Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Не толку малата Италија во Буенос Аирес

Plaza Cortazar, en el bonaerense barrio de Palermo. Imagen en Flickr del usuario Omar Uran (CC BY 2.0).

Плоштадот Кортазар, во маалото Палермо во Буенос Аирес. Фотографија: Flickr/ Омар Уран / CC 2.0

Италијанската миграција во Аргентина е најголемото и најважното миграциско движење за јужноамериканските држави. Според некои проценки, околу 3 милиони италијански имигранти пристигнале во Аргентина во периодот помеѓу 1814 и 1970 година.

Италијанските имигранти брзо стануваат дел од аргентинското општество, но новите генерации развија еден вид носталгија кон родната земја и земаат пример од постарите генерации за повторно да ги вратат разновидните традиции и обичаи.

Постои опипливо „италијанство“ во едно маало во Буенос Аирес, каде се појавува Piccola Itaila (мала Италија):

[…] cinco cuadras que son un espacio gastronómico y cultural para compartir y expresar la italianidad. Sus impulsores ya imaginan el arco en la esquina de Arévalo y Gorriti, en el barrio porteño de Palermo.

La italianidad en la Argentina resulta difícil de definir porque logró distribuirse en toda la sociedad, porque es inasible y omnipresente. Está en las palabras entremezcladas con el lunfardo, está en el valor de la familia y los amigos, está en las recetas heredadas y argentinizadas, está en cada barrio porteño con los negocios de nombres italianos, está en los aperitivos, está en las Volturno para el café corto y fuerte. Está.

[…] пет улици кои се гастрономски и културен простор за споделување и изразување на италијанството. Нивните промотери веќе го замислуваат лакот на ќошот на Arévalo и Gorriti, во маалото Палермо во Буенос Аирес.

Италијанството во Аргентина е тешко да се дефинира бидејќи успеало да се прошири низ целото општество, затоа што е неопипливо и сеприсутно. Го пронаоѓаме во зборовите измешано со lunfardo, го пронаоѓаме во вредностите за фамилијата и пријателите, во наследените и аргентинизирани рецепти, во секоја од маалските продавници во Буенос Аирес со италијански имиња, во аперитивите, во Волтурното во јакото кафе. Тука е.

„Лунфардо“ е жаргонот кој првично се користел од работничката класа во Буенос Аирес и некои и термини подоцна се инкорпорирани во модерниот шпански јазик во Аргентина и Уругвај.

20 септември е посебен ден за италијанците, како во татковината така и во странство. На овој ден во 1870 година италијанските војски го комплетирале обединувањето на земјата со поразот врз папските држави под Папата Пиус IX. Во изминативе три години, во чест на овој настан, италијанските аргентинци во Буенос Аирес го подготвуваат и прославуваат фестивалот „Ал Денте!“.

На твитер, некои корисниците споделија слики од прославата во 2015.

Еве како го доживеавме фестивалот Ал Денте и „ArgNoticias“ кажува сè. Ве очекуваме и наредната година!

Вака го поминавме фестивалот Ал Денте.

Важна толпа. Неверојатен е успехот кој го постигнавме за три години.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.