НВО организира прво твитер-интервју

10628761_757926980953336_8953249393905597018_o

НВО Dominemos la Tecnología (Да владееме со технологијата) поканува на првото #ТвитИнтервју „Од софтактивизмот до размислувања за социјална мрежа како место за протест”, кое ќе се одвива на 1ви септември од 11 до 13 часот (локално време, -3 UTC). Овој настан ќе се одвива на Твитер и учество ќе земе политичкиот новинар и експерт Наталиа Зуазо (@nataliazzz), која е авторот на книгата (се уште во изработка) „Војните на Интернет“. 

Оваа колективна сајбер-дебата има за цел продлабочување на влијанието на сајбер-активизмот, како дигиталните расправи се спротивни од оние на јавен простор, се некои од темите. Можете да ги доставите вашите прашања и мислења на @DominemoslasTIC.

Оваа НВО беше формирана во 2006 од група жени од различни делови од светот кои се залагаат за онлајн соработка за општествени промени и зајакнување на положбата на жените преку користење информациски и комуникациски технологии. Нивната цел е да ја покренат свеста кај интернет корисниците (особени девојките и жените) да ги контролираат ИКТ за ставање крај на насилството против жените.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.