Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Тунис: Лансирана кампања за слободата на изразување

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Револуцијата во Тунис од 2011.

Информативниот портал Nawaat и IFEX-TMG (туниска Група за мониторинг на Меѓународната размена на слободата на изразување) започнаа кампања за слободата на изразување во Тунис, која останува под закана и покрај постигнатиот напредок во текот на минатата година.

Nawaat вака ја претстави кампањата:

À l’occasion de la Journée mondiale de la liberté de la presse et en soutien à la libre parole en Tunisie, une campagne publique en faveur de la liberté d’expression est lancée du 1er au 15 mai 2012. Cette campagne est menée par Nawaat et le Groupe d’observation de la Tunisie organisé par l’Échange international de la liberté d’expression (TMG de l’IFEX), une coalition de 21 membres de l’IFEX. Cette campagne est également soutenue par l’Union européenne et Oxfam Novib

По повод Светскиот ден на слободата на медиумите и во поддршка на слободата на говорот во Тунис, од 1ви до 15 мај 2012 започна јавна кампања за слободата на изразување. Оваа кампања ја води Nawaat и туниската Група за мониторинг организирана од Меѓународната размена на слобода на изразување, коалиција од 21 членови на МРСИ. Кампањата исто така е поддржана од Европската Унија и Оксфам Новиб.

„За цела една генерација, никогаш повеќе!“, фотографија составена од профил фотографии од туниски корисници на Твитер. Фотографија од Nawaat.org

Рекламни страници во туниските весници, постери на улиците и видео клипови во одбрана на слободата на изразување ја поддржуваат оваа иницијатива. Покрај тоа, беше објавена антологија насловена Зборови кои минуваат која собира статии, мислења и поеми напишани за време на владеењето на Зине Ел Абидине Бен Али. Кампањата исто така вклучува серија на обуки и работилници.

Кампањата започна 18 месеци по падот на Зине Ел Абидине Бен Али, долгогодишен непријател на слободата на изразување. За време на овие 18 месеци, се констатираше напредок. Тој вклучуваше нецензуриран пристап на интернет, појава на култура на протест, зголемување на бројот на медиуми и расцут на уметноста како на пример карикатурата, која доживеа бум по бегството на Бен Али.

Старите навики, сепак, се далеку од тоа да бидат искоренети. Во февруари, на пример, тројца новинари од арапскиот дневен весник Attounisia беа уапсени за објавување на фотографија од играч на Реал Мадрид, Сами Кедира со неговата гола девојка. А на 3 мај (Меѓународен ден на слободата на медиумите) суд во Тунис го казни со парична казна сопственикот на Nessma TV за емитирање на анимираниот француско-ирански филм Персеполис.

Индекс на цензура, член на МРСИ-ТГМ, искоментира :

Потребата од понатамошна работа во овој сектор беше истакната од Набил Каруи, директор на приватниот телевизиски канал Nessma TV осуден со парична казна за богохулие и нарушување на јавниот ред.

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Револуцијата во Тунис од 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.