Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Бразил: Блогери дискутираат на прашањето зошто сè уште има расизам во земјата

Пред две недели, Глобал Војсис ја објавија приказната за Жануарио Алвес де Сантана, црнец кој бил претепан од обезбедувањето на една од најголемите меѓународни продавници за малопродажба во Бразил. Додека си го чекал семејството на паркингот пред супермаркетот, Жануарио бил обвинет за обид на кражба на неговата сопсвена кола, под изговор дека, како црнец, тој не би можел да поседува толку луксузна кола.

Ова уште повеќе ја подгрева секогаш жестоката и контроверзна дебата за расизмот во Бразил (следете го овој линк за постар напис на Глобал Војсис на оваа тема) и послужи како инспирација за многу написи на блогови, најголемиот дел од кои го отфрлаа мислењето на високата класа дека во Бразил нема расизам и дека општествените класи се вистинската причина за постоењето на случаи како што e овој со Жануарио.

На 11 септември, студенти и вработени од Универзитетот во Сао Паоло, каде што работи Жануарио Алвес де Сантана, се собраа за да дискутираат заедно на прашањето зошто расизмот е сè уште присутен во секојдневниот живот. На тркалезната маса „Расизам, насилство и глобализација“ беше изјавено: „Карефур нападна црнец од Бразил: тоа е годината на Франција во Бразил“. На блогот на Pão e Rosas можеме да најдеме коментари и слики од настанот:

Todas as falas enfatizaram que o caso não é isolado, mas expressa sim como o racismo ainda é uma marca profunda da sociedade em que vivemos. Nós do Pão e Rosas nos colocamos de pé, ao lado de Januário e todos os negros e negras que sofrem com o racismo e a violência policial. Do mesmo modo, nos colocamos ao lado dos moradores das favelas que têm se manifestado contra a repressão da polícia , como em Heliópolis na semana passada. A realidade impõe que nos levantemos!

Сите говори истакнуваа дека случајот на Жануарио не е единствен од оваа природа, туку случај што прикажува дека расизмот е сè уште длабоко вкоренет во општеството во кое живееме. Ние ја изразуваме својата солидарност со Жануарио на блогот Pão e Rosas, како и со сите црни мажи и жени кои имаат страдано од расизам или од насилство на полицијата. Понатаму, ние ги поддржуваме сите жители во сиромашните квартови кои имаат демонстрирано против репресијата од полицијата, како што беше случајот во Хелиополис минатата недела. Реалноста бара од нас да се кренеме!
Говорот на Жануарио на една јавна дебата во Универзитетот во Сао Паоло

Говорот на Жануарио на една јавна дебата во Универзитетот во Сао Паоло

Алекс Кастро од блогот Liberal, Libertário e Libertino, многу прецизно го разработува прашањето за расизам и посебно истакнува еден загрижувачки факт од историјата на расизмот во Бразил, велејќи дека вистинскиот проблем лежи во тоа што во општеството немало расен конфликт:

No Brasil, nunca houve leis racistas proibindo negros de ingressarem em restaurantes, hotéis, tribunais porque a própria estrutura socioeconômica perversa já era garantia mais do que suficiente de que negros somente entrariam nesses ambientes pra varrer o chão e servir café. O Brasil é tão arraigadamente racista que nunca nem precisou de leis racistas para manter seus negros em posição totalmente inferiorizada.

Во Бразил никогаш немало расистички закон кој им забранувал на црнците да влегуваат во ресторани, хотели, судови, итн., затоа што самата општествено-економска рамка на земјата може повеќе од доволно да гарантира дека црнците никогаш не би влегле во такво место, освен ако не бришат под или служат кафе. Бразил е толку непоправно расистичка земја што никогаш не биле потребни расистички закони за задржување на црнците во нивната многу ниска позиција.

Неговиот блог можеше исто да се пронајде преку блогот на Adventures of а Gringa на Рејчел Гликхаус и неколку читатели одговорија на неговите размислувања. На пример, Роџер Пенгвино остави коментар:

Para aqueles que sempre pensaram que no Brasil não ocorre problemas raciais, aqui encontra-se um ponto de partida para nova reflexão sobre a realidade. Sempre ouvi de amigos Americanos que no Brasil “everyone just gets along” e sempre foi difícil explicar a complexa e sistemática institucionalização do racismo brasileiro. Muitos ao olharam para população brasileira dizem ver uma mistura racial maior que de outros grandes países, mas claro que deixam de perceber os milhares que lutam contra si mesmos porque nesta mistura aprenderam a odiar sua própria condição.

