Chequeado.com е првата онлајн платформа во Јужна Америка наменета за верификација на јавниот дискурс. Основана во 2010 од група на аргентински новинари и хостирана во Фондацијата Јавен Глас, проектот себеси се опишува како „непартиски веб сајт кој ги проверува изјавите на политичарите, креаторите на јавното мислење, бизнисмените, медиумите, и други институции.“
„Chequeado“ е дел од глобално движење за проверка на факти, работејќи по стратегија популаризирана во САД во 2003, кога беше лансирана веб страницата Factcheck.org, која го монитотираше јавниот дискурс во политиката и популарната култура од грешки, недоследности, и невистини.
Во говор даден во октомври 2013, Лаура Зомер, раководителот на Chequeado.com, ја опиша важноста на преиспитувањето на сите информации кои ги добиваме со цел „намалување на маргината на интелектуалната неказнивост“ која јавните личности често ја уживаат.
Los oficialistas nos acusan de opositores y los opositores de oficialistas. Menos mal, porque no vinimos a hacernos amigos de ellos, vinimos a crear una comunidad con vos. Creemos en averiguar los hechos y en que éstos priman sobre nuestros prejuicios y posiciones personales.
Поддржувачите на власта нè обвинуваат дека сме им опоненти, а опонентите [велат дека ние] сме поддржувачи на власта. Тоа ни одговара, бидејќи ние не сакаме да бидеме пријатели со ниту едни од нив — ние сме тука да создадеме заедница со вас. Ние веруваме во откривањето на фактите и дека тоа има предност пред нашите лични предрасуди и ставови.
Chequeado.com е независен проект на истражувачко новинарство кој е финансиран од стратегија на диверзификација на средства. Проектот има блог, страници на Фејсбук и Твитер, како и билтен.