Јужна Кореја: Воведувањето на женски купеа наидува на отпор

Метрото е еден од најбрзите, најбезбедните и најпрактичните начини за превоз низ полните улици на Сеул, главниот град на Јужна Кореја. Земајќи го предвид порастот на сексуално малтретирање, особено во периодот на сообраќаен метеж како и доцна навечер, општинските власти во Сеул решија да се соочат со овој проблем преку воведување на купеа во метрото исклучиво наменети за жени. Ваквата одлука предизвика силна онлајн дебата.

На 20 јули 2011 година, градските власти во Сеул објавија дека, почнувајќи од септември, ќе воведат женски купеа во метро линијата број 2. Ако ваквиот чекор наиде на позитивни реакции од страна на граѓаните, ваквата иницијатива ќе се прошири и на другите линии.

Според локалниот извештај издаден од метро полицијата [корејски], во првите пет месеци од 2011 биле пријавени 550 случаи на сексуално злоставување, што е пораст од 22% споредено со претходната година. Друг локален извештај открива [корејски] дека бројката на сексуални злосторници за 2010 година изнесува 1,192.

Сомнежи помеѓу нетизените

Subway carriage, Seoul, South Korea. Image by Flickr user Matthew R Lloyd (CC BY-NC-ND 2.0).

Вагон во метро, Сеул, Јужна Кореја. Слика од корисиникот на Фликр- Метју Р Лојд (Криејтив Комонс Наведи извор-Некомерцијално-Без изведени дела 2.0).

Многумина меѓу нетизените, сомневајќи се во ефективноста на ваквата идеја, строго се спротивставија на новиот систем. Сео Јонг-уан (@a2n5) кој има онлајн продавница за женски обувки напишал на  Твитер [корејски]:

 

[…]전 지하철 타면 성추행으로 오해받을까봐 최대한 조심히타는데 이건 역차별일 수 있네요 그리고 출퇴근시간에 여성전용칸에 타려하는분이 많을까요??아니면 환승이 가까운 곳에 타는분이 많을까요??

Кога и да се возам во метрото, секогаш се трудам да бидам незабележителен и внимателен само за да не помислат дека сум еден од тие сексуални злосторници. Ова е обратна дискриминација. Сигурен сум дека за време на сообраќајниот метеж, жените ќе претпочитаат да седат во купеата чии излез е најблиску до другите линии отколку во женските купеа.

Кан Хиун-ју (@nymphtintin), студентка, напишала на Твитер [корејски]:

지하철 여성 전용칸은 진짜 무리수.노약자 임산부 전용좌석도 안지켜지는데.

Женските купеа се апсурдна замисла. Дури и веќе постоечките седишта наменети за изнемоштени и стари лица, лица со инвалидитет и бремени жени едвај да си ја вршат вистинската функција.

Ова не е прв пат ваква идеја за женски купеа да биде реализирана. Во 1992 год. слична иницијатива беше воведена на метро линијата број 1, но брзо беше повлечена откако луѓето не ги почитуваа правилата. Кога станува збор за зафатените студенти и работници, тие се повеќе загрижени да ја фатат правата линија отколку да влезат во правото купе.

Полова сегрегација

На еден од најактивните јавни форуми во Јужна Кореја, Даум агора, интернет корисникот RaphyRyu напиша [корејски] дека сегрегацијата воопшто не е решение против сексуалното злоставување:

여성전용칸의 시행 목적은 여성을 범죄로부터 보호하는 것일 겁니다. 그렇다면 여성에 대한 범죄를 예방하고 범죄자를 강력하게 처벌해야 할것이고, 이를 위해선 지하철 내 치안을 강화하고 처벌규정을 강화하는것이 옳은 일이라고 생각합니다 하지만 여성전용칸을 만들어 여성을 한 군데로 모아 격리시키는 것은 얼핏보면 범죄 자체를 원천적으로 방지한다고 볼 수 있습니다만 결국 문제를 해결할 능력이 없어서 문제로부터 도망치는 것밖에 안됩니다. 거꾸로 생각해서 여성전용칸이 아닌 다른 칸이나 여성전용칸을 시행하지 않은 시간대의 지하철을 탄 여성에 대한 보호는 전혀 고려하지 않은 제도지요.

Целта на воведувањето на женски купеа ќе биде да се заштитат жените од сексуално малтретирање. Тогаш ако навистина сакаат да ги заштитат жените, подобро ќе биде да го зајакнат обезбедувањето во метрото и да ги изменат постоечките закони со воведување на строги казни отколку да ги изолираат жените во една затворена просторија. На прв поглед новиот систем може да изгледа како „решавање на проблемот од корен“, но всушност овој систем е само „бегање од проблемот“ незнаејќи како да се справиме со него. Замислете си ја спротивната ситуација; жени се возат во обичните купеа или пак го користат метрото во часовите кога нема женски купеа. (Кога нешто ќе им се случи на жените во овие случаи) тие ќе бидат незаштитени.

Многу интернет корисници, меѓу кои и Мин-гун, нè потсети [корејски] на фијаското што се случи во 1997 година кога се покрена слична иницијатива која веднаш се покажа како неуспешна.

Мажите како потенцијални сексуални злосторници?

Интернет корисникот Грин ноут кој себеси се претставува како 20-годишен студент кој речиси секојдневно се вози во метрото пишува [корејски]:

집에서 나와 버스를 타고 잠실역에 도착하면 정말 사람 많습니다. 지하철을 타는 사람들이 길게 줄을 늘어서 있을 때 그 지하철을 타면 이런 생각이 먼저 듭니다. “오늘도 편하게 가기는 글렀군.” 왜냐하면 불필요한 신체접촉이 발생할 가능성이 농후하기 때문입니다. […] 여성 전용칸을 만들자고 하는 것에 찬성한다는 것 자체가 모든 남자들을 (성추행범으로 보지는 않더라도) “암묵적” 성추행범으로 보는 것입니다.

Излегувам од дома и фаќам автобус за да стасам до метро станицата Џамсил каде што секогаш има толпа луѓе. И кога ќе видам долга редица луѓе кои го чекаат возот си помислувам „Боже! Ова ќе биде едно неудобно патување“, затоа што помеѓу толкава гужва има големи шанси за несакани допири во текот на возењето. […] Идејата за женски купеа кажува дека на секој маж се гледа како на „потенцијален“ сексуален напаѓач.

Повеќето од онлајн реакциите во однос на новиот систем се негативни. Сепак, има и неколку луѓе кои го бранат новиот систем. Донг-хуин (@Beautiful_KWON) напиша на Твитер [корејски]:

[…] 가족이나 여친을 생각한다는 말은 결정적이다. 찬성에 한 표!!

Главниот аргумент на оние кои се за ваквиот систем е – „помислете на вашето семејство и девојки“. Ова е навистина добра одлука и јас би гласал за неа.

Претходно онлајн гласање [корејски] коешто се случи неколку недели пред градските власти да ја објават својата одлука покажува дека првично јужно корејските интернет корисници всушност ја сакале ваквата идеја, верувајќи дека таа може да биде од корист и за двата пола: жените ќе се чувствуваат побезбедно, додека пак мажите ќе го избегнат секое можно непотребно недоразбирање кое би произлегло од неизбежните и случајни физички контакти кои се секојдневие во преполното метро.

Слика каде е претставен метро воз во Сеул, од корисникот на Фликр hojusaram (Криејтив Комонс Наведи извор-Сподели под исти услови 2.0).

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.