Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Мапа која покажува што Јапонците навистина мислат за Европа

Nick Kapur's map of Japanese stereotypes based on Google autocomplete suggestions.

Мапата на Ник Капур за стереотипите на Јапонците направена врз основа на предлозите на Гугл за автоматско комплетирање на пребарувањето.

Ник Капур е професионален историчар со седиште во САД чија специјалност е Јапонија, и тој направи мапа со стереотипите на Јапонците за европските земји врз основа на предлозите на јапонската верзија на Гугл за автоматско комплетирање на пребарувањето.

Не сите земји од Европа беа споменати од автоматското комплетирање на јапонската верзија на Гугл:

Другар што се случило со мојата земја Словенија? :O Србија да му се сневиди хахаха ние не сме ни на мапата.

Пребарав за Словенија но за жал автоматското комплетирање не понуди резултати кои не се поврзани со туризам на јапонски.

Автоматското комплетирање на Гугл даде некои мистериозни резултати кои Капур ги вметна во мапата:

Зошто во Летонија не можат да јадат компири?

Да, и јас се збунив, но прочепкав малку и изгледа дека има некаква врска со „полска топка“.

Мапата на Капур е слична со друга мапа за чие создавање се користеа предлозите на Баиду, доминантниот интернет пребарувач во Кина, за да се довршат полунапишаните прашања за различните кинески провинции.

Мапа на Кина, според стереотипи:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.