Ејкон повторно создаде контроверзија во Карибите. Овој пат, изборот на територија е Гвајана. На концерт во националниот стадион во Гвајана, кој беше дел од регионалната прослава Карифеста, хип-хоп пејачот сурфаше низ публиката при неговиот обид да дојде до платформа за камера во средина на публиката. Неколку поддржувачи пристигаа на неа пред него и изгледа имаше судир кога Ејкон се обидуваше да се качи на платформата. Откако тој се искачи на бината, удри една од жените доволно силно за да ја бутне од подиумот.
Видео од инцидентот има насекаде низ интернетот и гвајанските блогери го интерпретираат овој најнов испад на Ејкон како демонстрација на пејачот за својата омраза кон жените.
Ливинг Гвајана се прашува зошто традиционалните медиуми не известија за овој инцидент во нивното покривање на концертот:
Во сите локални известувања за концертот, зошто тие не известија дека Ејкон физички нападнал две жени пред огромна публика во Гвајана?
Ејкон има репутација за напаѓање луѓе во различни форми. Тој симулираше секс со петнаесетгодишно девојче во Тринидад и фрли момче од сцена во САД. Овој тип е очигледно лудак и потребно е да биде затворен (ви звучи познато?) за да се заштити од негови понатамошни напади врз невини луѓе.
Тој е уште поизнервиран кога дознава колку бил платен Ејкон за неговиот настап, нарекувајќи го „шамар за жените од Гвајана од 160 000 долари“:
Инцидентот со Ејкон е уште еден пример какви работи поминуваат кај Гвајанците и колку лесно толерираат работи. Замислете 20 000 луѓе беа таму и ниеден не изреагира на овој момент за злоупотреба на жена од Гвајана. Секој маж со принципи би ги одбранил овие жени.
Ова е пародија. Го повикуваме министерот Рохи да го осуди Ејкон и да му забрани повторен влез во Гвајана. Која и да е оваа жена, треба да си најде добар адвокат и да го тужи идиотот.
Интересно, Гвајана911 ги окривува жените за овој инцидент:
Претходно, кога овие кловнови се обидоа да се качат на сцена… беа турнати. Не прекинувате концерт или национален настан на тој начин. Кога такво нешто се случува, понекогаш е потребен физички напор за да се решат работите.
Ако тие кловнови сакале да се качат на платформата, што треба Ејкон да направи? Да стои и да го држи микрофонот и само да ги гледа? Или се очекува од него да настапува и да ги игнорира додека тие се покажуваат.
Тој требаше да ги удри. Да ги научи на самоконтрола… Сите се запознаени дека Ејкон со право ги мрзи жените кои го покажуваат својот задник.
Јас не гледам како тоа што Ејкон го направи е погрешно.
Во секој случај, Сигнифин Гвајана мисли дека има поважни работи што треба да се земат во предвид:
Еден од навистина непријатните негативности што јас ги забележав за време на Карифеста беше нешто поголемо од неговото недоволно фокусирање (сѐ уште сум збунет за важноста на некои од настаните, на пример), но на страна од присуството на Ејкон, мојот најголем проблем со настанот беше недостатокот на младите гласови во дискусијата за состојбата на Карибискиот регион.