Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Сирија:Опозицијата подготвува декларација во Анталија

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Протестите во Сирија 2011.

Само еден ден откако претседателот, Башар Асад, објави општо амнестирање за затворените политичари, група членови на опозицијата во Сирија се собра за да направи, како еден известува, таканаречена „мапа“ за мирна и демократска транзиција во Сирија. Групата во најголем дел опфаќа прогонети лица, вклучувајќи и членови на забранетото Муслиманско братство.

Сириско-американскиот академик, д-р Моха Каф, професор на Универзитетот во Арканзас, го пренесуваше настанот на Твитер кој се одржува во хотел во Анталија, Турција.

Претставници на Сирија присуствуваат на конференцијата во Анталија.

Доцна, во средата, за настанот таа напиша: „Анталија: Ова не е конференција на старата опозиција на твојот татко, нови групи се создаваат, млади лица, свежа енергија“.

Д-р Каф напиша на Твитер дека членови на состанокот ќе одржат еднодневен штрајк со глад како солидарност за нивните пријатели во Сирија.

Исто така, на Твитер, многу брзо @abulyas нагласи дека конференцијата не е конференција на опозицијата, забележувајќи дека:

„Конференцијата во Анталија не е конфернција на опозицијата. Таа донесе многу независни лица од Сирија обединети се цел ставање крај на режимот во Сирија“.

Иако, присутните на Конференцијата се обединети за својата причина, на конференцијата, сепак, имаше несогласувања. Д-р Каф била сведок на разговор во хотелското лоби:

„Помладата генерација која ја создава оваа револуција не се грижи за старите линии на различност“.

Статија на NOW! Lebanon бележи и поделба на млади и стари. Имаше и извештаи дека некои членови на опозицијата во Сирија одбиле да присуствуваат на Конференцијата, како и за тоа дека имало изразување на разочараност од некои сириски жители во земјата.

Но, додека конференцијата беше добро посетена, протестанти-поддржувачи на режимот успеаа да стигнат во Анталија, само на неколку километри од сириската граница, за да демонстрираат против состанокот на опозицијата. Но, како што истакна на Твитер репортер на СиЕнЕн, Ајван Вотсон:

„Заменикот шеф на полицијата во Анталија изјави дека стотици протестанти-поддржувачи на режимот се чуваат на дистанца од Конференцијата на опозицијата на Сирија“.

Учесниците на конференцијата ја подготвуваат декларацијата за да биде објавена на 1 јуни.

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Протестите во Сирија 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.