Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

САД: Протести за поддршка на правата на рабониците (видеа)

Низ САД, преку популарните социјални медиуми кружат новости за солидарноста за правата на работниците и за загриженоста за растурањето на синдикатот. Протестите во Висконсин за подобрување на буџетските сметки започнаа на 15 февруари 2011 год. како одговор на мерките на Републиканците за балансирање на проектираниот дефицит на државниот буџет од 3,6 милиони, преку намалување на бенефициите на државните работници и правата за колективно договарање.

Овој предлог го разгори движењето на луѓето против конзервативната агенда, онаа што во САД доведе до многу споредби со актуелните бунтови на Средниот Исток, а особено во Египет.

Од 20 февруари, демонстрантите 24 часа на ден кампуваат во и надвор од зградата Капитол во Висконсин. Следново видео од Стју Фајфи на Vimeo ги прикажува демонстрантите како ја пеат националната химна внатре во зградата Капитол на 21 февруари околу 10 часот вечерта.

По три недели протест, обезбедувањето на Капитол почна да презема остри мерки за демонстрантите кои спиеја во зградата и ограничи дополнителен јавен пристап.

На 28 февруари, Американската унија за граѓански слободи на Висконсин напиша писмо до Одделот на секретарот за администрација, Мајкл Хубш, нагласувајќи дека затворањето на државната куќа за јавноста е спротивно на уставот. Претставниците на демократите ги преместија надвор своите бироа со цел да можат да се сретнат со своите избирачи.

Демонстрантите продолжија да кампуваат на имотот на Капитол, место кое сега го нарекуваат “Walkerville.”  Следново видео од Стју Фајфи на Vimeo прикажува некои од демонстрантите веднаш по полноќ на 1 март 2011 год.

Уште една  видео снимка од демонстрантите, вклучува дело од Мет Висниевски, кое е погледнато од десетици илјади луѓе. Неговото видео ја покажува страста и високото ниво на енергија на демонстрантите во Висконсин.

http://www.youtube.com/watch?v=5TmSNPpzkWc

Национална поддршка

Правници, славни лица, активисти и организатори на синдикати низ целата земја се обединуваат со идеалите на протестите во Висконсин. Од Западниот до Источниот брег, па до Југозападниот, луѓето се вознемирени од мерките против синдикатот во Висконсин, и се организираат за да ги заштитат и сопствените земји од слична судбина.

Мериленд

Адвокати се состанаа во Анаполис, Мериленд, на 22 февруари 2011 год. за да ги изразат своите погледи во однос на последните настани против синдикатот во Висконсин. Портпаролите коментираа дека нема да дозволат рецесијата или буџетскиот дефицит да бидат употребени како оправдување за елиминација на колективната спогодба за права во нивната земја.

http://www.youtube.com/watch?v=NzSmxqya7fk[/embed]

Калифорнија

Асоцијацијата на медицинските сестри во Калифорнија организираше собир на 22 февруари 2011 год. на скалите на државната Капитол. Портпаролите изјавија дека неодамнешното законодавство против синдикатот во Висконсин беше напад на вредностите на работничката класа на Америка и сигнализираа на борба за демократија.

Тексас

Аустинитите се собраа на 26 февруари 2011 год и протестираа кај државната Капитол, каде харизматичниот Џим Хајтауер водеше дискусија за тоа како Вашингтон нема да ги спаси нив, дека останува на луѓето да ги решат своите проблеми и да се борат за самата идеја за Америка. Иста така, тој рече дека веќе не е доволно да се биде „прогресивен“, време е да се биде „агресивен“.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.