На мојот Твитер профил можам да се пофалам со еден од британските најбогати претприемачи, Лорд Алан Шугар, раперот 50cent и Пирс Морган од CNN, но добивањето одговор од претседателот на ветувачка африканска држава е едноставно запрепастувачки, дури и за искусен новинар и блогер како мене.
Проблемот со познатите личности како Лорд Шугар, вообичаено наречен Шугс од страна на неговите следбеници на Твитер, Морган наречен Пирси од страна на неговата армија следбеници и 50cent со неговиот премногу амбициозен проект за да се нахранат 1 милијарда Африканци (буквално целата популација на континентот) во наредните пет години, е тоа што тие ретко, ако воопшто, одговараат на твитови.
Пред неколку дена, на шега водејќи се од претпазливоста поради големиот број лажни и измамнички кориснички сметки од познати и славни личности на Твитер и другите мрежи, одговорив на твит во кој се споменуваше претседателот на Руанда, Пол Кагаме, за кој не очекував одговор од него. Доколку нешто очекував, тоа беше одговорот да дојде од оригиналниот објавувач.
Мора да се признае, тоа беше банална размена за тоа зошто тој носи цел спектар на уреди од Ајпод до Блекпери и Ајпед, кои горе долу служат за истата цел.
Дискусијата се развиваше на следниов начин:
@paulkagame користи Ајпед 2, Блекбери Торч и Ајпод. #Mindspeak
Јас одговорив:
@RobertAlai: @paulkagame користи Ајпед 2, Блекбери Торч и Ајпод.” Мислев дека Ајпед има опции од Ајпод. Lol.
Во наредните неколку твитови кои доаѓаа од Пол Кагаме, чија биографија едноставно вели, „Претседател на Република Руанда, пишете на: paulkagame@gov.rw“ исто така давајќи го неговиот веб-сајт http://www.paulkagame.com, ме изненади. Очигледно, пишува во разговорен стил со последователно објавување на твитови:
@GNdhlovu. Едниот го добив долго време после првиот… и ја имам слободата да го користам како што сакам иако во некои аспекти служат за истите работи
@GNdhlovu …цел! Дефинитивно постојат некои преклопувања во сите нив… како ќе ги користиш е твоја работа!
@GNdhlovu. Исто така имаат и различна практична употреба…!
Одговорив пред да видам дека тој зборува за тоа зошто ги користи сите овие уреди:
@PaulKagame: @GNdhlovu. Исто така имаат и различна практична употреба…!” Се согласувам ВВ [Ваше Височество]. Ајподот одлично влегува во џебот. Благодарам на одговорот.
Откога сфатив дека темата е Ајподи/Ајпеди, набрзина поставив прашање за видот на музика која ја има на неговиот Ајпод, на кое за жал, тој сеуште нема одговорено.
@PaulKagame Ме интересира ВВ, каков вид на музика имате на вашиот Ајпод и кои се вашите најпопуларни музичари во него? Има некои дела од Руанда?
Разгледувајќи го профилот на претседателот Кагаме, се чини дека тој редовно разговара со други нетизени на различни теми. На пример, во разговорот подолу за што се чини дека е прашање за економијата во Руанда, тој елаборирал што прави неговата влада за да ја подобри економијата.
@ramaisibo. И процедурата и исходот се важни- подобро е и двете да се правилни- доколку нешто не излезе како што треба, тоа не треба да е исходот!!
Тој го воведе и неговиот Министер за финансии во дискусијата:
@MinFinanceRw. Кажи му нешто повеќе за тоа како стратегијата започна да дава плод и како заработката од извозот расте постојано! Јас би кажал…
@MinFinanceRw …се очекува од @ramaisibo повеќе во рамки на идеи (придонесување кон решението) а потоа поставување на таков вид на прашање!
@ramaisibo. Се прашувам дали оваа дебата помеѓу луѓе како тебе помага на овој начин!!! Доколку @ramaisibo нема мнозинство ..
@ramaisibo ..да ги изрази своите идеи- ќе разберам! Сигурен сум дека ќе завршиш само со одење напред назад и ништо повеќе…!!
@ramaisibo Инфлацијата е најниска во регионот и пошироко, доколку не си знаел! Па затоа, јас само…
@ramaisibo …советувам дека постои подобар начин за придонесување кон дебатата (кој отсекогаш бил таму)!!!
Размената на Твитер на Кагаме со нетизените е сигурно иновативна и го става во водство пред неговите современи африкански лидери, кои во најдобар случај се недостапни за мнозинстовото граѓани или во најлош случај не сакаат да ги слушаат нивните граѓани, а уште помалку нетизените без обзир дали се или не се нивни граѓани.
На 5 мај, 2011 година, Пол Кагаме постана првиот африкански лидер интервјуиран од YouTube World View. На почетокот на оваа година, кениски блогер со седиште во Руанда го покани Пол Кагаме преку Твитер да ги посети децата од Ibirunga Tennis Court во градот Музанце. Кагаме одговори на твитот, и ги посети.
Твитер профилот на Пол Кагаме е потврден. Твитер користи систем за потврдување за да ја утврди автентичноста на идентитетите на корисниците на Твитер.