Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Панама: Сиромашни, но не и заборавени – благодарение на видеата објавени на интернет

Коко Соло порано беше само една база на воената морнарица на САД во зоната на Панамскиот канал, во близина на Колон, Панама. Денес, Коко Соло е дом на едни од најсиромашните и најмаргинализирани Панамци.

Во 2008, Ројтерс објави сторија за „сиромаштијата и пропаѓањето“ во Коко Соло, каде што е роден Џон Мекејн (републиканскиот кандидат за претседател):

Мекејн е роден во 1936 година во Коко Соло, база на морнарицата на територијата на Панама раководена од САД, во која татко му беше офицер.

Сега, дечиња си играат покрај отворените одводни канали во градот, кој беше изграден околу базата, а големите куќи кои некогаш беа населени од американските семејства на службениците на морнарицата, сега се напуштени и прекриени со остатоци и отпад.

Млади дечки се шетаат наоколу топлес од досада, покажувајќи ги тетоважите од бандите, со кои се покажува бројот на луѓе кои тие ги убиле. Пределите кои некогаш биле спортски игралишта сега се израснати со тревишта.

Извештајот продолжува:

Панама постепено ја превзема контролата врз базата и остатокот од канал зоната по спогодбата со САД во 1977. Од тој момент, Коко Соло се претвори во огромен терминал за складирање познат под името Манзанило. Во 1999, Вашингтон ја предаде и последната панамска населба.

Но, и покрај оваа сторија од Ројтерс, многу малку се објавува за Коко Соло. Видеата што можат да се најдат на интернет се речиси единствениот начин на кој може да се види животот во оваа заедница на интернет.

Една од организациите која редовно поставува видеа за Коко Соло е Cambio Creativo („Креативна промена“),

едукативна платформа која промовира вештини за критичко размислување, посветеност и самоизразување преку процесот на размена на идеи и вештини. Обезбедуваме простор за взаемна размена, меѓу група ментори и студенти во Коко Соло (Колон, Панама). Секој месец, ментори од Колон, Панама и пошироко предводат интердисциплински работилници. Веруваме дека, преку стимулирање на знаење, креативност и позитивни искуства, учесниците ќе изнајдат алтернатива за нивниит социјален и економски развој.

Слика од веб-страната на Креативна промена, употребена со дозвола

Пред две години, коосновачот на Креативна промена, Роуз Кромвел, објави краток документарец за Коко Соло, снимен од режисерот Ерик Соусанин. Мариса Тревињо од веб-страната со вести Latina Lista сподели инсерт од документарецот и напиша:

Мажите, жените и децата кои живеат во Коко Соло се опишани како луѓе кои се откажале од животот во панамското општество, бидејќи се чуствуваат заборавени. Сепак, со краткиот документарец за маките на луѓето во Коко Соло може да бидеме сигурни дека тие не се заборавени и дека светот знае за нив.

Креативна промена работи со младите од оваа заедница преку различни работилници. Кромвел пишува блог за една работилница за фотографија, која се одржуваше во јануари 2012 година. Таа сподели видео со сесија на бура од идеи:

Фотографиите на студентите беа изложени и продадени преку онлајн галерија предводена од веб-страната на Креативна промена. Парите од продажбата на сликите одат директно кај младите уметници.

Можете да гледате повеќе видеа од работата со младите во Коко Соло на вработените и волонтерите во Креативна промена на Vimeo страната на Роуз Кромвел, вклучувајќи го и следниов час за „телесни перкусии“:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.