Во сенката на Светскиот куп: Солзи во Бразил, солзавец во Бахреин и трагедија во Катар

A young woman stages a lone protest against FIFA in front of the Maracana stadium after Belgium played Russia in their group stage match on June 22, 2014, despite a large security cordon designed to block such demonstrations against the 2014 World Cup. Photo by Marcelo Fonseca. Copyright Demotix.

Сама жена излезе на протест против ФИФА пред стадионот Маракана по мечот меѓу Белгија и Русија во групната фаза на 22 јуни, 2014, и покрај големиот безбедносен кордон создаден за да ги блокира ваквите демонстрации против Светскиот куп 2014. Слика од Марсело Фонсека. Авторски права Demotix.

Овој пост првенствено се појави на Pen American Center и е реобјавен со дозвола.

Како мене, можеби и вие се штипкавте за да проверите да не сонувате, по гледањето на понижувачкиот пораз на Бразил од Германија со 7-1 во полуфиналето на Светскиот куп. Но, тоа навистина се случи. Блогери од средна, источна и северна Африка ги изразија нивните симпатии, а еден бахреински твитерџија иронично забележа дека тимот на „солзавецот“ си заминува на „скандалозен начин.“ Со ова, мислејќи на владата на Бахреин, која го употребува бразилскиот солзавец за насилно да ги сопре протестите (предупредување: линковите содржат вознемирувачки сликовит материјал).

Бразил ќе добие минимум од 20 милиони долари за настапот на полуфиналето на Светскиот куп, но тимот се уште имаше шанса да добие дополнителни 2 милиони долари, ако ја победеше Холандија, која изгуби од Аргентина, во борбата за третото место. Овие пари можеби се длабоко потребни за да се направат промени во нивниот фудбалски состав. 

Протестите во земјата продолжија, но не со ист интензитет како на почетокот на турнирот. Некои 300 протестанти, побараа ослободување на претходните демонстранти, а полицијата одговори со апсење на уште шест. Повеќето фанови кои патуваат во Бразил, нема да чујат за baile funk (танцот фанк), бидејќи е забранет поради неговата популарност и неговите продорни звуци кои имитираат полициски сирени и истрели.

Фановите на Аргентина, во меѓувреме, можеа да слават, бидејќи имаа шанса да го гледаат нивниот тим како игра против Германија во финалето, каде Лајонел Меси, еден од најдобрите на сите времиња играше со срцекршачот Езекиел Лавеци покрај него во нападот. Лавеци привлече уште неколку фанови откако го соблече дресот за време на прославата на победата.

Со расизам, изгледа дека повеќе е помалку. Светското фудбалско тело ФИФА откри внатрешни поделби заради појава на расизам на турнирот. Одборот на ФИФА против расизмот не се согласи со стапувањето на сила на нивниот дисциплинарен панел и одби да ги казни националните федерации за расистички и хомофобични скандирања од страна на фановите, бидејќи фановите не се обраќале на ниту еден играч одделно, туку на цел тим. 

Подготовките за Светскиот куп 2022 во Катар веќе се нарушени со дојави дека 400 непалски и 700 индиски работници на градилиште починале во услови кои може да достигнат 122 степени фаренхајтови (50 целзиусови степени).

Сепак, еден професор по новинарсво во земјата, смета дека турнирот се уште треба да се одржи, бидејќи ќе изврши одржлив притисок врз Катар за да го подобри ставот кон почитување на човековите права. Тој, исто така, е ко-автор на една од најсовремените студии за социјалните ставови кон медиумите на Средниот Исток, која може да ја прочитате овде на овој фасцинанетен интерактивен веб-сајт. Неговото истражување, беше финансирано од катарска фондација, истата организација која е спонзор и на фудбалскиот тим ФЦ Барселона, дом на Лајонел Меси. И самата фондација, делумно е финансирана од владата на Катар. Се уште сте во тек? Вие пресудете. 

Спортските експерти често зборуваат за тоа како сакаат да гледаат добар фудбал со многу голови. На финалето навивавме за слободните идеи. Победи најдобриот тим.

Со дополнителни дојави од Cassandra da Costa.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.