Словенија во последните години станува попозната дестинација од кога и да е поради бројните привлечни места за одмор кои ги има, особено за Европејците. Идејата на Словенија да се насочи и да развие здравствен туризам е просперитетен успех, додека оваа мала држава сега има десетина природни спа центри и одморалишта за подобрување на здравјето.
Користејќи ја нејзината географска предност во однос на местото и климата, развојниот план на Словенија создаде едни од 15 најмодерни здравствени одморалишта под насловот „Преку природа до здравје“. Оваа кампања за спа туризам и донесе на Словенија голем број посетители кои се љубители на зелениот Медитерански брег.
Брегот на Словенија е долг само 46.6 километри, додека пак крајбрежните градови Пиран, Изола и Копар привлекуваат туристи со нивните автентични и средновековни градби. Корисниците од цела Европа и светот, кои се чини дека најмногу ги вчудоневиделе природните чуда во земјата, ова лето ги преполнија сајтовите на социјалните медиуми со топли поздрави. Една Фејсбук страница за спелеолошки ентузијасти споделува слики со туристи од прекрасните Шкоцјански пештери. Друга Фејсбук страница, посветена на летaта во Словенија, споделува слики на корисници од летни активности како што е на пример рафтинг.
Сепак, најпопуларна дестинација се чини дека е градот Блед:
Аластер Мавор, студент по историја од Лондон на Универзитетот Нотингем, за Блед вели:
Езерото Блед – прилично несовладливо! #slovenia #interail pic.twitter.com/YgPF4tMn5a
Друг Твитер корисник, медиумски професионалец и роден говорител во Словенија, @LenjaFPapp вели:
Магичен начин да ја завршиш твојата Недела! #MassageInNature #sLOVEnia pic.twitter.com/l7vquChnkk
— Лења Фарагуна. (@LenjaFPapp) August 4, 2013
Посетител од Австрија @StephDo_ објави живописна фотографија од езерото Блед:
беше прекрасен ден во #bled #slovenia #blue #lake #wonderful #summer2013 pic.twitter.com/SQkQUYmXNw
— StephDo (@StephDo_) August 4, 2013
Словенските езера се уште привлекуваат најголемо внимание на посетителите, но Словенија се чини има намера да го привлече вниманието на туристите и на другите места и активности што земјата има да ги понуди, а АБЦ Њуз тоа го нарекува одмор во срцето на Европа.