Не постои ниту една, очигледна појдовна точка за бележење на алармантното и ескалирачко насилство врз недокументираните мигранти во Мексико. Но, истражување направено од граѓански медиуми дава фрагменти, кои ако се спојат заедно, создаваат болна серија на испреплетени раскажувања.
На 1ви август блогот еспациопердидо [шпански] објави напис кој започнува со делумна историографија на патување со воз во Мексико:
En 1999 cerro definitivamente la estación de ferrocarriles de Buenavista. Tiempo atrás se venían cerrando otras estaciones en distintas partes de la Republica. Con ello se cancelo definitivamente un logro de principios del siglo XX en Mexico: el transporte ferroviario de pasajeros. Actualmente solo quedan algunas rutas de carga…. Cargan mercancías, en forma de bienes y, desgraciadamente, de personas. Desde la frontera sur, en Ciudad Hidalgo, colindante con Guatemala, hasta las principales ciudades de la frontera norte, circula una de las mayores vergüenzas nacionales. La bestia o El tren de la muerte devore a miles de centro y sudamericanos. Viajan sobre los vagones, entre ellos y expuestos a todo, incluida la peor amenaza: el hombre.
Пишувајќи за новинарскиот веб-сајт за обични луѓе, баризона [шпански], блогерот, Едуардо Бараза, го расветлува понатаму случајот со застарените возови кои го минуваат овој опасен пат и патниците за кои не е сигурно дали ќе стигнат до својата дестинација.
Многу луѓе во САД кога зборуваат за нив гледаат со потценување нарекувајќи ги „илегалци“. Во срцето на Централна Америка, овие човечки суштества се едни од најподготвените, очајни, но сепак истрајни мажи и жени кои ги напуштаат своите осиромашени земји за да се снајдат во САД.
Во ситуација во која не можат да си дозволат друг вид на превоз, а и за да ги избегнат мексиканските пунктови за проверка на имигранти, илјадници граѓани на Централна Америка од држави како Ел Салвадор, Гватемала, Хондурас или Никарагва, во опасност, но храбро се качуваат одозгора на товарните возови во движење кои патуваат од Јужно Мексико кон многу северни дестинации покрај границата помеѓу Мексико и САД.
Фрапантно и двајцата блогери пишуваат наведувајќи ја не само блиската историја на регионот, туку, исто така и специфичните културни дела инспирирани од овие настани: документарен филм кој го добил името според злокобниот прекар даден на товарните возови од страна на мигрантите кои го ризикуваат својот живот и се качуваат на нив.
Филмот на Педро Ултрера, Ла Бестиа (Ѕверот), кој за прв пат беше прикажан во 2010 година, го прикажува патувањето на режисерот одозгора на вагоните со мигранти, снимајќи за културната архива, едно опасно патување помеѓу безброј други кои го прават ова секој ден, бедни и очајни мигранти кои бараат платена работа и подобра живот за нив и нивните семејства. Филмот дава визуелна претстава за настани кои продолжуваат да бидат не објавувани или недоволно покривани во традиционалните медиуми.
Режисерот има објавено трејлери од филмот на Јутјуб, на шпански и еден со англиски превод.
Документарниот филм бил снимен ова лето во градови покрај патот на „Paso a Paso hacia la Paz (Чекор по чекор кон мир) караванот, вклучувајќи голем број на недокументирани мигранти и членови на семејства, како и активисти за човекови права кои се борат против постојните кршења на правата на мигрантите, барајќи правда и правна заштита за оваа ранлива популација.
