Раководењето со отпадот во светски рамки е тешка задача за многу земји, без разлика дали се тие развиени или не. Во Бразил, само околу 10% од градовите имаат правилна стратегија за справување со отпадот кој може да се рециклира, според Андре Тригуеро, новинар, професор и коментатор на CBN радио мрежата.
Во последните недели, беше претставена Националната политика за цврстите остатоци во бразилскиот дом на пратеници, која предизвика дискусија помеѓу бразилските блогери поради амандман во 33тиот член, кој се справува со регулациите за логистиката за враќање и задолжителното рециклирање на специјалниот отпад, кој повеќе не ја опфаќа електронската опрема. Многу луѓе сметаат дека ова е поради притисокот од рециклирачките компании, поради високите трошоци за справување со електронскиот отпад.
Реагирајќи на прифаќање на законот, Coletivo Lixo Eletrônico (Група за електронски отпад) го создаде Манифестот за електронски отпад [португалски] за да сподели неколку информации за тоа што би значела инклузијата на електронскиот отпад во националната политика за да се контролира цврсти остатоци за бразилската популација и нејзиниот живот. Еве извадок од манифестот:
No Brasil, temos uma oportunidade hoje que está sendo desperdiçada. Tramita na Câmara dos Deputados o Projeto de Lei da Política Nacional dos Resíduos Sólidos (PL 203/91). É imperativo que a Política Nacional de Resíduos Sólidos contemple os equipamentos eletro-eletrônicos e que estes sejam enquadrados como produtos especiais de logística reversa e reciclagem obrigatória. Os eletro-eletrônicos estarão cada vez mais presentes na nossa vida, trazendo benefícios na mesma velocidade em que produzem mais lixo com o qual ainda não lidamos corretamente. Regulamentar sua destinação é condição urgente e necessária para que possamos continuar a nos beneficiar dos avanços da tecnologia de maneira sustentável, sem pagar um alto preço ambiental e à saúde de nossa população.
Целосниот текст од манифест на англиски јазик може да се најде на персоналниот блог на авторот на овој текст.
Во интервју [португалски] на блогот Primeira Mão, Фелипе Андуза , од блогот за електронски отпад, еден од одговорните за манифестот, на прашањето за како се справува Бразил со електронскиот отпад, одговара:
Na esfera federal, há somente a Lei de Crimes Ambientais, que institui a responsabilidade até a deposição adequada de todos os produtos potencialmente contaminantes por seus fabricantes e algumas Resoluções CONAMA sobre pilhas e baterias. […] Boa parte deve parar no lixo doméstico, principalmente o que não pode ser doado, reaproveitado e etc. Estima-se que mais ou menos 1% do lixo eletrônico produzido no Brasil seja reciclado, somente.
На национално ниво, постои само Законот за прекршоци кон животната средина со кој може да се смета некој виновен за потенцијално токсични продукти додека тие не се правилно отстранети и постојат неколку резолуции за батерии од националниот совет за животна средина. […] Голем дел од овој тип на материјал завршува до домаќинските депонии, особено оние кои не може да се донираат или искористат повторно. Проценето е дека само околу 1% од бразилскиот електронски отпад моментално се рециклира.
Бидејќи оддржливоста побарува повисока стапка на рециклирање, амандманите во законот го носат Бразил во насока која не е компатибилна со населението на земјата и економскиот развој. Исто така е важно да се наспомне, за многу луѓе враќањето на електронската опрема би бил интересен начин за поддршка на проектите за дигиталната инклузија, кои ќе ја користат опремата што сè уште е во добра состојба.
За да се бара поддршка за манифестот, креирана е онлајн петиција и полека добива поддршка преку бразилскиот интернет. Потребно е брзо да се прошири гласот, бидејќи може да биде донесен законот со непријателски амандман кон животната средина, но традиционалните медиуми сè уште не ја покриваат темата.
Во коментар на блогот на манифестот за електронски отпад, Валфридо Асунчао се сеќава на време кога слично, гумите беа оставани во природата, на пример во реките, без внимание од страна на екологистите и населението; посочувајќи [португалски] интересен аспект, тој вели:
[…] Quem de nós não tem no porão, na garagem ou numa prateleira qualquer um televisor ou computador obsoleto “esquecido”? Quem de nós não tem um (ou vários) telefone celular obsoleto em uma gaveta qualquer? Esses eletro-eletrônicos hoje que são “parte da paisagem ou da decoração”, no futuro não muito distante se tornarão também num preocupante passivo.
Карин Естевам исто така го разгледува [португалски] постот на блогот на манифестот, велејќи:
Achei maravilhosa esta iniciativa de fazer o Manifesto, afinal precisamos participar incisivamente do processo de formação das Politas Publicas Ambientais.
O lixo é uma questão muito seria e extramamente relevante, principalmente este tipo de lixo já que não se tem ideia do período de decomposição e por isso deve-se buscar alternativas para o seu descarte.
Vou assinar com todo prazer!
Отпадот е сериозна и многу значајна работа особено овој тип на материјал, бидејќи немаме знаење за потребното време за распаѓање и затоа треба да најдеме алтернативни начини за негово отстранување.
Јас со задоволство ќе се вклучам!
Лекадо ги искажа своите ставови за темата, истакнувајќи [португалски]:
O mundo está uma verdadeira imundície!
O lixo diário e por vezes lixo por segundo (nova medida de lixo/tempo) é produzido pelo consumismo exacerbado da humanidade… espero que não sejamos omissos neste caso de importância mundial!
Дневниот отпад и во многу случаи производството на отпад во секунда (нова мерка за растот на отпадот) е резултат на човековиот зголемен конзумеризам… Се надевам дека дема да бидете тивки за ваква работа од глобална важност!
Како заклучок, размислувањето за начини за раководење со остатоците од електронската индустрија е дел од предлагањето и создавањето на оддржлив начин на живот и систем за рециклирање на електронските апарати. Кибер-активизмот и онлајн учеството ја подигнуваат свеста за потребите на јавноста, кои моментално се запоставуваат од интересите на економската индустрија.