Полска: Партиите не се толку желни да го почитуваат новиот закон за полова застапеност
Со објавата на датумот на одржување на парламентарните избори во Полска, кои ќе се одржат на 9 октомври 2011 година, започна и дискусија за тоа дали полските политички партии ќе ги почитуваат новите правила воведени со Законот за полова застапеност кој што беше изгласан оваа година.
Според новите правила, секоја партија која ќе се бори за влез во парламентот мора да има најмалку 35% на жени на својата кандидатска листа. Иако ова не е најтешката обврска, за партиите изгледа е зачудувачки тешко да ја исполнат својата должност.
Истражувањето спроведено од ТОКФМ [полски], популарна радио станица и интернет портал, ја открива вистинската природа на половите политики на главните полски партии. Податоците покажуваат дека за време на парламентарните избори во 2007 година, од преку 6 000 кандидати, само 23% беа жени. Од трите партии кои имаа најголем број на жени на своите листи, ниедна не успеа да влезе во парламентот. Само една од 5 полски членови на парламентот е жена. Најшокантната бројка покажува дека од 107 градоначалници, само 4 се жени.
На крајот од минатата недела, поголемиот број на партии ги открија своите кандидатски листи. Блогерот Гоетз, кој ја покрива социјалната и политичка ситуација во Полска на Lewica.pl, полски левичарски портал, го напиша ова [полски] на 10 август:
[…] Денеска, имаме можност да ја набљудуваме имплементацијата на Законот за полова застапеност. И што гледаме? На хоризонтот, можеме да ја видиме непријатната појава на вообичаената поговорка „Полјакот може“. Бидејќи е вистина дека Полјаците ја имаат усовршено уметноста на избегнување на законите, вклучувајќи го и законот за застапеност кој им се приклучи на група други закони кои постојат само на хартија.
Изгледа стана навика за поголемиот број на партии да ги ставаат жените на пониските места на листите, со што практично се елиминираат нивните шанси да бидат избрани. На таканаречените „сигурни места“ жените се ретки, да не ги спомнувам [најгорните позиции на кандидатските листи]. Жените станаа, а требаше и да предвидиме, „пополнувачи“ на листи, ставени само да ги исполнат барањата на Законот за застапеност. Во некои случаи им беа дадени повисоки позиции само за да нè залажат, но обично од страна на партии кои немаат големи шанси за овогодинешните избори. […]
Еден друг напис на порталот Lewica.pl напишан од прекиел, тврди [полски]:
Партијата на Гжегож Напиералски [СЛД, левичарска партија], која беше прва да побара имплементација од страна на партиите, одлучи да го промени мислењето. И покрај тоа што не можеме да се жалиме за недостатокот на жени на листите, очигледно е дека не им беа дадени некои значајни позиции. Од 42 листи составени од СЛД, само на четири, жена беше ставена на правата позиција, што претставува само 10%. Непотизмот изгледа поважен од ветувањата направени порано, неспоменувајќи ги способностите на жените.
Блогерот козиолеквеб кој јасно тврди дека бил против законот од самиот почеток. Во неговиот напис насловен како „Бројот на градите мора да биде точен“ пишува [полски]:
Со секој ден сме сè поблиску до парламентарните избори. Овој пат ќе бидат одржани под абнормалното правило на Законот за застапеност кој осигурува 35% од местата за половото малцинство. Глупавоста на ова решение е уништувачка, но по скорешните настани ова станува уште поочигледно. Партиите не дадоа никаков напор во составувањето на листите. И ПиС [Закон и правда, десничарската партија на Јарослав Качински ] и ПО [Граѓанска платформа, владејачката партија] ставиле гради на листите. Морам да признаам дека и во двете партии има женски членови кои се професионалци (најголем дел од нив се членови на ПиС), но нема доволно за да ја исполнат обврската од 35%. Така што, партиите ги пополнуваат дупките со дами чии капацитети се повеќе од видливи кога доаѓа во предвид нивното деколте. Барем ПО не прави шоу од ова на начин на кој тоа го прави ПиС кога го промовираат нивниот лидер користејќи ги градите на некои од политичките домаќинки.
Бидејќи имплементацијата на Законот за застапеност не оди толку добро, можеби треба да го разгледаме подобро самиот закон кој предизвика голема дебата дури и пред да биде донесен. Предлог-законот, изработен од Конгресот на жени, „Полското најголемо неполитичко граѓанско движење, основано во 2009 година, кое се стреми кон еднакви права, можности и потенцијал на жените и мажите и во приватната и во јавната сфера“, дури и сега е причина за жестока дебата.
Многу полски блогери се спротивставуваат на Законот и ги критикуваат политичарите бидејќи го имаат имплементирано. Блогерот Стефанб напиша [полски] пред две недели:
Во една ваква ситуација сè е поврзано со кандидатските листи за претстојните избори, но кога зборуваме за „полава еднаквост“ тие [феминистите] исто така зборуваат за „еднаквост во професионална кариера, еднаков пристап до унапредување„ или дури „еднакви односи во семејството“. Ова се сферите во кои „феми-нацистите“ и „политички корегираните“ би сакале да бидат еднакви. Тие би сакале да бидат еднакви во миењето садови, чистењето, грижењето за децата, половина од времето жената ќе го прави ова, а другата половина мажот. За жал, се плашам дека овој закон ќе „успее“, со ова подразбирам дека тогаш ќе настане поголем хаос во државата од овој што го имаме сега.
Не се само мажите кои зборуваат против Законот за застапеност. На пример, блогерот Еваком пишува [полски]:
Сметам дека идејата за еднаквост во политиката не се однесува само на управување со правдата или со спроведување на еднаквоста. Очигледно е и не треба да зборуваме за да и партиите сфатат дека работата е многу поефективна кога луѓето на работното место се поразлични. Прашањето е дали жените навистина сакаат да се приклучат на политиката?
Еден друг блогер, кжиштофсиуда, се сомнева дали еден таков закон може да биде демократски оправдан, но сепак признава:
Од многуте мислења што ги слушнав произлегува дека жените за да успеат да се здобијат со легитимно место во политиката значи дека треба да направат поголеми напори од мажот, бидејќи тие се соочуваат со многу повеќе проблеми. Сметам дека има нешто тука. Можеби преку овој „лажен закон“ ќе успееме да постигнеме една нормална ситуација? Ако ова се случи, за неколку години нема да имаме потреба од ова лажно наметнување и сè ќе си биде на место, секој ќе биде подеднакво способен да учествува во политиката, без разлика на полот. Ќе видиме, времето ќе покаже…
Категории

Започни ја конверзацијата
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!