Одговорот на публиката, како што е прикажано на Твитер, бил позитивен и поддржувачки. Георгина Комбос (@Ginacobos) го најавила прикажувањето на филмот во мексиканскиот сенат:
Gran tarde con Pedro Ultreras que manana muestra #LaBestia al senado
Студент по комуникации на УНАМ, Џесика Рамирез (@Jey_21), ги охрабри оние кои ја следат да го гледаат филмот:
Todos deberiamos verlo, estara hasta el miercoles en la Cineteca. El director lo realizo con SU dinero y deberiamos apoyar #LaBestia
Барбара Кабело (@Barbara_106) ги искажува своите погледи во однос на филмот, а и на реалноста која тој ја документира:
#labestia en @cineteca nacional que buen documental, que triste que esto este en las entranas de Mexico y no se haga nada
Во „Мигрантите како мета на безбедносните регулативи“ блогерот и професор по антропологија, се осврнува на група мигранти кои биле киднапирани на 23 јуни додека се обидувале да дојдат во САД на товарен воз:
Она што надлежните не можат да го негираат е огромното страдање и ранливоста на мигрантите од Централна Америка кои минуваат низ Мексико. Без пари за да можат да си дозволат да платат полероси (шверцери на луѓе), а и за да ги избегнат контролните пунктови, илјадници се превезуваат одозгора или од страна на вагоните, каде што се изложени на дожд, екстремни температури, дехидрација и електрични жици. Многу од нив ги имаат изгубено своите екстремитети или животи како резултат на пад од возовите.
Патувајќи под земја, мигрантите се изложени на навреди, кражби, уцени, силување и смрт.
Дури и со толку силни докази од оние кои сакаат да ги ризикуваат своите животи на опасната „мигрантска патека“, потребен е еден поширок агол на гледање за да го претстави теророт во „Ѕверот“ во еден сериозен гео-политички контекст. Во истиот напис Кович го споменува случајот дека насилните операции кои имаат за цел да го блокираат поминувањето на мигранти преку границата помеѓу Мексико и САД, без разлика на степенот на човечкото страдање, скоро допреа и до јужната граница на Мексико.
Политиките за одвраќање почнаа да се применуваат и во јужните делови на Мексико, каде надлежните службеници за имиграција ги зголемија присилните стратегии, особено покрај Истхамус де Техуантепек, најмалата точка во Мексико. Оваа безбедносна стратегија е охрабрена од САД за да се спречи миграцијата од Централна Америка. Скоро, планот на САД за Мексико, уште познат како Иницијатива Мерида, овозможи значајно финансирање во Мексико, со назначената цел „безбедносна помош за создавање и имплементација на мерки за борба против наркотици, тероризам и гранични безбедносни мерки“. Како што забележа поранешниот помошник-секретар на САД, Томас Шанон во 2008 година: „Во некоја мера ние ја штитиме НАФТА“. Она што не го кажа, е дека во спроведувањето на ова, сиромашната и работничка класа на имигранти, помеѓу останатите групи, се оставени незаштитени од „оклопот“, па дури стануваат и мета на безбедносни мерки.
Во јуни оваа година, генералниот мексикански правобранител, Марисела Моралес, ја идентификуваше заштитата на јужната граница на Мексико како национално безбедносно прашање, изјавувајќи дека „нелегалниот проток на имигранти и стока кој постои и деликвентноста која ја генерира, бара зајакната институционална соработка со цел да се зголеми надзорот, безбедноста и почитта на човековите права“. Кович ги поврзува работите:
Ако недокументираните имигранти кои минуваат во регинот се дел од „нелегалниот проток на луѓе“, тогаш наместо да бидат предмет на почитување на човекови права, на нив се гледа како извор на деликвенција. Оваа рамка делумно ги објаснува акциите и неактивноста на владите на Мексико, САД и Централна Америка кои водат кон злоупотреба на човековите права на имигрантите. Овие влади, заедно со мултинационалните корпорации, ги креираат економските услови кои се причина за миграција. Насилните регулативи, вклучувајќи контролни пунктови на автопатите и покрај границата меѓу САД и Мексико, ги тера луѓето да патуваат во екстремно опасни услови, а креира и пазар за шверц со луѓе. За крај, неказнувањето продолжува во злоупотребување ако одговорните не бидат гонети.