На 19ти jули 2011 година, претседателот на Панама, Рикардо Мартинели, ја разлути Твитер заедницата. Како и обично, претседателот (@rmartinelli) започна со твитови за актуелните цели на владата и со исмејување на опозицијата. Фати да критикува [шпански] една статија објавена во дневниот весник Ла Пренса, каде што е истакнат долгот на Панама (37%) во споредба со долгот на САД (84%)
Sin argumentos, politicos neofitos y el diario del N0 a todo,no dicen que la relacion deuda pib es de 37% en Panama versus USA que es de 84%
Несомнено, новопечените политичари и секојдневното „НЕ на сè и сешто“ не кажуваат дека долгот изнесува 37% од БДП наспроти САД со 84%.
Подоцна, тој трпеливо одговори на неколку негативни коментари, иако се вознемири од вулгарноста на Осмар Нуњез (@osmaramed) кој го искритикува за зголемените животни трошоци во Панама. Твитот беше избришан, но можете да го видите на сликата подолу.
Претседателот на тоа одговори со „Почит, хп“ што предизвика контроверзии.
(Во Панама, буквите „хп“ имаат вулгарно значење, слично како „кучкин син“ на англиски).
Корисниците на Твитер веднаш реагираа и го креираа хештагот #respetahp каде најпрвин Панамците неуморно шпекулираа околу можните значења на буквите.
Алваро Матео (@alvaromateu) го посочи познатиот книжевен и филмски лик Хари Потер:
#RespetaHP Respeta Harry Potter
Хуан Хозе Кастиљо (@jjcastillo19) ги протолкува како алудирање на министерот Џими Пападимитриу:
#respetaHP quizo decir Hijo de Papadimitri @la_cascara
#respetaHP Сакал да каже син [Hijo] на Пападимитриу @la_cascara
Ерик Мануел Херера (@xMavErick17) ги зема предвид политичките фанатици и можната поврзаност со опозициската партија ДРП [шпански]:
@la_cascara respeta hambriento perredista. #RespetaHP
Некое време се шпекулираше дека профилот на претседателот бил пробиен, но никој од неговиот кабинет не го потврди тоа. Вистината е дека таа изјава исчезна и претседателот повторно напиша [шпански] дека луѓето избрзуваат со заклучоците бидејќи тој мислел на популарниот волшебник, Хари Потер.
Para todos los mal pensados hp es Harry Potter. Gracias
За сите вас цинични луѓе, хп значи Хари Потер. Ви благодарам.
Како реакција на одговорот на претседателот, Карлос Ернесто Риера (@CarlosErnestico) се запраша:
Eso es lo malo de Harry Potter por que le falto el respeto a nuestro presidente? #respetaHP
Кај Хари Потер не чини тоа што нема почит кон нашиот претседател? #respetaHP
Група Панамци ја креираа страната respetahp.com [шпански], каде луѓето наводно ќе го истураат гневот.
За некои, инцидентот е смешен, а пак други сметаат дека однесувањето на претседателот е непристојно. Корисникот на Твитер, Футбол Екстремо (@futbolextremo), смета дека претседателот не требал да одговори исто како @osmaramed:
Ese señor se pasò con el presidente pero no se debiò igualar,,, que pena!!!!
Човеков го претера со претседателот, но претседателот не требал да го даде истиот одговор… Срамота!!!
Нито Кортизо (@NitoCortizo), еден надежен кандидат за 2014, на својот профил изјави:
Los políticos tenemos q aprovechar las redes sociales para promover el debate de altura, recibir las ideas, criticas y consejos de todos.
Популарноста на корисникот кој беше навреден се зголеми од 20 на повеќе од 800 следбеници. На оваа тема уште доста ќе се зборува на социјалните мрежи наредните неколку дена.
Во меѓувреме, Панамците сè уште чекаат да го дознаат вистинското значење на изразот „почит, hp“.