Црна Гора: Регистрирање .ME домен

Најголема вест во 2008 во светот на домените беше дека некој ден нема да ни требаат домени од највисоко ниво на начинот на кој ги користиме сега. На пример, наместо да ја посетите адресата http://www.globalvoicesonline.com, може да ја користите само http://globalvoicesonline. Секако овој ден е далеку во иднината и нема баш временска граница за имплементација на овој систем. Во меѓувреме, домените од највисоко ниво се многу важни и поради тоа, регистрирањето на нова екстензија, .ME доби големо внимание. Сепак, кој не би сакал да поседува домени како: watch.me(гледај ме), love.me (сакај ме) или thisannoys.me (ова ме вознемирува).

Кампања за .МЕ

Маркетинг кампањата за .МЕ

Многу едноставно може да се воочи на официјалната страница дека изворот на .МЕ екстензијата не е за маркетиншки цели, туку всушност е екстензија за Црна Гора. Да, оваа земја со население од 589 000 го има еден од најновите домени на интернет. Луѓето може ќе бидат изненадени да слушнат дека ова е нова екстензија за земја, бидејќи Црна Гора официјално е независна земја од 2006 и автономен регион за различни капацитети оваа декада. Пред некое време напишав за историјата на доделување на имињата на Худин:

Земете ја како пример поранешна Чехословачка. Кога се појави интернетот, ја доби екстензијата .cs, која потоа се откажа откако тие се поделија на Република Чешка – .cz и Словачка – .sk… Така, .cs беше повторно употребена за неуспешниот сојуз на Србија и Црна Гора. Нормално, тие од тогаш се поделија и постанаа .rs и .me соодветно… Сево ова е малку збркано, освен во случајот на Црна Гора. Тие добија неочекувана среќа со .me доменот. Ако тие сакаат (а најверојатно ќе сакаат) тие може да ја отворат регистрацијата за секој…

Ова е многу слично на она што се случи на Тонга, која го доби .to и Тувалу која ја доби уште попосакуваната екстензија .tv. Секако, продавањето на националниот домен на интернационални муштерии предизвикува незадоволство кај граѓаните. Личност со име „Его и сопствен“ напиша на НаправеноВоЦрнаГора:

…комплетно неразумно е да се овозможат сите права и ексклузивност за продавање на домени на една компанија. Ова е секако против интересите на Црна Гора, каде е потребно нејзиниот бренд да биде достапен на секој од населението. Веројатно ова се случува поради интерес на групи кои се многу платени за оваа работа и чии пријатели се членови на овој одбор. Доменот е практично одземен од општеството на Црна Гора и продаден за ситни пари и прави непоправлива штета на Црна Гора и нејзината иднина.

Оваа загриженост е тотално оправдана, бидејќи до денешен ден, регистрации од Грна Гора со .МЕ екстензија има само 1% од вкупно 100 000 регистрирани имиња, иако официјално беа направени одредби за компаниите и сопствениците на брендови од Црна Гора за закуп на нивните имиња пред да се отвори регистрирањето на .МЕ екстензија интернационално. Секако, Соединетите Држави и Велика Британија се двете држави со најмногу регистрирани домени, бидејќи „me“ е англиски збор и не се користи како збор во Црна Гора. Листа со топ 10 земји со регистрирани домени може да се погледне тука.

Додека историјата на овој домен е очигледна, се појавува прашањето за како некој да регистрира домен? Новите домени не се како оние кои сите ги знаеме, правејќи го регистрирањето на website.me покомплициран процес од регистрирање на website.com. Еден писател на НаправеноВоЦрнаГора, наречен „анон1“, беше меѓу многуте кои истакнаа листа со сите можни адреси кои треба да се регистрираат:

Сега треба да ги земеме и регистрираме, место нив, адресите од сите типови: milodjukanovic.me; svetimarovic.me, ficovujanovic.me, bolnica.me, zdravstvo.me, berza.me, … и потоа да ги продадеме за многу пари.

Но не е толку едноставно. Иницијалното издавање на имињата не е едноставен систем, каде некој може само да посети регистратор и да купи име. Црногорците создадоа систем за максимален профит од овие домени со поставување на систем за аукција. Бев љубопитен и пробав да купам име за себе и го напишав искуството на мојата страница, Худин:

Барав име кое изгледаше дека е слободно, кое беше taste.me (испробај ме), ја пополнив формата, ги внесов информациите за кредитната картичка и мислев дека сум горд сопственик на ова име. Ох, колку не бев во право… Излезе дека плаќањето на 100 долари не беше всушност негово купување. Со тоа добив место во листа, каде можам да давам понуди во аукција за доменот. Сево ова не е очигледно и со добра причина. Се сомневам дека многу луѓе би дале 100 долари за право за потоа да даваат понуди за нешто толку неважно како домен име… Изненадувачки, продолжив да добивам известувања за аукцијата за taste.me. Ова беше интересно да се следи, бидејќи за разлика од нормална аукција каде има временска рамка, оваа аукција функционираше на тој начин што ако некој даде понуда и ако има нова понуда за 24 часа, аукцијата ќе продолжи… Во случајот на taste.me, аукцијата траеше две недели и заврши со финална цена од 6 505 долари.

Други имиња достигнаа цена од 30 000 долари и нагоре. Ако овој систем не е доволно комплициран, неколку имиња намерно не беа понудени за генерална потрошувачка. Овие имиња ќе бидат дадени на аукција на 25ти септември. Мора да се каже дека целиот метод е помалку од транспарентен, но за оние кои сакаат да регистрираат и откупат име сега, тие чинат 20 долари, но изгледа тие ги следат популарните имиња и ги даваат на аукција. Значи, ако решите да го откупите mykittyneeds.me (Моето маче има потреба од мене), ќе откриете дека ќе ве чини многу повеќе од 20 долари и ќе мора да го купите на аукција. Накратко, со среќа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.