За оние кои отсекогаш мислеле дека во Бразил нема расни проблеми, еве една појдовна точка од која ќе можат да ја преобмислат реалноста. Отсекогаш сум слушал од моите американски пријатели дека во Бразил „сите се сложни“ и секогаш ми било тешко да го објаснам сложеното и системско прифаќање на расизмот во Бразил. Многу луѓе кога ги гледаат Бразилците заклучуваат дека таму има поголема мешавина од раси од другите земји, но тие нормално не ги гледаат илјадниците кои се борат самите со себе затоа што, во една таква мешавина, научиле да си ја мразат својата положба.

Во јуни годинава, Лукреција Пако, една од најголемите мозамбички глумици која настапуваше во една претстава во Сао Паоло, беше жртва на расизам, кога случајно се судри со една бела жена во редицата во една менувачница во трговскиот центар. Леонардо Сакамото од блогот Blog do Sakamoto, како и блогот Viomundo blog, повторно ја објави веста, оригинално издадена од списанието Епока, давајќи свое мислење.

Тогаш, жената ја пријави Лукреција како потенцијален крадец и почна да вика гласно барајќи ја имиграционата полиција. Лукреција изреагира гласно, викајќи ѝ на жената дека има многу Бразилци кои одат да живеат во Мозамбик и дека таму тие не се жртви на лош третман, туку се примени со отворени раце. Новинарот Елејн Брум, кој ја интервјуираше Лукреција Пако, изјави:

Lucrécia não consegue esquecer. “Não pude dormir à noite, fiquei muito mal”, diz. “Comecei a ficar paranoica, a ver sinais de discriminação no restaurante, em todo o lugar que ia. E eu não quero isso pra mim.” Em seus 39 anos de vida dura, num país que foi colônia portuguesa até 1975 e, depois, devastado por 20 anos de guerra civil, Lucrécia nunca tinha passado por nada assim. “Eu nunca fui discriminada dessa maneira”, diz. “Dá uma dor na gente. ”

Лукреција не може да го заборави инцидентот. „Не можев да спијам вечерта. Нависитна бев под шок“, вели таа. „Почнав да станувам параноична, да забележувам предрасуди во ресторани, и воопшто насекаде. А не си го посакувам тоа себеси.“ За време на нејзините макотрпни 39 години, во земја која беше португалска колонија до 1975 година, за подоцна да биде опустошена од 20 годишна граѓанска војна, Лукреција никогаш нема видено вакво нешто. „Никогаш не сум била дискриминирана на овој начин“, вели таа. „Ми остави чувство на длабока болка.“

Глорија Кабо, читател на блогот Blog do Sakamoto, кометираше на интервјуто. Таа го сподели и своето семејно сведоштво за да се разјасни зошто Бразилците го култивираат расизмот:

No Brasil não só é difícil ser negro, como também: nordestino, pobre, tatuado, gay, punk, feio. Nem as loiras escapam… Mas, de onde vem esse preconceito? E como acabar com ele? A origem do problema, no meu ponto de vista está nas nossas próprias origens. Somos descendentes de europeus preconceituosos, retrógrados e antiquados. Eu como filha de europeus, convivi com racismo explicito de meus pais, com comentários absurdos de que meu pai não queria ter um “negrinho” o chamando de avô. Eu mesma, confesso, que já tive pensamentos racistas. Mas, com a maturidade, analisei meus preconceitos e descobri que não eram meus, e sim uma herança pobre e sem sentido herdada de pais preconceituosos. Buscar a origem do racismo, analisar que diferenças são normais e necessárias, isso faria toda a diferença.

Во Бразил не е тешко само ако си црнец, туку и ако си од североистокот, ако си сиромашен, тетовиран, хомосексуалец, панкер, или пак грд. Дури ни русокосите девојки не се изоставени од листата… но од кај потекнуваат сите овие предрасуди? Како да им ставиме крај? Коренот на проблемот, според мене, се наоѓа во нашето потекло. Ние сме потомци на заостанати и закоравени Европејци кои се преполни со предрасуди. Како дете на Европејци, јас растев со експлицитниот расизам на моите родители, со бесмислените коментари од татко ми, кој велеше дека не сака некогаш некое„црнче“ да го нарекува татко. Признавам дека и јас сум имала расистички мисли. Но, како што созревав, размислував за своите предрасуди и заклучив дека не произлегуваат од мене лично, туку од глупавото, бесмислено наледство од моите родители. Да се побара изворот на расизмот, да се сфати дека разликите се нормални и неопходни, тоа би променило многу работи.

