Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Бахами: Последни мислења за изборите

Бахамците беа анкетирани во врска со државните избори кои ќе бидат во понеделник. Неполна недела пред да се случат изборите, блогерите постираа разни мислења поврзани со изборите.

Рик Лов, кој пишува за Weblog Bahamas, ги нарекува „интересно случување за Бахамската политика“, анализирајки ги, точка по точка, тврдењата на поранешниот Министер од Слободно Државно Движење  (обврската) кои велат дека Премиерот Хуберт Инграхам „не е за верување“.

Дали ова не е за верување или пак поголем дел од правилата функционираат на тој начин? Повеќе од 51% од СДД го поддржуваат г-н Инграхам, а ние не. Но, дали треба да го искажеме нашето незадоволство или да преминеме и да продолжиме понатаму?

Сето ова води кон едно прашање. Дали г-н Играхам и неговите поддржувачи чувствуваат дека не треба да веруваат на тимот Дупуч? Ако се навратиме наназад, се чини веродостојно.

Околностите и информациите ги променија перспективите. Знам дека мојата перспектива се промени со текот на годините и моето претчувство почна да се остварува, дека поголемата влада прави ситуацијата на граѓаните да биде полоша.

Како и да е, кога сме понижени треба да се издигнеме и да почнеме од почеток. Ако може да се каже јас ги излечив моите политички рани, и посакав да го трошам слободното време во учење, мислење и јавна политика и нудење на алтернативи кои можат да ја направат нашата држава поубаво место за живеење за денес и оние кои доаѓаат после нас.

Во меѓувреме, политичкиот блог на Бахамите известува дека новата политичка партија Демократска државна алијанса, којашто е на сцената, повикува на оставка на лидерот на опозицијата, лидерот на Прогресивната Либерална Партија, Персевал Пери Кристи, поради наводни врски со Бахамската нафтена компанија.

Додека блогерот од Веблог Бахами, Едвард Хатчесон се прашува „како би изгледала нацијата доколку беше направен друг избор во 1984“, Република Бахами изгледа дека е способна да даде „последни предвидувања“ во врска со изборите кои се наближуваат:

Како и до сега така и по изборите, Владата на Бахамите ќе биде иста. Ништо нема да се смени. Јас велам дека така треба. Но: Не велам дека СДД ќе победи, дека Хуберт Инграхам повторно ќе биде Премиер. Мислам на тоа која партија ќе има повеќе пратеници во Владата без разлика дали премиерот ќе биде Хуберт Инграхам, Пери Кристи или Бранвил Меккарти, политиките  пред нас, начинот на владеење нема да се смени многу.

Бахами, вие заслужувате подобро. Но, колку повеќе барате подобро, вие секогаш го добивате истото и пак истото.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.