
Наградата за најдобар роман на наградите „Хуго“ во 2015 година ја доби кинескиот писател Лиу Циксин. Слика: кориците за првите две книги од трилогијата на Лиу.
Оваа година наградата за најдобар роман оди во рацете на поранешниот кинески иниженер Лиу Циксин и неговата книга „Трителесен проблем“ – прв дел од неговата трилогија.
Преведен од американскиот автор Кен Лиу, на овогодинешното доделување за првпат престижната награда е доделена на кинески автор и воедно и на азиски автор воопшто, и e првпат превод на дело да освои награда.
Книгата „Трителесен проблем“ е првично објавена како серијал во локално списание во 2006 година, и е приказна за инвазија на вонземјани за време на периодот на кинеската културна револуција, каде луѓето што се на страната на вонземјаните се отфрлени и се сметаат како непријатели на оние кои ја бранат човековата раса – со малку надворешна помош.
Иако квалитетот на пишувањето не беше оспорен од читателите, победата на Лиу не беше само за неговиот роман. Стриктно хомогена група на американски писатели и читатели направи заеднички напори да искриват резултатите од гласањето за да се задржи наградата во нивниот круг според политичките наклоности на самите автори. Но кампањата на „Збеснати кутриња“ им се удри од глава, кога нивниот промовиран кандиат и фаворит за наградата, Марко Клос, најави дека ја повлекува својата номинација за наградата и се дистанцира од истите кругови, што го постави Лиу како избор на гласачите.
小狗团体刷雨果奖的票没想到刷出来一个他们最不喜欢的结果,也挺讽刺的。虽然三体粉刷票和小狗团体刷法也差不多。顺便说我还是很讨厌在单纯的作品评选上搞政治正确。但小狗们确实玩过了。无论因为啥反正大陆作家确实第一次得到雨果奖,也算是个好事。
— virushuo (@virushuo) August 23, 2015
Многу е иронично што „Бригадата на кутриња“ се обиде да го намести гласањето на наградите „Хуго“ и завршија со помалку очекуван резултат. Со тоа на ум, немаше ни многу разлика во начинот на кој обожавателите на „Трителесен проблeм“ се обидоа да го преплават гласањето. Не поднесувам кога делата се судат стрикно според политичка корентност, но „Кутрињата“ овојпат навистина отидоа предалеку. Во секој случај, не може да е се толку лошо за првпат автор од копното на Кина да добие награда „Хуго“.
Во Кина интересот за „Трителесниот проблем“ беше помалку фокусиран на неуспехот на кампањата на „Кутрињата“ а повеќе кон филмската адаптација на книгата, која започна со продукција во март годинава. Фановите стравуваат дека домашната продукција нема да му го даде на филмот третманот на високобуџетен холивудски филм, што чуствуваат дека книгата го заслужува.
Авторот Лиу Циксин, кој исто така е и извршен продуцент на филмот, во повеќе интервјуа рече дека нема време да чека понуда од Холивуд затоа што најверојатно планетата ќе биде уништена од вонземјани во секој момент. Но, Лиу исто така посочи филмови како „Јапонија тоне“, чија понова преработка од 2006 година беше многу инфериорна во однос на оригиналниот филм од 1973 година кој е направен без компјутерски ефекти.
Новинарот и гласен фан на книгата „Трителесен проблем“, Мајкл Анти, вели дека ова е едноставно цената што треба да се плати за таквата интернционална признаеност на романот.
可惜雨果奖作品《三体》没来得及给好莱坞导演拍,给一个傻逼中国导演在糟蹋中 #获奖太迟的恶果
— Michael Anti (@mranti) August 23, 2015
Штета што книгата „Трителесен проблем“ не добри награда „Хуго’ наградата доволно брзо за да може да се потпише договор со холивудски режисер кој би го снимал филмот, и наместо тоа ќе биде упропастена од некој кинески режисер кој не го бива за ништо.
Режисерот на филмот е Жанг Фанфан кој ги откупи авторските права за трилогијата, уште во 2009 година кога Лиу го средуваше серијалот како пакет книги. Многумина се скептични околу тоа како ќе се покажат филмовите затоа што дадената продукција не се вбројува помеѓу најдобрите од оние кои кинескиот филмски сектор може да ги понуди.
