Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Рециклирање на модата

cordel

Клопче направено од искористена маица, една од многуте примени на старата облека. Слика од lomurella на Фликр (CC BY-NC-SA 2.0).

Оваа недела, Рут Абраин од Esturirafi сподели некои извонредни идеи кои ќе и помогнат на нашата економија и ќе го зголемат просторот во нашите плакари, дури и ќе им помогнат на луѓето на кои им е потребна помош, а и на планетата преку рециклирање на нашата искористена облека:

Durante años, he ido acumulando ropa que no usaba. La iba dejando en el montón de “ropa que no uso” y al final la acababa regalando o dejando en el fondo de un armario. Cuando fui a revisarla, me di cuenta que muchas de esas prendas estaban perfectamente y que sólo les había cogido manía, otras no me servían  y algunas estaban rotas o manchadas.

Со години складирам облека која повеќе не ја користам. Ја собирам во купот „облека која не ја носам“ и ја раздавам или ја оставам на дното на плакарот. Кога ја проверив, сфатив дека многу од облеката е во одлична форма, само што мене не ми се допаѓа. Останатиот дел повеќе не беа за користење и беа попуштиле или имаа дупки.

Според неа, најефикасните начини да се извлече максимумот од неа се: да се стави во контејнери за оние на кои им е потребна, да се донира или да се даде на пријател или роднина кој би ја сакал или пак да се преработи или да се искористи ткаенината за да се направат нови работи како торби или чаршафи.

За да прочитате повеќе за заштитата на животната средина, можете да ја следите Рут на нејзиниот блог Esturirafi и на Твитер.

Овој пост беше дел од десеттото #LunesDeBlogsGV (Понеделник на блогови на GV) на 7 јули, 2014.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.