Педро Турамбар од блогот O Crepúsculo наведува еден друг случај на расизам што го засведочил додека бил во шопинг во Карефур. Продавачката од продавницата за малопродажба прашала една црна жена дали кредитната картичка што ја користи за купување е нејзина. Педро сугерираше дека продавачката го направала тоа само заради количината на добра што жената сакала да ги купи со картичката. Црната жена всушност била куќна помошничка и нејзиниот работодавач, постара бела жена која тогаш не чекела со неа во редот, ѝ пришла на продавачката, викајќи гласно: „Ова се предрасуди! Ова е расна дискриминација!“. Педро вели:

O trabalho dela é perguntar e pedir a identidade. […]. DESDE QUE ELA FAÇA ISSO COM TODO MUNDO. Mas tanto você quanto eu, sabe que isso não acontece e não foi por isso que a moça pediu para a empregada provar que era titular do cartão

Нејзина работа е да бара потврда за сопственост на картичката. СЕ ДОДЕКА ГО ПРАВИ ТОА СО СИТЕ. Но, сите знаеме добро дека не е така и дека не беше тоа вистинската причина зошто продавачката побара од куќната помошничка доказ дека картичката е нејзина.

И додава:

Eu iria pagar a conta com o cartão de crédito do meu irmão e tinha certeza que o caixa não iria me perguntar se eu era o titular do cartão. Dito e feito. Paguei com um cartão de uma conta da qual não sou titular, mas como sou branco, gordinho, fofinho bonitinho, jamais pensariam que eu roubei o cartão para comprar meia dúzia de produtos de limpeza.

O melhor foi o medo que eu coloquei no caixa que me atendeu. Ele ironicamente e sarcasticamente comentava o fato, e quando o cara do casal de trás disse brincando “Eu não to pagando com meu cartão não em! e se você falar que não é meu eu subo aqui em cima e fico louco”, o caixa morreu de rir. Até que eu disse que o cartão que eu acabara de pagar não era meu. Disse isso rindo também, por isso ele achou que era brincadeira, até que eu fechei a cara e repeti “O cartão não é meu. Mesmo. Eu não me chamo Daniel.” Ele olhou para mim e viu que eu falava sério. Engoliu o riso e claramente ficou com medo. Eu apenas disse “A mulher tá certa. Certíssima em dizer que foi preconceito, porque foi.”, me despedi do casal – que olhava para mim com uma cara de júbilo – peguei as compras e fui embora.

Планирав да платам со кредитната картичка на брат ми и сигурен бев дека касиерот нема да ме праша дали е моја. Така и испадна. Јас платив со картичка од сметка во банка што не е моја, но бидејќи сум бел, буцкаст, мек и сладок, никогаш немаа да помислат дека би украл кредитна картичка за да купам дузина препарати за чистење. Најдобар дел беше стравот на касиерот кој ги внесе моите продукти. Тој даваше иронични и саркастични коментари за ситуацијата и почна да се смее кога дечкото од двојката позади мене се пошегува велејќи „ Јас не плаќам со своја кредитна картичка! И ако ми речете дека не е моја ќе седам тука и ќе спобудалам!“. Тогаш, јас реков дека кредитната картичка што штотуку ја искористив не е моја. Зборував смеејќи се, така што тој помисли дека се шегувам, но потоа станав сериозен и повторив: „Картичката не е моја. Не е навистина. Јас не сум Даниел.“ Ме погледна и сфати дека сум сериозен. Си ја проголта насмевката и се исплаши. Јас само реков: „Старата госпоѓа имаше право. Таа имаше право кога рече дека се работи за предрасуди, бидејќи навистина е така.“ Се збогував со двојката позади- која радосно ме гледаше – си ги собрав торбите и излегов.

Конечно, коментар на блогот на Алекс Кастро не вреди ништо. Читателот Те, јасно вели:

É mesmo, no Brasil faz falta uma Rosa Parks. […]

Навистина ни треба некој како Роза Паркс во Бразил. […]

Видео кампањата „Каде го чувате вашиот расизам?“ содржи многу вистински сведоштва за расизмот во Бразил. Таа беше создадена како јавна кампања против расизмот од Diálogos contra o Racismo (pela igualdade racial), [Дијалози против расизмот (за еднаквост меѓу расите)], група од повеќе од 40 организации на граѓанското општество посветена за искоренување на сиромаштијата и нееднаквоста и за стимулирање на дебати во училиштата, населбите, работните места, клубовите и домаќинствата, за односите меѓу расите и за начините на кои тие можат да се променат.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.