Политички коректен парадокс
Наградата „Хуго“ најверојатно ќе донесе читатели вон заедницата на научна фантастика. Друг писател на научна фантастика, Баошу, се плаши дека критичарите ќе го уништат Лиу:
真心觉得大刘不容易,以前自己想写什么写什么,现在吸引太多人的注意,新作写出来如果不严谨给硬科幻迷骂,文笔没有逼格给文评家骂,塑造的女性不如意给女权骂,设想的未来不够普世价值给右派骂,太普世了也许根本出不了……要真想方方面面周全,就永远写不出新作了。
Ова го става Лиу во незавидна позиција. Претходно, тој можеше да пишува за сè што сака, но сега откако привлече толкаво внимание, ако науката во неговото следно дело не е совршена, ќе си го добие од своите сопствени фанови. Ако структурата не му е на место и како што треба, ќе го чуе тоа и од литературните критичари. Исто така може да има и проблем со феминистичките движења ако неговите женски ликови не ги исполнат очекувањата, и од либералите ако неговата замисла за иднината не е доволно либерална, но и да е би била премногу либерална не би ја имало… ако ги земе сите овие барања и очекувања предвид, нема веќе никогаш да напише нешто.
Кинеските читатели на научна фантастика, од кои повеќето не се фанови на политичката коректност, истакнаа дека начинот на кој расата и жените се претставени во „Трителесен проблем“ е веројатно поблиску до вкусовите на десничарските „Кутриња“ – одошто не е.
Но тука е и авторската естетика на која кинески режисер најверојатно би морал да остане верен – според писателот Стар Ривер:
@mranti 三体中的科幻颇有可观,作为小说就算了,充满对极权/威权的迷恋。很多科幻来自于对现实的绝望,不可避免有所设计,反映的也就是作者的三观。让孔二狗拍是合理的,属于配套工程吧。
— 星河舰队 (@Stariver) August 23, 2015
Научната фантастика во „Трителесен проблем“ е навистина импресивна, но како роман, низ книгата провејува тоталитаризам и авторитаризам. Поголемиот дел од научната фантастика произлегува од очај кон реалноста, од она што е неодмиливо како што е направено, рефлектирајќи ги вредностите и светогледот на самиот автор. Затоа е и прикладно (инвеститорот) Конг Ергоу да го направи филмот, тоа ќе биде дел од истиот проект.
即便刘慈欣的科幻有大量硬伤,剥离其中的三观、文艺部分,他的想象力依然超越同时代的汉语科幻作者甚多。极权对民众智力、想象力、表现力等多方面的剥夺,使中国现代中文创造长期处于极低水平。低劣是作者与受众的共谋,也是极权的烙印。
— 星河舰队 (@Stariver) August 23, 2015
Дури и со целата неверодостојна наука во научната фантастика на Лиу Циксин, настрана неговите вредности и книжевни вештини, неговата имагинција далеку ги надминува повеќето од современите кинески автори на научна фантастика. Авторитаризмот ги соголува луѓето кои поседуваат остроумост, имагинација, и способност да се изразиш себеси, и тоа долго ја држело литературата на модерен кинески јазик на многу ниско ниво. Инфериорноста е таен договор помеѓу авторот и публиката, а исто така и карактеристика на авторитаризмот.
Лиу Ди, дисидентот и писател на научна фантастика кој го користи псевдонимот „Стаорец од не'рѓосувачки челик“ додаде:
无节操猜想:三体第一部得奖是因为控诉了文革,后面两部不符合美国人的价值观,没戏
— 刘荻 (@liudimouse) August 23, 2015
Случајна шпекулација: првиот дел од трилогијата беше награден за одрекување од културната револуција, но тоа што последователните две книги не се вклопуваат во американските вредности, ги прави да немаат шанси за понатаму.
Вториот дел од трилогијата, „Црната шума“ беше објавен на англиски јазик месецов, а последниот дел е веќе во процес на преведување.
Неделава, Лиу Циксин на форум на Интернет, кој е популарен кај сегашните и претходни студентите од Универзитетот Цингуa, се заблагодари кажувајќи го следново:
最想感谢的还是本书的读者,感谢他们分享了我的想象世界,在《The Three Body Problem》和其后的两部续集中,展现了一个最糟的宇宙,但像其它的科幻小说一样,在其中人类是做为一个整体出现的,面对着共同的危机和挑战,面对着共同的未来。在宇宙中做为一个整体的而出现的人类,是科幻小说带给我们最珍贵的感受;事实上,在现实中人类也正在变为一个整体,这不用等到外星人到来,为此,科幻小说做出了微小但宝贵的努力。
Оние на кои би сакал најмногу да им се заблагодарам се моите читатели, со кои го споделив овој имагинарен свет. „Трителесен проблем“ заедно со следните две книги, го открија навидум најлошиот вид на универзум, но како што е случај во повеќето научнофантастични романи, луѓето во нив се здружуваат кога се соочени со заедничка закана и предизвик, и заедничка иднина. А здружувањето на луѓето како еден ентитет во универзумот е убавината што ни ја дава научната фантастика; впрочем во реалноста, луѓето се здружуваат заедно како едно во истиов момент, не треба да чекаме да се појават вонземјани за тоа.