блогови заедно со нејзиниот сопруг, колегата јапонски јутјубер ПДР-сан и нивните три мачки.

Секое видео содржи по неколку шик слики од разни места низ Токио, споени со заразна електронска музика, а сѐ потекнува од љубовта на Мимеи за фотографирање и монтирање видеа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.