Прошетајте низ Јапонија директно преку „Јутјуб“

Градината Гловер во Нагасаки. Фотографија на Невин Томпсон.
Дали отсекогаш сте сакале да ја посетите Јапонија, но сте немале прилика? Можеби немате време, или авионскиот билет (и сè друго што вклучува одење на одмор) едноставно е прескапо. Не грижете се – каналот на „Јутјуб“ „Kappa2700s“ ја шета Јапонија за вас.
Посветен на „патување, шетање и јадење“, започнат во јули 2012, и досега околу пет милиони луѓе ги погледнале видеата на каналот.
За разлика од многу комерцијално ориентирани канали кои прикачуваат видеа за популарни туристички локации, каналот „Kappa2700s“ има една уникатна одлика: нема коментари од авторот. Наместо тоа, видеата се тивки прошетки низ популарни туристички обележја.
Она што ги прави овие видеа особено корисни за туристите или кој било што го интересира Јапонија е тоа што секое видео вклучува забелешки на англиски, со обележување на времето, кога конкретно туристичко обележје е на екранот.
Корисничкиот профил на „Јутјуб“ „Kappa2700s“ има најмалку двесте видеа од речиси секој дел на Јапонија. Еве само неколку примери.
Источно Кјото
Кјото е една од најпопуларните туристички дестинации во Јапонија, која прими 15 милиони посетители во 2017. Една од најпопуларните туристички дестинации во самиот град е неговата источна страна, каде се наоѓа Хигашијама. Впечатливи моменти од ова видео ги вклучуваат областа околу храмот Кијомизу, маалата Гион и Понточо, тесна уличка полна со ексклузивни чајџилници и мали барови.
Маизуру и Аманохашидате
Лоциран на изолираното и главно рурално крајбрежје на префектурата Кјото на Јапонското Море, Аманохашидате („небескиот лебдечки мост“) е уште едно популарно туристичко место кое сè уште во голема мера е неоткриено од туристите надвор од Јапонија.
Видеото започнува на станицата Осака, со попатно застанување на историската база на морнарицата Маизуру. Ова морнарско гратче е познато по викторијанската архитектура со црвени тули и морнарско кари – карито за првпат било прифатено во Јапонија од Адмиралот Того во седумдесетите години на 19 век.
Видеото завршува со тура низ Аманохашидате.
Курашики
Курашики, во Окојама, западна Јапонија, претставува уште една популарна туристичка дестинација позната по големиот број на реставрирани „кури“ или традиционални јапонски складишта. Со ова видео ќе прошетате низ историскиот кварт Курашики Бикан а потоа продолжувате со тура низ замокот Окајама.
Матцујама и Дого Онсен
Лоциран на северозападниот дел на островот Шикоку, Матцујама е дом на веројатно најпознатиот топол извор во цела Јапонија, Дого Онсен.
Градот ја има „главната улога“ во романот Ботчан (坊っちゃん) на Натсуме Сосеки напишан во 1906, едно од најпознатите јапонски книжевни дела, а главната јавна бања во Дого Онсен претставувала инспирација за бањата во анимираниот филм „Spirited Away“.
Во видеото ја посетуваме главната бања, и исто така има кратка пауза во кафуле во кое се продаваат напитоци и слатки од јузу и други цитрусни овошја кои се одгледуваат во областа Матцујама.
Нагасаки
Нагасаки, кој се наоѓа на островот Кјуши, можеби е најпознат надвор од Јапонија како местото каде беше фрлена втората атомска бомба која ја заврши Втората светска војна. Овој пристанишен град има долга и богата историја благодарение на историските врски со Европа и Кина.
Видеото ги посетува музејот на Атомската бомба во Нагасаки и Паркот на мирот, но исто така ве води и низ градината Гловер и поранешниот дом на Томас Гловер, Шкот кој се населил во Нагасаки непосредно по отворањето на Јапонија кон остатокот од светот кое се случи во шеесетите години на 19 век. Гловер ја играл улогата на „спроводник“ при внесувањето европски технологии — вклучувајќи и оружја — во Јапонија, и можеби придонел државата да почне да го гради својот пат кон Втората светска војна.
Посетете го речиси секој дел од Јапонија преку „Јутјуб“
Овие тури се само многу мал дел од понудата на овој канал. Каналот на „kappa2700s“ има стотици видеа снимени низ цела Јапонија, вклучително и видеа снимени во Нара, античкиот главен град на Јапонија, и Осака, впечатливиот и шаренолик втор најголем град во Јапонија.
А ако сте во сакате да ја видите легендарната планина Фуџи, „kappa2700s“ има видео и за тоа.
Категории

Започни ја конверзацијата
Категории
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!