Аргентинскиот фудбалер Езекиел Лавеци има доста следачи меѓу припадничките на понежниот пол

Second half of friendly match between Italy and Argentina

Енрике Лавеци ја шутира топката на пријателскиот натпревар помеѓу Италија и Аргентина. Фотографија од Giuseppe “Pino” Fama. Сите права се задржани, Demotix (14 август, 2013).

Светскиот куп буди страсти и уживање кај многуте кои го следат. Но во Аргентина, не е само љубовта кон играта која ги поткрева сите тие емоции — Аргентинската ѕвезда Eзекиел Лавеци, исто познат како „Почо“, создаде шокантен бран на женски фанови од моментот кога ја соблече неговата маица. 

Facebook страната, „Почо Лавеци да игра без маица“, веќе има 381.500 фанови од нејзиното креирање на  25 јуни, 2014. На профилот на Твитер на Лавеци (@PochoLavezzi), после секој од неговите твитови, обожавателките одговараат:

„Почо Лавеци го изимитира падот на Сабела и ги насмеа своите соиграчи!“ Не сум само загреана за него, ова е ЉУБОВ.

И како тоа да не е доволно, играчот веќе има свој cumbia (латински танц):

Што имаат мажите да кажат на ова? Страницата на Фејсбук, La Nueva, има една секвенца во изданието „Жените на Почо Лавеци“:

Y la verdad que el Pocho puede tener su pinta. Eso no se discute. Lo que se discute es la falta de clase: qué feas quedan las frases “te como todo”, “papito”, “mirá esos abdominales”…
Y ni hablar del mal gusto de “si el Pocho me mira, ¿sabés cómo largo al gordo?”, “mi marido tiene la misma plancha de ravioles (por los abdominales marcados) pero adentro”.
[…] Ya sabemos que somos menos deseados que el Pocho Lavezzi. Pero no hace falta que lo digan tan seguido, en voz tan alta y de manera tan grosera.

Вистина е дека Почо можеби изгледа добро. Тоа не може да се оспори. Она за што ние зборуваме е недостигот на класа: колку некултурни се коментарите како „ќе те изедам“, „маче“, „види ги овие мускули… И колку невкусно е да се чуе „ако Почо ме погледне, знаеш ли колку брзо ќе заминам [од сопругот?]“, „мојот сопруг ги има истите стомачни… но сокриени се.“
[…] Веќе знаеме дека сме помалку посакувани од Почо Лавеци, но не е потребно тоа да се истакнува толку често и да се кажува толку гласно и толку отворено.

Enough with the Sexism тврди дека нема разлика од она што го прават и мажите:

¡Pero cuánta hipocresía en los varones que se escandalizan ahora porque algunas mujeres miran más los abdominales y pectorales de los jugadores que sus performances deportivas! ¡Cuánto cinismo en todos los que señalan el doble discurso de las mujeres, tipo: “¿No era que estaba mal cosificar a las mujeres? ¿Por qué hacen lo mismo ustedes ahora?”
Ojo, tienen razón, la cosificación es degradante sea cual sea el género.
Pero pregunto: ¿cuántos de ellos, cuando sus amigos, familiares, colegas, cosificaban a mujeres, les dijeron lo mismo y les explicaron, como ahora explican a las mujeres Lavezzi-maniáticas, que cosificar es degradante?

Колку хипокритички е од мажите да бидат шокирани затоа што жените зјапаат во мускулите на фудбалерите наместо да ја гледаат нивната атлетска изведба! Колку цинично е од овие индивидуи да се повикуваат на двојните стандарди на жените, како: „Нели беше погрешно да се гледа на жените како на фигури? Зошто сега вие го правите истото?“ Слушајте ваму, тоа е точно, објектизирањето е понижувачко, без разлика на полот. Но, јас си го поставувам следново прашање: колку од истите тие мажи, ја изнесоа темата и јасно им објаснија на нивните пријатели, членови на семејството и колеги дека објективизирањето на жените е погрешно, на истиот начин како што им се презентира на жените опседнати со Лавеци денес?

Ќе ве оставиме со следнава слика да донесете сопствени заклучоци:

lavezzi instagram

Слика од профилот на Инстаграм на Почо Лавеци

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.