Технологија за транспарентност: Конечен извештај

Мрежата Технологија за транспарентност со гордост го објавува конечниот извештај, Глобално мапирање на технологијата за транспарентност и отчетност.

Извештајот е издаден од Иницијативата за транспарентност и отчетност,(@TAInitiative), заедно со преку десетина други извештаи за глобалното движење за транспарентност. Извештајот се фокусира на три клучни области на истражување: Влијание и учење, Нови технологии и Политика на иновации.

Голема благодарност до Иницијативата за транспарентност и отчетност за поддршката на нашето работење, до нашиот прекрасен тим на истражувачи, и до Давид Сасаки, кој ја лансираше и управуваше почетната фаза на мрежата Технологија за транспарентност, која ја постави основата за овој извештај.

За извештајот

Кратка содржина

Извештајот содржи клучни наоди од над 100 прегледани проекти и од интервјуата на десетици практиканти во Централна и Источна Европа, Источна Азија, Латинска Америка, Средниот Исток и Северна Африка, Јужна Азија, Југоисточна Азија, земјите од поранешниот Советски сојуз и Супсахарска Африка, кои употребуваат нови технологии како средство за зголемување на транспарентноста и отчетноста. Ова резиме помага да се „опипа пулсот” на технологијата за транспарентност и отчетност и предлага постоечки можности за мерење на влијанието како и на важните ограничувања и предизвици.

За практикантите во рамките на транспарентноста и отчетноста, корисно е да се одреди поле за потенцијалот на проширувањето на технологијата кон иницијативите на транспарентност и отчетност на најмалку 4 начини:

  • Спроведување на проекти и интервенции.
  • Приближување на граѓаните кон процесот на донесување политика преку нови и подобрени канали на учество, како и надзор на граѓаните над владата.
  • Идентификување на приоритетите на политиката и одговор на предизвиците за испорака преку „мешање податоци” и други визуелни и информациски техники за манипулација како на владата така и на приватните сервиси за податоци.
  • Подобрување на ефикасноста на организациите на граѓанското општество кои работат на полето на транспарентноста и отчетноста преку усвојување на најдобрите практики за технолошки платформи.

Дополнителни наоди

Најголем дел од проектите кои ги проучувавме се фокусираат на извршните или правните гранки на владата. Помал број проекти се фокусираат на судската гранка, медиумите, приватниот сектор и донаторите.

Речиси половина од проектите се фокусираат на набљудување на изборите. Додека многу од нив употребуваат Ushahidi, некои имаат развиено сопствени пристапи, вклучувајќи прибирање на вести за изборите од повеќе извори  на единствен сајт и следење на извештаи на официјалните надгледувачи на изборите на  Google Maps.

Проектите во повеќе региони се фокусираат на транспарентност во законодавството, често следејќи ги законските сметки и поставувајќи профили за секој претставник кои вклучуваат биографии и гласачки записи. Некои вклучуваат и профили на политички партии или записи од законско трошење.

Визуализацијата на податоците и навигациските алатки се клучната карактеристика во повеќе од половина проекти кои што ги документиравме, бидејќи претставуваат различни форми на собирање податоци од граѓаните. Приближно една третина од проектите користат мобилни телефони на некој начин, најчесто дозволувајќи им на граѓаните да испратат или примат информација преку текстуална порака.

Што е следно?

Веб сајтот на Мрежата за технологија за транспарентност ќе остане отворен како место каде може да споделуваме проекти, алатки и идеи, како место за средба на успешни иницијативи и на оние кои сакаат да научат од работата на другите. Може да се пријавите на нашата листа за електронска пошта, да читате или придонесувате со специјализирани статии на Глобал Војсис онлајн и да не следите на Твитер (@techtransparent) и Фејсбук (Facebook). Оваа област само што почнува да се истакнува и со нетрпение очекуваме да помогнеме во поттикнување на глобалните напори преку соработка и комуникација преку границите.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.