Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Недела за подигнување на свеста за глувите луѓе: Организирање офлајн активности онлајн

Фотографија од рака

Овој сегмент од Неделата за подигнување на свеста за глувите луѓе (дел 1, дел 2) ни покажува како глувите луѓе користат видеа за да ги организираат своите заедници и зајакнат своите офлајн односи.

Во Колумбија, се организира 4тата конференција за млади глуви луѓе и на следново видео, Сандра и Еличер, организатори на настанот, ни го покажуваат нам и на колумбиската заедница за глуви рекреативниот парк, каде ќе се одржи оваа година конференцијата, овој пат на шпански знаковен јазик и нарација на шпански:

Исто така, во различни земји се одржуваат и други конференции за заедниците на глуви. Ова видео ги повикува гледачите да учествуваат на првата духовна конференција за глуви во Латинска Америка, а во друго видео е прикажана покана за активности во Костарика за време на Неделата за подигнување на свеста за глувите луѓе.

Како дел од иницијативата да се приклучат повеќе глуви луѓе во видеоблогирањето, елојп креираше видео упатство на знаковен јазик, во кое се објаснува како да се отвори блогерски профил и да се започне со „знаковен блог“.

Фотографијата од рака е од Џон-Морган, користена под Криејтив комонс лиценца – Наведи извор.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.