Ги гледате сите јазици горе? Ние ги преведуваме сториите на Глобал војсис за светските граѓански медиуми да бидат достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Лингва  »

12-годишната Лили Сатидтанасарн се бори против загадувањето со пластика во Тајланд

Лили Сатидтанасарн подучува деца од градинка за потребата да се прекине со користење пластични предмети за една употреба во општеството. Фото од страницата на Фејсбук „Бај бај пластични кеси Тајланд“ (Bye Bye Plastic Bags Thailand).

12-годишната Рајлин Сатидтанасарн, позната како Лили е една од учесничите на протестот од 20 септември при кој тие симулираа „умирање“  пред Министерството за природни ресурси и животна средина на Тајланд, со цел да го симболизираат влошувањето на климатската криза. Тоа беше дел од глобалниот штрајк за климата кој го иницираа претежно млади луѓе низ целиот свет со цел да ја нагласат потребата за итна акција со која ќе се запре брзото загревање на планетата.

Лили е позната во Тајланд по застапувањето да се намали користењето пластика. Во последните четири години таа има разговарано со функционери, директори на фирми и граѓански лидери со цел да се намали загадувањето предизвикано со користење пластични предмети за една употреба.

Нејзините напори успејаа да го свртат вниманието кон алармантното ниво на пластичен отпад во Тајланд. Благодарение на нејзиното застапување супермаркет во Бангкок престанал да нуди пластични кеси по еден ден во неделата.

Во интервју за „Глобал војсис“ преку „ВатсАп“ овозможено од нејзиното семејство, Лили рече дека не е сигурнаа дали треба да се нарекува себеси застапник за животната средина бидејќи смета дека нејзината работа е поголема одговорност:

I feel the responsibilities to do something about it now. I don’t know that I am an environment advocate like you said. I just want to do something to help out. My family always teach me that if we can do something to help then we should. I saw many issues where we live and I know even kids like me can change to do something about it, so I do that. Also, it’s not enough that only I-myself do something. Everyone should come help too. The government and people with power too. I can tell others to help by letting them know the issues and that they can do something about it.

Се чувствувам одговорна да сторам нешто во врска со тоа сега. Не знам дали сум застапник за животната средина како што ме нарековте. Јас само сакам да направам нешто со што ќе помогнам. Моето семејство секогаш ме учи дека ако може да направиме нешто со што ќе помогнеме, дека треба да го сториме тоа. Видов дека таму каде што живееме има многу нерешени прашања и знам дека дури и децата како мене може да променат нешто во врска со нив, па го правам тоа. Исто така не е доволно ако само јас самата направам нешто. Сите треба да дојдат и да помогнат. Владата и луѓето на власт исто така. Можам да им кажам на другите да помогнат со тоа што ќе ги известам за проблемите и дека и тие може да направат нешто во врска со тоа.

Лили се загрижила за животната средина на осумгодишна возраст кога видела пластичен отпад на плажа додека била на одмор со семејството.

Лили ги сподели некои од предизвиците и тешкотиите со кои се соочила додека се обидувала да допре до властите и лидерите во општеството:

Adults think I’m doing homework or a school project. They didn’t take me seriously but I kept emailing them and now they take me seriously. I have meetings with them and present my ideas and I showed them what I have done so far. People will follow me not because I have an opinion or knowledge about something. People will follow me because I do it, I showed them I made the change.

Возрасните мислат дека правам некаква домашна задача или училишен проект. Тие не ме сфатија сериозно, но јас продолжив да им праќам е-пошта и сега тие ме сфаќаат сериозно. Имав состаноци со нив и им ги претставив моите идеи и им покажав што имам направено до сега. Луѓето ќе ме следат не затоа што имам мислење или знаење за нешто. Луѓето ќе ме следат бидејќи го правам тоа, бидејќи им покажав дека ја направив промената.

Лили, тајландската Грета Тунберг, води „војна“ против пластиката.

Многу медиумски објави ја опишуваат Лили како „Грета Тунберг од Тајланд“, поврзувајќи ја со 16-годишната девојка активист за климата од Шведска која стана популарна икона на глобалниот климатски штрајк. Ова е реакцијата на Лили:

Greta is very important to me. She symbolizes that kids have power to change and I have believed that for a long time already. I don’t think I’m Greta of Thailand. I’m my own person. So, I’m Lilly. I live in Thailand and I’m a citizen of the world. The earth is what we all have in common.

Грета ми е многу важна. Таа е симбол дека децата имаат моќ да направат промени и јас веќе одамна верував во тоа. Не мислам дека сум Грета од Тајланд. Јас сум си своја. Така што, јас сум Лили. Јас живеам во Тајланд и јас сум граѓанка на светот. Земјата е наше заедничко добро.

Лили го упати следното потсетување до тајландските државните функционери:

I think if the government agrees that our environment is important then they should declare that we are in a crisis in all parts of Thailand. We have serious droughts and flooding for decades. So many sea creatures are dead from eating plastic. We have only 34% of the rainforest left in Thailand. We are depleting fossil fuels. There won’t be any left. And we have so many new factories and increasing carbon emission. So, with all the issues we are facing, we should declare Climate Emergency for Thailand.

Мислам дека ако Владата се согласува дека животната средина е важна, тогаш треба да прогласат дека сме во криза во сите делови на Тајланд. Со децении имаме сериозни суши и поплави. Толку многу морски животни умираат од јадење пластика. Останати ни се само 34% од тајландските дождовни шуми. Ги трошиме фосилните горова. Наскоро ништо од нема да остане. И имаме толку многу нови фабрики и ја зголемуваме испуштањето на јаглерод во атмосферата. Зароа, со сите проблеми со кои се соочуваме, треба да прогласиме климатска вонредна состојба за Тајланд.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.