Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Порторико: Кале 13 достигна нови височини со новиот музички спот

Со повеќе од 2 милиони прегледи откога беше ставен на Јутјуб пред една недела, новиот видеоспот на Кале 13 наречен „Латиноамерика“, наиде на широко прифаќање онлајн и ширум светот. Клипот, корежиран од Јорге Кармона и Милован Радович, започнува со порториканското дуо на браќата Рене Перез Јоглар (резидент) и Едуардо Хозе Кабра Мартинез (посетител) кои посетуваат мала перуанска радиостаница во планините, каде се запознаваат со диџеј кој го зборува кечуа јазикот. Потоа се менуваат снимки од латино-американски народ и предели, како и неколку анимирани сегменти во кои се споменуваат зборовите „vamos dibujando el camino”“ [шпански] (ние го цртаме патот како што се движиме).

Неколку блогови од порториканската блогосфера коментираа за спотот „Латиноамерика“. Ивоне Акоста Леспиер, од блогот Sin Mordazas [шпански] напиша:

En lo alto de los Andes, en tierra Inca, nuestros embajadores de buena voluntad René Pérez (Residente) y su hermano Eduardo Cabra (Visitante), censurados en su propia tierra, cantan lo que quisieran que nuestra gente escuchara a “las caras más bonitas que he conocido” que resultan ser los olvidados del mundo en la era del capitalismo salvaje.

Во височините на Андите, во земјата на Инките, нашите амбасадори на добра волја Рене Перез (резидент) и неговиот брат Едуардо Кабра (посетител), цензурирани во нивната сопствена земја, пеат за она што посакуваат нашите луѓе да го чујат, до „најубавите места кои ги познавам“, кои се светски заборавените луѓе во капиталистичката ера.

Таа додава:

El estribillo podría ser un himno para cantarle a los desarrollistas preferidos por este Gobierno que se canta “verde” pero destruye la naturaleza de nuestra Isla para venderle terrenos, incluyendo los que antes estaban protegidos, al mejor postor y ganar millones.

Стиховите можат да бидат химната која ќе се пее на омилените развивачи на оваа влада, кои се налекуваат себеси „зелени“ но ја уништуваат природата за да продаваат земја, вклучувајќи ги и тие земјишта кои претходно биле заштитени, на најдобрите понудувачи за да заработат милиони.

PuertoRicoIndie.com, кој неодамна објави есеј [шпански] со кој ја споредува „Латиноамерика“ на Кале 13 со песна од некогаш познатата мексиканска рок група Мања која го дели истото име, го кажа следново во врска со спотот:

Una colaboración entre los directores Jorge Carmona y Milovan Radovic, el vídeo captura la diversidad del continente, encontrando su esencia entre su gente y sus paisajes. Logra esto con la misma efectividad que lo hacen la música y letras del tema – René Pérez y Eduardo Cabra reconocen que el tema es más grande que ellos dos y que el trabajó está en documentar. Tampoco se trata de sorpresas, si no de un reflejo – de la historia, de la realidad, de la actualidad.

Соработка помеѓу режисерите Јорге Кармона и Милован Радович, спотот ја доловува различноста на континентот, наоѓајќи ја неговата суштина меѓу неговиот народ и пејсажи. Ова го постигнува со истата ефикасност како и музиката и стиховите на песната – Рене Перез и Едуардо Кабра сметаат дека оваа песна е поголема од нив двајцата и дека нивната работа е да документираат. Во суштина не се работи за изненадувања, туку за создавање на одраз – на историјата на континентот, неговата реалност, и денешницата.

Рене „Резидентот“ Перез, кој ја помина неделата активно промовирајќи го спотот преку неговиот профил на Твитер, @Calle13Oficial [шпански] гордо изјави за неговите милиони следбеници:

el video de #Latinoamerica en menos de 1 semana llegara a los 2 millones de views,sin sonar en la radio.

Спотот за „Латиноамерика“ за помалку од недела ќе достигне 2 милиони прегледи, без песната да биде пуштена на радио.

Тој подоцна додаде:

El video de”Latinoamérica” llegó a las 2 millones de visitas..Gracias a VEVO por nada..jeje..

Спотот за „Латиноамерика“ достигна 2 милиони прегледи… Ти благодарам за ништо, VEVO!

Спотот за „Латиноамерика“ беше директно поставен на Јутјуб од страна на групата, избегнувајќи ја популарната синдикална форма за музички спотови VEVO, која се користи од многу меѓународни уметници и е во косопственост на Sony Music Entertainment, Universal Music Group, и Abu Dhabi Media.

Кале 13 неодамна беа номинирани во рекордни 10 категории за Латинските Греми награди 2011, вклучувајќи ја категоријата „Песна на годината“ и „Рекорд на годината“ за „Латиноамерика“.

*Ко-автор на написот Цезар Сантиаго.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.