Па, светот требаше да престане да постои минатата сабота, барем според некои религиски секти. Блогерите на Карибите напишаа за тоа како заблудата на еден човек влијаеше на регионот и даде смешен осврт на преживувањето на крајот на светот.
Блогерот од Јамајка, Stunner's Afflictions, беше … да речеме… стаписан да открие дека:
Верниците во 21 мај се толку убедени за оваа работа па дури организираа и масовна кампања, која резултираше со огромни билборди поставени низ цела Америка, па дури и овде во Јамајка! Има огромен број известувања на Гугл, а употребени се и други форми на електронски медиуми за да се пропагира ова неосновано предвидување.
Тој продолжува нагласувајќи ја иронијата во фактот дека:
Сепак, Кампинг и неговите следбеници, и покрај тоа што тврдат дека се следбеници на Господ, вршат целосно непочитување зборот на самиот Бог, според кој само Бог знае кога точно Тој ќе ја донесе својата пресуда за оние кои не успеале да му служат. Според Библијата, во неколку книги пишува дека само Господ знае кога ќе биде овој Голем ден.
Во меѓувреме, блогер од дијаспората на Јамајка, Grasshopper Eyes The Potomac, признава дека:
Ова е еден свет кој придонесува за настаните кои одговараат на последните денови…
Џоунс цитира: „обвинувањата против сега веќе поранешниот управен директор на Меѓународниот монетарен фонд” и случајот за „богат, бел, еврејски французин, високо почитуван во светот на финансиите и потенцијален кандидат за претседател на Франција, кој имал блиски односи со (според моја претпоставка) не многу имотна, црна муслиманка, со потекло од една од поранешните француски колонии, и со непознати политички аспирации”, да ja подвлече неговата точка, додаваа:
Секако, светот треба да остане каков што го знаеме, тогаш сите ќе имаме повеќе време и дејствија за да се помириме. Оние кои не сакаат да се соочат со утре нема да бидат многу среќни.
Guyana-Gyal, во една интересна објава, ги одговара сите важни прашања, „Зошто пиете денес, кога светот ќе заврши утре?”, потоа ги зема во предвид објаснувањата на нејзиниот брат за целата работа („човекот го прави ова за да ги исплаши луѓето, за тие да го продадат својот имот за евтини пари, па потоа тој да го купи”), заклучувајќи:
Тоа никогаш нема да функционира во Гвајана. Работите навистина стануваат тешки, како на пример сушите, но овие луѓе ги задржуваат високите цени!
Пишувајќи на блогот од Тринидад и Тобаго, Афија Реј од Outlish‘, оди до таму што вели „да не се критикуваат личните верувања на никој”. Спротивно на тоа, блогерот од дијаспората Trini Like Salt смета дека целата идеја е апсурдна и не се двоуми да се пошегува со целиот концепт, првин со ре-блогирање на оваа листа на работи кои треба да се направат по занесот кои се „чиста брилијантност“, а потоа со објавување на негови сопствени „забелешки“ на темата:
Гол сум и можам да летам! Занесот е прекрасен!
Можам да ја видам куќата на Сара Пејлин одовде!
Занесот ми прави гасови, човече. Или тоа можеби е заради онаа пица. Таа грешна, грешна пица.
Познатиот Фреди ми вели дека сите се хај, ДЈ пуштаат музика и ме спасуваат… или чекај, погрешен занес.
Дали спомнав дека летав гол?
Eeeeeeeeeeeee!
Низ поголем дел од регионот животот се одвиваше како и обично, како што Throwing Down the Water докажува во оваа објава:
Крајот на светот изгледа како изгрејсонце. Звучи како латински тапани на радио и бебе кое брка петел кај соседите. Мириса како кромид кој се пржи во кујната. Се чувствува како чисто ветре кое доаѓа од прозорецот и како прегратки од најдобрите пријатели. Има вкус на свеж сок од папаја, кој ни го лади грлото и ни ја гаси жедта.
Последниот ден не успеа да се оствари, а што се однесува до предвидувањето на Кампинг, Stunner го има последниот збор:
Кампинг и неговите следбеници докажаа кои се бидејќи веќе е 21 мај 2011 год. на половина од Земјината топка, а ништо не се случи досега. Но, Кампинг не е единствениот кој мисли дека може да го победи зборот на Господ со неговото претскажување, а нема да биде ниту последниот. Библијата предупредува за луѓе како него и тие се покажаа, погрешно наведувајќи многу други луѓе.